Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Дали ќе се стигне во пет минути до 12 во Брисел

Власта сега е расположена да свика и вонредна седница на парламентот за Деловникот

Оливера Војновска

Власта цела година бегаше од измените на Деловникот, а сега е расположена да свика и вонредно заседание на парламентот за да го коригира овој собраниски акт. На истата седница би добила верификација и одлуката за формирање анкетна комисија, која треба да го истражува инцидентот од 1 јули. Надежите на владејачката партија се' дека со овој пакет ќе се поправи впечатокот за државата пред заседанието на Советот за стабилизација и асоцијација. Познавачите на состојбите на домашната политичка сцена и на односите со ЕУ се скептични дека сега може да се стори нешто за да се смени генералната перцепција во Брисел. Уверени се дека оцените за политичкиот напредок и за демократизацијата на земјата се веќе напишани.

Професорот на ФОН и долгогодишен амбасадор во Брисел, Нано Ружин, вели дека до него пристигнуваат сигнали кои не влеваат оптимизам во однос на исходот од состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација. „За жал, влезени сме во еден негативен тренд за евроинтеграциите. Моите сознанија се многу песимистички и не очекувам дека заклучоците ќе ни бидат наклонети. Убаво е што се прават напори со анкетната и со Деловникот, но ваквите потези се прилично задоцнети. Тоа ќе биде поздравено, но заклучоците се веќе напишани: од партизација на администрацијата до недостаток на политички дијалог. Секогаш се гледа општата слика, работите не може да се сменат за два дена. Власта прави системска грешка. Шест месеци ги поттурнува проблемите и сега одеднаш покажува интерес за нивно разрешување. Тоа не е стил на работа во ЕУ“, вели Ружин додавајќи дека навиките мора да се менуваат и да се покаже искрена посветеност во надминувањето на проблемите.

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Ивица Боцевски, вели дека Брисел ќе го нотира настанот, но и тој нагласува дека сликата за демократизација не се поправа со еден потег. „Неопходна е постојана и посветена работа за демократизација на државата. За жал, не се гледа таква посветеност. Туку напротив Македонија се враќа во најтемните периоди од транзицијата“, смета Боцевски. Притоа напомнува дека треба да се менува свеста. „Демократизацијата на земјата не треба да се прави поради поправање на оцената во Брисел, туку поради нас самите, како процес што ќе рефлектира со поквалитетен живот“, нагласува тој.

Власта и опозицијата и вчера со часови се координираа кај спикерот, Трајко Вељаноски. Овој пат се обидуваа да најдат формула како да го стокмат Деловникот во пет минути до 12 часот. СДСМ бара опозиција��а да има право да предлага по една точка на дневен ред на секоја седница и парламентарен механизам за контрола на трошењето на народните пари во владините институции. Владејачката партија се согласува опозицијата да има право да предложи точка на дневен ред, но само еднаш во текот на месецот. ВМРО-ДПМНЕ има резерва дали воспоставувањето парламентарен механизам за контрола на трошењето буџетски средства треба да се регулира со Деловникот или со други правни прописи.

Очекуваат опозицијата да покаже конструктивен пристап, бидејќи, како што велат, „доколку не се затвораат двете точки Македонија ризикува да добие негативен извештај на 27 јули во Брисел“. Во СДСМ тврдат дека нивна цел е да се дојде до договор за Деловникот, а не да опструираат.

Поранешниот претседател на Собранието, лидерот на НСДП - Тито Петковски, смета дека власта сака да ја подели одговорноста со опозицијата, за лошиот извештај од Брисел. За него формирањето анкетна комисија е чиста фарса, која треба да ги скрие лошите потези на Владата. „ ВМРО-ДПМНЕ сака по секоја цена да се подели одговорноста меѓу власта и опозицијата за недобивањето датум за почеток на преговори со ЕУ. Со анкетната комисија власта сака да го скрие и криминалот во РЕК ’Битола‘ каде што се проневерени околу седум милиони евра, да го стави во втор план донесувањето на измените на Законот за јавни набавки“, убеден е Петковски.

Завчера попладне СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, конечно, се договорија за составот на анкетната комисија. Доколку Собранието деновиве ја донесе одлуката за нејзиното основање, потоа таа треба да биде објавена во „Службен весник“. Од 1 август пратениците одат на одмор најмалку три недели. Па, во најдобра варијанта анкетната комисија би можела да почне да работи дури во почетокот на септември.


