Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Цветанов сфати дека бил во заблуда

Откако Ване Цветанов си поднесе оставка, од Владата тврдеа дека го разрешиле поради барањето на Антикорупциска

Александра М. Митевска


Оставката на Ване Цветанов од функцијата директор на Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам, иако ја изненади пошироката јавност, веројатно била очекуван потег за потесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, жестокоста во реториката со која Цветанов удри по Владата и по премиерот Никола Груевски ја шокира владејачката партија, која до неодамна повеќето кадровски промени ги изведуваше без многу бранувања, главно, со тивки оставки и ротирања на други позиции. Брзо потоа од Владата соопштија дека го разрешиле Цветанов, но не поради неговата оставка, туку врз основа на препораката од Антикорупциска комисија.

Кочанчанецот Цветанов, кој од 2006 година беше претставуван како една од ударните тупаници во битката против корупцијата и добро се вклопуваше во шемата на актуелната власт за млади и нови лица на високи и одговорни функции, вчера поднесе оставка.

Тој замина од директорската позиција, обвинувајќи ја власта за лицемерна политика и за незаинтересираност за борба со вистинскиот криминал, порачувајќи му на Груевски дека има подолг стаж од него во ВМРО-ДПМНЕ и извинувајќи им се на неговите блиски што ги довел во заблуда да гласаат за гарнитурата што моментно е на власт.

За опозицијата ваквите обвинувања се доказ дека Груевски и фамилијата свесно прават се' за Македонија да не стане членка на ЕУ и на НАТО, туку да остане сива зона во која ќе владеат криминалот и корупцијата на власта.

Досегашниот директор на Управата за спречување перење пари, кој подолго време јавно се конфронтираше со Комисијата за спречување на корупцијата, која го обвинуваше за нерегуларно работење и за ненаменско трошење пари, во оставката јасно посочува дека не заминува поради барањето на Антикорупциска за негово разрешување - поради 29 вработувања на неопределено време без одобрување од Министерството за финансии.

Владата подолго од еден месец молчеше за барањето на Антикорупциска, за вчера, неколку часа по објавувањето на оставката, да соопшти дека го разрешила Цветанов, врз основа на препораката на Антикорупциска комисија и оти на негово место за вршител на должност е поставен Владимир Атанасов, вработен во Управата. „Владата им порачува на сите граѓани, без разлика на нивната политичка, етничка или каква било друга припадност, дека доследно ќе ги почитува законите и прописите и оти ревносно и бескомпромисно ќе се бори против прекршувањето на законите и против криминалот и корупцијата“, се наведува во владиното соопштение.

„Мене ми е мирна совеста. Апсолутно сум на страна на правдата. Мене ме назначи Владата и јас ја почитувам“, изјави Цветанов за „Утрински весник“ кога Антикорупциска ја потврди иницијативата за негово разрешување.

За можноста Цветанов да биде сменет од директорската позиција, како што дознаваме, се разговарало и на последната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кога паднала и одлука за одземање на вишокот функции на партиските кадри низ општините, како вовед во потемелни кадровски поместувања во третиот ешалон на власта. Партиски извори велат дека ваквиот разговор стигнал до Цветанов, така што е прашање дали тој побрзал сам да замине од функцијата за да го оневозможи вмровското раководство да му изнуди оставка. Или неговата оставка и без тоа била прашање на време, со оглед на тоа што подолго време му биле заладени односите со премиерот Груевски, со кого претходно интензивно комуницирале.

Од ВМРО-ДПМНЕ официјално соопштија дека во петокот Груевски го информирал ИК на партијата: „Анализата и наодите на Државната комисија за спречување на корупцијата, во врска со случајот на Ване Цветанов, се издржани и се темелат на законските регулативи“. ИК потоа констатирал дека треба да се побара оставка од Цветанов, кому сопартијците од ВМРО-ДПМНЕ вчера му порачаа „мора да се соочи со фактот дека партиската книшка не му значи ништо ако ги прекршил законите“.

Цветанов, пак, во оставката самиот посочува дека комуникацијата со премиерот му била сведена на нула. Според него, проблемите почнале летото 2009 година, кога почнале да излегуваат на виделина резултатите од работењето на Управата со која досега раководеше, така што со обработката на случаите биле засегнати многу моќни структури, групи и интереси.

Во оставката на Цветанов е наведена целата хронологија на несогласувања меѓу него и Владата - отпуштањето на 20 вработени од Управата или кратењето на 40 проценти од кадрите, контролата на Државниот завод за ревизија, постапката во Антикорупциската комисија што финишираше со предлог до Владата за разрешување...

