БИЈОНСЕ
Неодолива на црвениот тепих
Бијонсе уште еднаш заблеска на црвениот тепих, со што им создаде мака на фотографите кои лежеа на подот под нејзините нозе само за да ги фотографираат подобро нејзините необични потпетици.
На доделувањето на наградите БЕТ, одржани во Лос Анџелес, се собраа светските имиња од шоу-бизнисот, кои му оддадоа почит на Мајкл Џексон. Црвениот тепих беше исполнет со гламурозни креации, но најголемо внимание привлече Бијонсе.
Облечена во кус шарен фустан „балмејн“, ја покажа и својата страст за необични чевли. Виолетовите чевли со високи потпетици и со сини ѕвончиња како украс многумина ги споредија со обетки.
За да му оддаде чест на кралот на попот, на крајот на вечерта ја запеа „Аве Марија“, а шарениот фустан го замени со бела венчаница. |