#
Статијата е прочитана 1521 пати.

Испрати коментар

Од: ??
Датум: 21.07.2010 08:15:19
Со се се согласувам: ние сме кандидат - и на нас лежи обврската да се прилагодуваме кон ЕУ. Но, ова што го гледам е веќе претеризам. Мазохизам! Време е и ЕУ да покаже какви придобивки би имале ние од приклучувањето. Јас конкретно сум заинтересиран да видам на кој начин ЕУ би ме заштитила мене и мојот (мал) народ во своите рамки. Не сум заинтересиран само за економијата. Таа можеби и подобро би се решила вака како што сме сега, на граница на ЕУ?! Значи време е ЕУ да покаже дека и се битни и ги почитува своите декларирани стандарди. Ако некаде има судири помеѓу некои стандарди на пр. солидарност помеѓу членките контра почитување на права на малцинства , баш ме занима ЕУ да направи приоритет. Што ќе стави на прво место? Мислам дека бев јасен!
Од: Alfred Tetzlaff
Датум: 21.07.2010 09:28:52
MKskite politicari se odnesuvaat kako da vodat protektorat,a ne nezavisna i suverena Drzava so vizii,zosto razdvizenost kaj niv ima samo pod megjunaroden pritisok-a toa voobicajno e karakteristika za protektorat,ni pomalku,nie poeke.Evropa poradi drugi globalni,opsto poznati predizvici zasega ne e vo sostojba da se zanimava so Balkanot i MK,inace dosega ke najdoa care i za nesposobnosta na Makedoncite sami da si gi resat problemite.Evropa dosega dosta iskusi so populistickiot pristap na MKskiot premier na smetka na Evropa i zaradi toa vo noemvri ke mu isporaca negativen izvestaj kako posledna opomena.Znaci zaludni se razgovorite za nov sobraniski delovnik!Simptomaticno e toa sto vo poslednite 2 meseci ni eden visok funkioner na EU ja poseti MK,no zatoa pak Kosovo (EU-pretsedatelot Van Rompuj n.p.),sto e znak deka MK e veke trgnata od dneven red vo EU.I toa go posakuvavte,neli?;-)Sto ke vi e Evropa,koga taa vi go zagrozuva standardot (a koj standard?) i identitetot (vo svetot:FYROM)?:-)
Од: dedo dimo
Датум: 21.07.2010 09:29:38
Vie ste site korumirani i kriminalci a takvi na EU ne i trebaat. Od parlamentot sve nadolu do Farmerite sve e za vo SIBIR a ne EU.Stram stve za site Makedonci niz SVETOV.
Од: DB - IM DOJDE KRAJOT
Датум: 21.07.2010 09:55:40
Bravo bre dedo dimo, dobro kazano...
Од: нате
Датум: 21.07.2010 10:14:28
Кој ќе гласа на следните избори за СДСМ и ДПМНЕ ќе си ја потцени својата интелегенција...
Од: Загрижени
Датум: 21.07.2010 10:31:49
Да ја сакавте Македонија и да сакавта да влезе во ЕУ во 1990 ке ја следевте Словенија и Хрватска ама ја браневте Србославија на Милошевиќ. Е сега касно е Грција го искористи тој вакуум.
Од: sirma vojvoda
Датум: 21.07.2010 11:50:12
se odi li so zingo vo eu bre??so nego se odi samo do srbija i toa preku tajnite pateki pokraj tabanovce kade uste stojat tragite od cisternite sto pominuvaa na crno negovi nosejki nafta kaj negoviot idol milosevic
Од: do ??
Датум: 21.07.2010 15:10:06
Ako sakas da doznaes poveke za EU i koi prava im se zagarantirani na nejzinite ziteli mozes slobodno da procitas na internet.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Павилјон��т број 6“ на МНР
Кузман Јосифовски-Питу архитектот на македонската држава (3)
Охридските бродови закотвени цело лето?
Бившата жена застана во негова одбрана
Канабис, три за сто
Трнлив пат до бебе од епрувета
Нова еврообврзница од 200 милиони евра?
Потврдени две години затвор за возачот на Тоше
Директорските фотелји поудобни од советничките
Цветанов сфати дека бил во заблуда
Карикатура
Таjна Америка
Стил
Грција штеди - ништо веќе не е како порано