СКАJ ВИКЛЕР
Гостин во новиот спот на Каролина
Познатиот српски рапер Скај Виклер започна соработка со Каролина Гочева. Тој се јавува како продуцент, но и како дел од новиот спот на Каролина за песната „Крај“.
„Задоволен сум со соработката со Каролина и драго ми е што се одлучи на тој чекор, да проба да ја прошири својата публика со комбинација на аренби и поп. Слична работа направи и Ана Станиќ, со која соработував на нејзиниот последен албум и имав голем успех, така што мислам дека на луѓето ќе им се допадне она што ќе излезе од оваа соработка. Нема да застанеме на таа една песна, сигурен сум дека ќе снимиме уште неколку нумери, кои ќе се најдат на нејзиниот нов албум“, изјавил Скај, кој по заминувањето од Македонија се подготвува за продуцирање музика за српски филм.
Паралелно со сето тоа, Скај создава музика и за своите албуми. Тој ќе издаде три албуми. Интересен е фактот дека за третиот албум песните ги снимил само за два дена.
„Планирам до крајот на годината да ги издадам трите албуми. Првиот ќе биде ’Серија за Џорџ‘ на кој работев една година. Вториот ’Хип хопот не умре‘ која го направив во Охрид и третиот албум носи наслов ’Алиби‘ и него го снимив во Македонија, кој беше готов за само два дена“, изјавил Скај за српскиот весник „Блиц“. |