Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Охридските бродови закотвени цело лето?

Бродарите се во паника, сезоната поминува и нема доволно време за технички преглед на исправноста на пловилата

Даниела Трпчевска

Четирите охридски брода летово би можеле да останат закотвени во пристаништето, а туристите да останат без една од најубавите атракции - прошетка по езерото и излет на Свети Наум доколку не се обезбеди неопходната документација и дозвола за превоз на патници. Во екот на туристичката сезона, охридските сопственици на бродовите

„Галеб“, „Александрија“, „Кристина“ и „Македонија“ во паника бараат излез од ситуацијата. Откако германската фирма „Лојд“ ја откажа соработката без да го направи редовниот преглед на исправноста на пловилата во езерото, нема доволно време за новоизбраното „Биро Веритас“ од Франција да ја издаде документацијата и бродовите повторно да запловат во екот на сезоната.

По вчерашната средба во Министерството за транспорт и врски, надлежните се растрчаа да изнајдат решение и колку-толку да ја спасат годинешната туристичка во македонскиот бисер. Во наредниве денови се најавуваат интензивни преговори од француското биро, со надеж нивните експерти што поскоро да дојдат во Охрид и да го одобрат испловувањето на бродовите. Доколку не се случи тоа, бродарите велат дека ќе им биде нанесена огромна штета, бидејќи преживуваат само од заработувачката за време на кусата летна сезона.

„Сите сме затечени од настанатата ситуација. Со „Биро Веритас“ планираме интензивна преписка со цел да се заврши техничкиот преглед што поскоро. Водиме преговори и околу цената, начинот на плаќање, но и термините кога нивни претставници ќе можат да дојдат во земјава и да ја издадат неопходната документација. Тоа сега е најважно“, вели Горан Устијановски, претседател на Здружението на бродарите.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека на средбата со бродарите им било укажано на законските обврски, кои се усогласени со законодавството на ЕУ. „Сопствениците на бродови мора да ги извршат потребните технички прегледи и да ја обезбедат соодветната документација за да превезуваат патници“, велат од Министерството.

Но, бродарите укажуваат на низа проблеми што им се наметнале годинава по откажувањето на соработката од страна на германски „Лојд“. Досега техничкиот преглед на бродовите секогаш се извршувал пред сезоната, со што бродовите навреме ја обезбедувале неопходната документација.

„По минатогодишната несреќа кога 15 бугарски туристи се удавија при потонувањето на бродот „Илинден“, беше јасно дека „Лојд“ повеќе нема да врши проверка на пловилата. Затоа надлежните требаа навреме да изберат нова фирма од регистарот со која ќе биде склучен договор за навреме да се завршат обврските“, коментираат бродарите.

Сега тие се доведени во ситуација да бараат од новата француска фирма, со која пред неколку дена беше склучен договор, што поскоро да им излезе во пресрет и да им ја издаде документацијата. „Но, се плашиме дека тоа нема да оди толку брзо. Можно е да им треба најмалку 15 до 20 дена за да направат технички преглед на бродовите, а дотогаш сезоната веќе ќе заврши“, коментира Устијановски.

Бродарите бараат да им се овозможи бугарска фирма за неколку дена да ги заврши проверките, но од Министерството за транспорт и врски се децидни дека ќе се сметаат за валидни само сертификати издадени од реномирани организации што се на листата на Европската комисија. На таа листа е француското „Биро Веритас“, но не и бугарската фирма на која инсистираат бродарите. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 814 пати.

Испрати коментар

Од: SPIRIDON
Датум: 21.07.2010 10:50:19
U narodo e poznata onaa " aman dosta me braneše".Pa i sea brodarite tražaet vladata i kapetanijata da ne e "zagrižena" za nijnoto kontroliranje i registriranje oti bole glava od cenata ili megju nas rečeno provizijata.Ne biva be Mile vaa rabota.Ostaj gi lugjeto sami da si najdat evropski kotirana firma.Ama trebalo na vreme.Ne vaka da se stavat u cajtnot.
Од: Јован АН
Датум: 21.07.2010 12:11:40
По случувањата со бродот “Илинден“ се прашувам кој “кој ќе биде тој маж“(б.ц.) што ќе дозволи бродовите да пловат без технички преглед?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Павилјонот број 6“ на МНР
Кузман Јосифовски-Питу архитектот на македонската држава (3)
Бившата жена застана во негова одбрана
Канабис, три за сто
Трнлив пат до бебе од епрувета
Дали ќе се стигне во пет минути до 12 во Брисел
Нова еврообврзница од 200 милиони евра?
Потврдени две години затвор за возачот на Тоше
Директорските фотелји поудобни од советничките
Цветанов сфати дека бил во заблуда
Карикатура
Таjна Америка
Стил
Грција штеди - ништо веќе не е како порано