„Од Владата ми забележаа за промоцијата на прирачникот и за изјавата за медиумите и ми забранија какви било медиумски појавувања - да се заборавел случајот. Кој е виновен се крие, кој е прав се бори, па така за ова се побунив и побарав точката да се стави на Влада и, конечно, да се расчисти проблемот. По ова стигна непристоен предлог да дадам оставка, а во септември да добијам нова функција“, наведува Цветанов. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, демантираа дека вршеле притисоци врз Цветанов и дека му нуделе друга функција.

Социјалдемократите, кои пред околу два месецa бараа разрешување на Цветанов и на директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, поради наводи од Антикорупциската комисија, вчера, на прес-конференција оценија дека негативните ревизорски извештаи, криминалните јавни набавки, наместените тендери со огромни провизии, богатењето преку ноќ на истакнати функционери, стана заштитен знак на Владата, така што сега за криминалот говорат и луѓе поставени лично од Груевски.






#
Статијата е прочитана 3156 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 21.07.2010 00:08:05
I malo dete znae deka Vladava e zastitnik na krupniot kriminal i tranzicionite oligarsi.Cvetanov ne e slep a ne veruvam i deka e glup za da "kasno" go svati ova.Go znael i gledal ova celo vreme, no....izgleda nemozel nisto da promeni, pa kako i site nie, si molcel dodeka mu bilo dobro.Sega ke se obide da se ispazari za nekoe drugo mesto,i toa ti toa vo ovaa drzava. Lopovlukot ke si prodolzi. Samo ke se karaat(opozicija-vlada)koj da bide predvodnikot vo lopovlukot,pritoa izigravajki pred narodot spasiteli.
Од: Крт
Датум: 21.07.2010 00:16:17
Клопчето полека почна да се одмотува. Најпрво Боцевски,па портпаролот на фондот за здравство, ете ти го сега Цветанов. Ќе биде како во народната ,,Ајде ред се редат мале...На оваа апашка гарнитура и се гледа крајот.Сега, кога на виделина ќе излезе сиот валкан веш, има да засмрди на сите страни.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 21.07.2010 03:46:06
Мислат дека некој ќе им поверува? Па секогаш се први со вакви известувања, а кога некој друг ги лиферува информациите тие во демантот сешто измислуваат.Народот сепак веќе ги има прочитано.Им веруваат само партиските војничиња и властитутките.А во информациите од Цветанов има работа за Шврговски.
Од: Hari
Датум: 21.07.2010 07:30:52
Za najgolemiot kriminal vo Istorijata na MKD govorat i samite nivni lugje. DPMNE se raspagja vnatre, za sreca na narodot.
Од: од внукот на ДЕЛЧЕВ
Датум: 21.07.2010 08:14:56
Можеби сега е времето Груевски да се отараси од неговата заблуда со младите и недокажани кадри.Зборави на една цела категорија од средовечни и докажани кадри-се занесе со младинците кои небарем штафетата требаше да ја понесат.
Од: viki
Датум: 21.07.2010 08:39:04
cvetanov,docna se seti da bides eliot nes
Од: Grozdober
Датум: 21.07.2010 08:40:21
kako ovie od sdsm go branat A do vcera go napagjaa??? deka mozebi kaza dva tri losi zbora za vladata i OP odma ete covekot e prav, nastrana sto od nego baraa ostavka??? dvolichno licemerno i kako kaza i samiot Selmani neseriozno makar bilo i od sdsm!!! spored ova sto se gleda edvaj cekate nesto da se sluci za da svikate presskonferencija! namesto sudbinata sami da si ja kroite cekate demek na greski na protivnikot! Ako e taka kako sto veli vo svoeto soopstenie, zosto ne podnel ostavka pred komisijata da rasprava za negoviot slucaj??? Daj uozbilete se vaka ne se vodi politika, providni ste!!!
Од: Трпе
Датум: 21.07.2010 09:11:31
Какво е ова глумење,во редовите на владеачката партија ,одамна смрди.Но најмногу смрди од главата.Кога се ке биде откриено,касно ке биде.Но цехот го пакаше и ке го плака обичниот граганин.
Од: db
Датум: 21.07.2010 09:54:13
I sega, kade se "komentatorite" shto ja velicat Vladata da dadat svoj stav za "patriotite"? Ekonomska prerodba? Cena na parno? Tenderi? Cudno zoshto nikoj od niv ne zbori na ovie temi...
