КИРА НАЈТЛИ
Ги откри градите за Шанел
Кира Најтли повторно е заштитно лице за парфемот на „Шанел“ - „коко мадмоазел“. По успешната минатогодишна соработка убавата артистка облечена во проѕирна кошула и само со капка од својот омилен парфем, повторно позираше за „Шанел“.
Кира е едноставна, класична и убава, се' она што треба да има едно заштитно лице на „Шанел“. Поради тие карактеристики, повторно е избрана за заштитно лице на парфемот кој, иако го купуваат и млади девојки, сепак, е наменет и за дами во зрели години. И покрај тоа, Лагерфелд со помош на својата муза и заштитно лице Кира, парфемот им го продава и на 25-годишни девојки. Изгледот на актерката за оваа реклама е приспособен на барањата на „Шанел“. Па, така, иако артистката е родена во 1985 година, во кампањата изгледа многу повозрасно. |