Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Трнлив пат до бебе од епрувета

Се заоструваат условите за вештачко оплодување

Јасмина Јовановска


Брачните парови, кои по природен пат не можат да имаат деца, за да дојдат до бебе од епрувета ќе мора да минат низ трнливи патишта. Фондот за здравствено осигурување од први август воведува новини со кои се заоструваат условите за вештачко оплодување. Во Фондот ќе има стручна комисија што ќе проверува дали брачни парови ги исполнуваат условите за вештачко оплодување и дали ги имаат сите документи за тоа.

Место целата постапка од испитувања до одобрување и самиот чин на вештачко оплодување да се прават на едно место, односно во една здравствена установа како досега, сега брачните парови ќе мора да се прошетаат низ повеќе здравствени установи за да ги соберат потребните документи.

Постапката е таква што се тргнува од кај матичниот гинеколог, кој ќе треба да ги преупати на хормонски и други испитувања кај разни специјалисти што се потребни за да се потврди дека освен со вештачко оплодување, на друг начин брачниот пар не може да има дете. Добро е што овие испитувања ќе може да се прават со сини картони. По ова, брачните парови ќе мора да поднесат барање до комисијата во Фондот, која ќе ја формира директорот на Фондот и која ќе брои четворица лекари, еден што работи на вештачко оплодување, еден матичен гинеколог и двајца лекари контролори од Фондот.

Брачните парови ќе чекаат одговор со недели, зaшто засега нема дефиниран рок за колку време комисијата ќе треба да даде мислење за вештачко оплодување. Директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнарџиева-Змејкова, уверува дека во почетокот додека да се средат работите, комисијата ќе заседава два пати, а потоа еднаш неделно. Но, директорката не кажа колкав е рокот за одговор.

За првиот фондовец во правилникот за вештачко оплодување нема поголеми промени, освен негово квалитативно подобрување и појасно прецизирање на условите за вештачко оплодување. Па, така на вештачко оплодување брачните парови нема да може да одат ако пациентката претходно не успеала да забремени со четири едноподруго инсеменации, односно со дирекно вбризгување на спермата во жената, а сега може и со и без четири инсеменации. Инсеменециите се плаќаат приватно, а една чини околу 4.000 денари. Притоа за релевантни ќе се земат само оние кои се правени во земјава, зошто во правилникот стои инсеменации споведени во здравствени установи кои имаат дозвола за дејноста од Министерството за здравство. И натаму на товар на државата, вештачко оплодување се признава до три обиди, а ново е што меѓу постапките мора да има пауза од најмалку шест месеци. И натаму важи дека брачните парови имаат право на бебе од епрувета само еднаш.

Стручњаците сметат дека овој правилник е подобар од претходниот зашто сега повеќе ќе нема злоупотреби. „Со овој правилник нема да може да се протнат пациентки кај кои вештачкото оплодување може да биде ризик за неа и за плодот, пациентки кај кои шансите за успеси се мали, како и пациентки кои може да забременат на полесен и поевтин начин“, истакнува д-р Слободан Лазаревски од Клиничката болница „Систина“.

Со него се согласува и д-р Ванчо Оргнаџиски од ординацијата за вештачко оплодување „Органџиски“ од Штип, кој додаде дека со правилникот ќе се заштитат и пациентките и лекарите, зашто вештачкото оплодување не е само радост, туку може да донесе и компликации и болести.

Новиот правилник го поддржува и приватната болница „Ремедика“, чиј претставник д-р Зоран Петановски рече дека со ваучерите од стручната комисија, брачните парови сами ќе изберат болница каде што ќе одат да прават бебе од епрувета, а не како досега заради квотите на болниците да има проблеми и шетање на пацинетките од едно место на друго.

Дали има конфликт на интереси, бидејќи комисијата ќе ја формира директорот на Фондот, Парнарџиева-Змејкова не одговори зашто едноставно избега од прес-конференцијата.


#
Статијата е прочитана 1716 пати.

Испрати коментар

Од: Snezana
Датум: 21.07.2010 10:36:25
mnogu cudna odluka ,duri zaprepastuvacka,kako moze da se nosat vakvi odluki,koga makedonija se bori za zgolemuvanje na natalitetot,odluka koja ce bide pred se mnogu skapa za bracnite parovi,dali toa nekoj go zemal vo predvid za onie koi ne se od skopje,dali ova ne znaci diskriminacija na parovite od vnatresnosta,zamislete se malku pred da donesete takvi odluki
Од: kris
Датум: 21.07.2010 12:05:12
I za ova da ne treba kniska so lavce????? Nisto cudno.....

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Павилјонот број 6“ на МНР
Кузман Јосифовски-Питу архитектот на македонската држава (3)
Охридските бродови закотвени цело лето?
Бившата жена застана во негова одбрана
Канабис, три за сто
Дали ќе се стигне во пет минути до 12 во Брисел
Нова еврообврзница од 200 милиони евра?
Потврдени две години затвор за возачот на Тоше
Директорските фотелји поудобни од советничките
Цветанов сфати дека бил во заблуда
Карикатура
Таjна Америка
Стил
Грција штеди - ништо веќе не е како порано