Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

„Павилјонот број 6“ на МНР

Тамара Грнчароска

Прославивме полнолетство како држава, ама дипломатијата уште ни е во трето одделение, второ полугодие. Без јасна стратегија што сакаме и на кој начин да се етаблираме на меѓународен план, со ад хок потези и одлуки за кои дома се делат ловорики, а надвор големи минуси, со невидливи амбасадори кои својот мандат го сфаќаат како годишен одмор со платен полн пансион, со парадна администрација позабележлива на улица „Македонија“ во центарот на Скопје, отколку по водењето на надворешната политика, македонската дипломатија сите овие години не успеа да се етаблира како здрав и силен инструмент на државната и на националната политика. Таа многу повеќе е лост на партиските штабови и нивните интереси и планови.

Ниту една власт досега не беше имуна на партиските влијанија во дипломатијата, најмногу преку именувањето свои истакнати членови за амбасадори, но врвот на невкусот македонската дипломатија го доживува сега кога партиското влијание, но и непотизмот, се симнаа до најниските ешалони во Министерството за надворешни работи. Професионализацијата на дипломатијата и почитувањето на минимум стандарди за неа, конечно, се закопани два метра под земја.

Ако порано се вчудоневидувавме кога за амбасадори беа именувани директори на јавни претпријатија, уметници, професори, но и партиски послушници, кои немаа ни „д“ од дипломатија и се срамевме од информациите дека македонски амбасадор возел во пијана состојба, не познавал странски јазик или се степал, сега може да почнеме да се крстиме и за кадровските решенија на луѓето кои се испраќаат во амбасадите како административци. Почетници кои во Министерството „одработиле“ едвај две-три години, на кои во нормални држави по толку работно искуство не би им дале „ни овци да чуваат“, кај нас се испраќаат како засилување во дипломатско-конзуларните претставништва, каде што пости огромна потреба од кадар, но искусен.

Ако порано испразнети амбасадорски места имавме поради неусогласени кандидатски листи меѓу Министерството т.е. Владата и претседателот, поради нивната различна политичка обоеност, сега кадровските решенија за амбасадори без проблем се усогласуваат - не во МНР, не во Владата или кај претседателот на државата, туку во штабот на владејачката партија.

Ако денес веќе не е спорно именувањето на обични собраниски службеници за амбасадори, тогаш станува спорно нивното неиспраќање на функцијата поради немање средства во државната каса, додека истовремено во амбасадите со дискреционо право на министерот се испраќаат „деца“ на испомош. За нив нема финансиска криза. Па, додека амбасадите во НАТО и во Атина ќе чекаат уште два-три месеци да им стигне амбасадорот, а Тирана и Анкара ќе чекаат барем до јануари, македонските дипломатски претставништва нема да мора да се грижат за тоа дали имаат нови луѓе, кои ќе му помагаат на амбасадорот. Тие веќе ќе бидат таму. По неколку такви „крукчиња“ од по неколку месеци, можеби и тие ќе станат амбасадори или барем советници во амбасадите.

Истовремено дипломати со повеќегодишно искуство и амбасадори од кариера чмаат во земјава, неискористени и заборавени од своите претпоставени во „Павилјонот број 6“ на МНР.

И додека јавноста ги слушна објасувањата на власта дека нема пари за амбасадорите, на мала врата во МНР се протнуваат педесетина нови вработувања. Но, и тие не биле нови, туку преку агенциите за привремено вработување таму се вдомиле пред една-две години, а сега само треба да им се регулира статусот. Пред една-две години слушавме објаснувања дека не се зголемува бројот на администрацијата со нови вработувања, вклучително и во МНР, а со тоа и побарувањата од буџетот за одржување на државната администрација, туку дека станува збор за привремени вработувања, за денес целата приказна да се сврти наопаку. Привремено вработените во МНР станаа трајно вработени, а трошоците во буџетот за нив се веќе вкалкулирани. Чисто како солза... Неопходните млади кадри вработени по партиска директива во МНР немаат време за чекање, ама македонската дипломатија и надворешна политика можат, барем додека не заврши и второто полугодие.


#
Статијата е прочитана 1540 пати.

Испрати коментар

Од: Тошо
Датум: 21.07.2010 00:15:51
Не е само во МНР таква ситуација со неискусни и некомпетентни кадри. Истата ситуација е и во другите министерства, агенции, дирекции.... Смешни кадровски решенија кои носат одлуки за цела држава.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 21.07.2010 04:22:14
Во овие матни времиња се спрема и елиминирање на неистомислениците ( читај оние кои немаат партиски книшки) со спремање на откази, испрачање со отпремнина или притисоци за давање откази со платени половина од платите до пензија...но на улица, за да има законска покриеност за вработувањата на партиските војници.
Од: vraboten vo MNR
Датум: 21.07.2010 09:42:56
Seto kazano stoi, no ima i nesto postrasno. Vo 2010 godina vo edna vazna drzavna institucija ima diplomati so status na politicki zatvorenci a za vlasta neistomislenici. Qeliite na politickite zatvorenici vo ramkite na MNR se vo Makosped na 4 sprat i se razbira i Tehnometal na 3 sprat. Jezivo i tragicno nikoj ne zboruva za ovoj zastrasuvacki fenomen. Sekako na prv pogled zvuci cudno no toa e vistinata. Draga avtorke te povikuvam da ja sledis ova pojava vo makedonskata diplomatija od koja se ocekuva da go odraboti clenstoto vo NATO i EU.
Од: Сите се експерти по дипломатија
Датум: 21.07.2010 12:16:39
Ех, Тамара. Зошто не си напишала кој тоа и каде го испратиле незаслужено, а кој од твоите требало да го пратат заслужено на негово место.
Од: vlajko
Датум: 21.07.2010 14:18:40
seto napisano stoi,zgora na se pazete vo dvort da ne vi nikne nekoja cudna trevka
Од: diplomat
Датум: 21.07.2010 16:02:55
Тамара па знаеме кој ти ги дава извештаите готови со текст а ти само да си ги објавиш, ама им се ближи крајот да знаат тие што се прават дипломати а фамилијарно се вработуваат во МНР за разлика од сега кога се вработуваат заслужни луѓе. И да дополнам дека постарите дипломати или дипломатите од времето на СДСМ и на СДСМ може да се видат на улица Македонија најчесто во периодот (цел ден)

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Кузман Јосифовски-Питу архитектот на македонската држава (3)
Охридските бродови закотвени цело лето?
Бившата жена застана во негова одбрана
Канабис, три за сто
Трнлив пат до бебе од епрувета
Дали ќе се стигне во пет минути до 12 во Брисел
Нова еврообврзница од 200 милиони евра?
Потврдени две години затвор за возачот на Тоше
Директорските фотелји поудобни од советничките
Цветанов сфати дека бил во заблуда
Карикатура
Таjна Америка
Стил
Грција штеди - ништо веќе не е како порано