КРИСТИЈАНО РОНАЛДО
Повреди 17-годишна девојка
Минатиот викенд во Лисабон, со оправдување дека ја штити својата мајка, португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо изгубил контрола и нападнал фотограф.
„Фотографот ме следеше од хотелот ’Риц‘ додека во автомобилот бев со мојата мајка. Не' снимаше цело време. Потерата многу ја вознемири мајка ми и морав да застанам да му речам на човекот да престане да не' малтретира“, изјавил Роналдо.
Роналдо го опоменал фотографот да престане да го следи со кршење на стаклото на вратата на автомобилот, при што полесно била повредена 17 - годишна девојка, која била во автомобилот. Таа го пријавила инцидентот во полицијата, како и фотографот.
„Жал ми е што се' заврши вака. Но, кога се работи за мајка ми, не бирам начин“, изјавил фудбалерот.
Роналдо наскоро би можел да добие и покана за суд, бидејќи во случајов се работи за уништување туѓа сопственост. Менаџерот на Роналдо изјавил дека тој бил жртва на папараците. |