Од: gragjanin
Датум: 21.07.2010 10:13:26
Nemam respekt za navedenite vo tekstot trojca mladi lugje, koishto nasproti svpoeto obrazovanie, znaenje ne mozhea da i' odoleat na "drogata" sho se vika vlast. Posle....nje , nema kaenje. A voopshto ne mi lichat na glupi momci.
Од: Moris
Датум: 21.07.2010 10:20:50
Pa neznam sto e problemot so ovoj VANE i so javnosta.Vladata resila da go razresi isto kako sto resila da go postavi. Znaci covekot e razresen bidejki zaebal nesto vo sistemot na vladata. I sega se tepaat vo javnosta , a zaboirava VAne deka bez sekogo se moze i zaborava vladat deka vakvi smeni se pravat elegantno . Ajde so sreca na VANE oti toj ne e faktor iako ima zaslugi za vospostavuvawe na nova agencija na drzavata. A deka zaebal nesto zaebal vrv bese duelot na TV so Ilmi. Uzivav kolku nisko Vane se drzese i togaj se donese odluka da se trgne od funkcija..
Од: edikojsi kakio sekojsi
Датум: 21.07.2010 10:48:24
So deca mnogu rabot ne se rabotat, a ne pak drzava da se vodi. Ako stavase deca na pozicii, Grujovski barem da stavase deca sto znaat da ucat. Toj gi postavi poltornite, onie sto mu se ligavea okolu nego - sekterarkite, kafekuvarite, vozacite, obezbeduvanjeto (pola vlada e so takvi luge). Se otkaza od cesni i od sposobni luge, molceskum gi trgna od partijata - so niv i toj ke se odnesuvase poseriozno, a sega so ovie deca i toj detinski se odnesuva. A vremeto vrvi i narodo trpi...
Од: sale
Датум: 21.07.2010 11:23:20
A be vaka edno vreme bea Staninov, Daravelski, Lambe... gi ima milion vo VMRO. Krushata pod krusha padja i ovie ne se daleku. Za edno 5-6 godini ke zzievat po Srbija Bugarija .... Zzal mi e za "glupite" vojnici koi se raduvaat na maichki bez pari.
Од: Јован АН
Датум: 21.07.2010 11:45:08
Порано оние кои пратиите ги поставиле на некое раководно место “беа извисени“ формираа нови партии.Сега ако ги сменат ја олајаваат партијата која ги поставила!
Од: Lisamada
Датум: 21.07.2010 12:00:26
Од ВМРО-ДПМНЕ официјално соопштија дека во петокот Груевски го информирал ИК на партијата: „Анализата и наодите на Државната комисија за спречување на корупцијата, во врска со случајот на Ване Цветанов, се издржани и се темелат на законските регулативи“. ИК потоа констатирал дека треба да се побара оставка од Цветанов, кому сопартијците од ВМРО-ДПМНЕ вчера му порачаа „мора да се соочи со фактот дека партиската книшка не му значи ништо ако ги прекршил законите“ Pazete ve molam - Izvrsniot Komitet konstatiral i odlucil!!!??? Znaci ne vazat Ustavot i Zakonite, vazi samo toa sto Izvrsniot Komitet ke konstatira i sto ke odluci. Bravo be
Од: kris
Датум: 21.07.2010 12:03:59
Felix, kade si???? Kimov, oglasi se??? Sto pravi vasiot vozd??? Seci lenti i frla lopati???? Po toa i ke go pametime............Nazdravje Makedonijo, sama si gi glasase......
Од: JAS
Датум: 21.07.2010 13:01:23
Abe ovie pocnaa sami sebe da se napagaat i da se rasturaat..... Ajde cestito neka e .... Pobrzo da padnat....
Од: sakis
Датум: 21.07.2010 15:59:32
rabotava e 20 god.bezkorisna tranzicija i tapkanje vo mesto,i na nikoj od dosegasnite vladeacki garnituri sto se promenija ama bas ic ne mu e gajle za narodot antikorupciska komisija i direkcija za sprecuvanje na pari (prvo bratucedi) da ti pukni dusata toa sto ne se prcelo ne se kozi

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Павилјонот број 6“ на МНР
Кузман Јосифовски-Питу архитектот на македонската држава (3)
Охридските бродови закотвени цело лето?
Бившата жена застана во негова одбрана
Канабис, три за сто
Трнлив пат до бебе од епрувета
Дали ќе се стигне во пет минути до 12 во Брисел
Нова еврообврзница од 200 милиони евра?
Потврдени две години затвор за возачот на Тоше
Директорските фотелји поудобни од советничките
Карикатура
Таjна Америка
Стил
Грција штеди - ништо веќе не е како порано