Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

ЕЈМИ ВАЈНХАУС

Сaтaната ја натерала да се дрогира

Проблематичната пејачка Ејми Вајнхаус повторно, по кратка пауза успеа, да им го предизвика вниманието на медиумите и тоа пак со скандал.

Предизвикана од лутината поради фактот што не и' одат на добро работите со новиот албум, Ејми признала дека самиот ѓавол ја натерал да почне да се дрогира се' поинтензивно. Пејачката, која интензивно работи на снимање на својот трет солистички албум, има сериозни проблеми со инспирацијата, што дополнително и' ја зголемува нервозата. Својата фрустрација успеала да ја искаже и на својата гитара вредна три илјади фунти, која буквално ја искршила на парчиња.

Огорчената Ејми потоа утврдила дека најголем виновник за нејзиниот моментален проблем е самиот ѓавол, кој ја натерал да посегне по дрога и со тоа да започне да се уништува самата.

Овој инцидент, кој се случил во едно музичко студио во западен Лондон, повторно го актуализирал прашањето за менталното здравје на Ејми Вајнхаус. Пејачката во почетокот на овој месец во неколку наврати се заканила дека ќе си го одземе животот со нож, бидејќи премногу и' недостасувал сопругот Блејк Филдер - Цивил, кој е во затвор на издржување на својата казна.


Статијата е прочитана 580 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Не ги сака парите на Мадона
Македонски градини по теркот на фенг-шуи
Град каде што традицијата и љубовта се под катанец
Музиката на поп-иконата ќе донесе половина милион евра