Број 3093  четврток, 24 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

За Македонците невработеноста проблем и во 2030

Тамара Грнчароска

Македонците остануваат најпозитивни во поглед на членството во ЕУ, покажа најновиот извештај на Евробарометарот објавен вчера. Од сите три земји-кандидати, Македонија, Хрватска и Турција, 64 проценти од македонските граѓани сметаа дека членството во Унијата е добра работа. Иако процентот е идентичен со оној од претходниот извештај на Евробарометар, Македонците остануваат најоптимисти и во значително поголем процент, во споредба со останатите две земји, очекуваат придобивки од зачленувањето во ЕУ, цели 74 проценти.

Истражувањето на јавното мислење во членките на ЕУ и земјите-кандидати Евробарометар кое се спроведува двапати годишно, покажало и дека земјава останува на врвот на листата држави според бројот на граѓани кои имаат позитивни чувства кон Унијата, со 59 проценти. Притоа, позитивниот аспект на ЕУ-испитаниците го гледаат во слободата на патување, студирање и работа во Европа. Но, спротивно на тоа, во македонската јавност присутно е чувството за неприфатеност од страна на ЕУ, со став дека Унијата не ги зема предвид нивниот глас и гласот на нашата земја, покажало испитувањето. И покрај намалениот оптимизам поради економската криза, и натаму сме поголеми оптимисти во однос на иднината на ЕУ со 74 проценти, додека само 64 проценти од жителите на ЕУ веруваат во нејзината иднина.

Граѓаните и натаму економската состојба и невработеноста ги сметаат за главни проблеми во земјата и веруваат дека тие ќе останат главни прашања, дури и во 2030 година. Следствено на тоа е и високиот процент на испитаници кои сметаат дека САД се најспособни да преземат мерки за справување со последиците од економската криза, потоа ЕУ, додека македонската Влада, во редоследот на способните да се справата со кризата, се наоѓа на третото место, пред ММФ и Г-20. Во државите-членки на ЕУ, анкетираните им дале предност на ЕУ и Г-20.

И кај Македонците, како и во другите земји, благо опаднала довербата на јавноста во националните институции, додека довербата во ЕУ и ОН забележала пораст.

Интересно е да се спомене дека 95 проценти од анкетираните во земјава, себеси се гледаат како жители на регионот, потоа како жители на нашата држава, 85 проценти, и значително помал број како Европејци - 53 проценти.

Анкетарите го извршија истражувањето со интервјуирање на вкупно 26,796 испитаници во членките на ЕУ и во земјите-кандидатки.


#
Статијата е прочитана 779 пати.

Испрати коментар

Од: Stradalnik
Датум: 19.09.2009 11:15:58
Taka ke bide koga vladata namesto da razmisluva da go namali brojot na nevraboteni preku razni olesnuvanja, parite gi trosi za spomenici, bisti, sportski sali i drugi gluposti. Na prazen stomak nikomu ne mu e nitu do kultura nitu da razonoda.

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Мирче Јовановски
Едиторијал
Нина Нинеска-Фиданоска
Мислења
Петар Арсовски
Мислења
Мимоза Ристова

Свет: фото сторија
Сиднеј прекриен со црвен прав
ЕЛЕМ ремонтира централи, езерото Матка се уништува