Број 3026  петок, 03 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

„Под исто сонце“ втор пат во Струга

Како дел од кампањата за мултиетнички вредности и поттикнување на меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија, в сабота, 4 јули, во Струга започнува вториот мултиетнички хепенинг.

Хепенингот ќе го отвори специјалниот претставник на ЕУ, Ерван Фуере, кој ќе промовира Водич за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Македонија.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со културата и традицијата на различните заедници.

Како завршница на хепенингот, присутните од 20 часот, па се' до полноќ ќе имаат можност да се забавуваат на голем концерт на кој ќе настапат Кирил Џајковски, Бени и „Нонстоп“, „Паркети“ и „Мајка бенд“.

Настанот го организира Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во рамките на проектот „Живеење во мултиетничка средина, граѓани со еднакви права, можности и заштита“, а е финансиран од Европската комисија. Влезот е слободен. (Јв.П.)


Статијата е прочитана 406 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Забава
На гости кај Кустурица
Мајкл Џексон дента пред да почине- Среќен сум, сакам вечно да настапувам!
Гостин во новиот спот на Каролина
Повреди 17-годишна девојка
Неодолива на црвениот тепих
Ги откри градите за Шанел
Пица од 12 квадратни метри