Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

„Партизанска“ - булевар на стравот


Само во изминатите шест месеци се случиле 41 незгода, а биле повредени 56 лица

Снежана Калабакова

Многумина кои дошле во Скопје рекле дека никаде не се вози полошо. Но, скопјани си знаат дека најлошо се вози на булеварот „Партизански одреди“. На оваа сообраќајница како да важат спротивни правила од пропишаните, па наместо на пешачките премини да чекаат автомобилите, стојат пешаците. Тие им даваат предност на оние што седат зад воланот, кои постојано брзаат некаде. Нивното невнимание е причина за честите сообраќајни несреќи во кои страдаат пешаци и тоа токму на обележаните пешачки премини. Само годинава во изминативе шест месеци се случиле 41 незгода, а биле повредени 56 лица.

Во сообраќајните билтени на полицијата на оваа сообраќајница стои забележано дека брзото возење е главна причина за несреќите. Ваквите немили настани се случуваат речиси и пред очите на Сообраќајната полиција, која многу често е присутна на булеварот. Оваа сообраќајница можеби треба да биде постојан предмет на анализа на сообраќајните инженери, кои треба да бараат можни решенија за заштита на пешаците.

Најголем дел од опасните преминувања од едната на другата страна на сообраќајницата се случуваат на потегот од зелениот пазар „Буњаковец“ до постојката кај „Симпо“. Токму на овој потег најчесто на пешачките премини страдаат прво пешаците, најчесто повозрасни лица, но и млади луѓе. Не ретко на налетот на брзината жртви се и велосипедистите кои се обидуваат да поминат од едната на другата страна на улицата. Брзото невнимателно возење се практикува и од споредните улички во Дебар Маало од каде што возилата се вклучуваат на „Партизански одреди“. И тука на тие делови пешаците треба да поминуваат внимателно.

Поради брзото возење по „Партизанска“, незгоди се случуваат речиси секој втор ден. Токму затоа овој булевар е улица на стравот, а секое невнимателно поминување на пешачките премини може да биде кобно. За возачите не важи правилото дека треба да застанат штом забележат дека стапнал пешак на пешачкиот премин.

Од МВР потврдуваат дека брзото возење на „Партизанска“ е причина за сообраќајните несреќи во повеќето случаи. Поради невнимание и брзо возење, во текот на 2009 година на булеварот „Партизански одреди“ се случиле 85 сообраќајни незгоди, а во нив пет лица го загубиле животот и 130 биле повредени. Заклучно со јуни годинава, се случиле 41 незгода во кои 56 лица биле повредени. А само во јуни биле евидентирани 10 сообраќајки, а 12 лица биле повредени.

Од СВР - Скопје објаснуваат дека освен по „Партизанска“, брзо се вози и по булевар „Едвард Кардељ“. Статистиката за мина��ата година покажува дека на оваа сообраќајница се случиле 44 сообраќајки во кои две лица загинале, а 66 биле повредени.


#
Статијата е прочитана 2904 пати.

Испрати коментар

Од: darko
Датум: 17.07.2010 00:11:00
od raskrsnicata kaj soborna crkva do raskrscnicata kaj agencija za mladi i sport ima 7 pesacki premini sto e premnogu za eden bulevar. ne mi e logicno vozilata da zastanuvaat na sekoi 20 metri. ako ima nekoj soobrakaen inzener neka se izjasni za toa prasanje
Од: vladimir
Датум: 17.07.2010 05:40:59
vo pravo e darko iiii segde vo svetot si postojat podzemni pesacki ali kaj nas bes enajbitno da se napravi zelenilo megu ulicata da tece necii procent tamo za odrzavanje na tie elkicki i drvca a sto e podreben podzemen pesacki enma veze
Од: Ace od Avstralija
Датум: 17.07.2010 08:42:35
Ako ovde nekoj napravi taka, go garancija ce odi vo zatvor. Ama vie tamu ce krivite partija,ili na nacionalna baza site bi se vadele i krivele sekogo, samo ne sami sebe. Sakate Nato, EU, dobar zivot, standard? Ako eve vakvi i uste 20-30 sitni slicni situacii ne znaete da gi resite normalno, kulturno i bez pritisok, a davate sansa na Balkanskiot mentalitet da si tera po svoe, da ne pravime muabet ponatamu.
Од: BRAVO
Датум: 17.07.2010 08:54:09
JAS KAKO VOZAC I PESAK SMETAM DEKA GLAvna pricina za nezgodite e zeleniloto vo zardinjerite.preglednosta e svedena na minimum, nitu vozacite mozat da gi vidat pesacite nitu pak pesacite vozilata.deka er toa taka potvrduvate vo napisot na koj poteg na bulervarot se sluceni najgolem broj na nezgodite, odnosno od soboren hram do simpo, kade sto ima visoki zbunovi. od simpo kon vlae ima samo treva i cvekinja preglednosta e dobra i nezgodi skoro i da nema. logicki se zaklucuva deka delot sto e pod ingerencii na OPSTINA KARPOS e mnogu pobezbeden od onoj na OPSTINA CENTAR. RESENIE IMA ZA SE, AKO NEKOJ SAKA DA GO NAJDE.
Од: skopjanec
Датум: 17.07.2010 09:15:32
Bulevar Partizanska stan pista za motorciite posebno vo nokno vreme. A vo edno i trkacka staza za tie sto doagaat od vnatresnosta. Za toa trenba na sekoj pesacki premin da ima semafor. So toa ke se namalat brzinite, a Partizanska ke bide mnogu po bezbeden za pesacite.
Од: сообраќаен инженер
Датум: 17.07.2010 09:21:23
Хаосот во македонските градови потекнува од исклучително лошиот Правилник за стандарди и нормативи за уредување на просторот, каде се дефинирани видовите на градски сообраќајници. Ако Партизански одреди е дел од основната сообраќајна мрежа - експресна сообраќајница, тогаш пешачките премини се решаваат вон ниво. Ако пак припаѓа на локална мрежа - собирна сообраќајница, треба да се превземат мерки за смирување на сообраќајот - проектни мерки за намалување на брзините на движење.
Од: Скопјанец
Датум: 17.07.2010 09:24:41
Кој будала го уредуваше зеленилото на Партизанска? Се става ли високо зеленило (па и жбуњасто) на местата за пешачки премин? Невозмозно е да се видат пешаците од страна на возачите и обратно. Но нема оправдување. Да не е истиот будала што ги постави гумените ленти за автобусите. Од тој што дозволил и потрошил народни пари нема по будала. А тука сме и ние граѓаните.
Од: mkd
Датум: 17.07.2010 09:27:11
Realno Partizanska e mnogu loso postavena.Prava e i treba da bide ekspresna soobrakajnica a ne maalska ulica kade ke se zapira na 50 metri.Vtoro koj sadel visoki sadnici pokraj pesackite premini.Nema logika da vozacite i pesacite ne se gledaat. Ovde treba da ima podzemni premini posebno na najfrekfentnite mesta kako kaj Soboren hram,Simpo... Nadzemni samo ke go ogrdat gradot. Kako i da e nesto ne e kako treba
Од: Bojan
Датум: 17.07.2010 10:13:06
Treba da se stavat semafori za pesaci sto ke se otvaraat kako zelen bran. Samo toa spasuva situacija
Од: jovan
Датум: 17.07.2010 10:45:38
Ne bi rekol. "Partizanska"stana "pesacka" zona. Na sekoj 50 metri ima pesacki premin, a sega(so "noviov zakon") mnogu pesaci si zele za pravo kaskaderski da ripaat pred vozila na pesacki bez predhodno da poglednat levo ili desno, pa "Partizanska" e uzas i strav za vozacite koj potoa ke odgovaraat deka udrile pesak na pesacki. Baska sto ova so pesackite premini e neekonomicno. Eden avtobus koj na sekoj 50 metri treba da koci i da propusta razni "setaci" so mobilen na uvo koj drzat cel soobrakaj zakocen zatoa sto "imaat" pravo da setaat po pesackiot, e ludost.Da ne spomenuvam kolku cini vo energija(a i pari)dvaesetina vozila da zakocat i povtorno da trgnat.Ne sum protiv pesacite, no ova e sega preterizam kako nekoj pesaci se ponasaat.Reseni e da ima semafori koj na sekoj 5-6 minuti ke moze pesacite sami da gi aktiviraat na pesackite premini.(kako vo London)
Од: Mitra
Датум: 17.07.2010 11:17:40
Tuka treba da se napravat nadzemni i podzemni premini, a ne kaj kretenskiot Vlajko so semafor na 20 m rastojanie.
Од: mene
Датум: 17.07.2010 12:36:25
Se slagam so Darko, mislam deka nikade na svetov nema grad so tolku mnogu pesacki i semafori, katastrofa! Covek ako da saka da bide sovesen i da pocituva pesacki premini treba da pojde najmalku eden saat porano za da stigne na vreme. Ada ne zborime za bitpazar kaj sto gi cekas da pominat, tie se vlecat kako creva a neretko i zastanuvaat na sred pesacki da se izguskaat i pomuabetat so nekoj poznanik! NEVIDENO vo svetski ramki !
Од: Игор
Датум: 17.07.2010 17:15:15
Каков е тој булевар со пешачки премини на секои 50 метри? Друго делот кај храмот каде што се врти лево накај влада: зошто е направена толку кратка лента за лево? Секогаш кога е гужва таа лента седи празна додека не се отвори семафорот затоа што тие што одат лево не можат воопшто да стигнат до неа од тие што одат право. Толку ли било философија да се предвиди дека ќе се случува ова знаејќи го новото на сообраќајот таму? Се се прави дилетантски и колку да се каже дека нешто се направило. Функционалноста не е важна.
Од: ne e bitno
Датум: 17.07.2010 18:31:39
Vo cela Evropa na takvi mesta ima tramvaj, vo Skopje zardinerii :) Tuku kakva e kulturata na narodot, a so toa i na vozacite, poarno sto tramvaj i nema. Zamislete avtomobil da zastane da ceka tramvajot da gi sobere patnicite pred nego...tesko toa vo Mk nekogas da go vidam..
Од: паталец
Датум: 17.07.2010 22:09:09
Од коментарите на повекето читатели (читај возачи) може само да констатираме дека несреки и сериозни инциденти,вклучувајки и прегазени пешаци на обележени премини и натаму ке се случуваат. За разлика на тврдењето дека пешачки премини на така мало растојание нема никаде, во повеке европски градови, брзите сообраќаници во густите и фреквентни со пешаци градски средини се изведени тунелски, под земја, без пешачки премини и пешаци, но сепак со ограничена брзина.Проверете!

Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Тамара Грнчароска
Поглед
Горан Адамовски
Мислења
Ден Дончев

Мел Гибсон
Бившата жена застана во негова одбрана