Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Поглед

Канабис, три за сто

Горан Адамовски

„Ајде канабис, специјална летна понуда. Олабавува: три за сто, ајде народе, навали“. Вака приближно би гласел овогодишниот хит на пазарите низ земјава. Препродавачите или тезгаџиите можат да направат вносен бизнис со растението од кое се прави марихуана.

Трошоци за бизнисот нема, бидејќи канабисот (всушност, див) го има секаде: зад зграда во центарот на Скопје, крај градинка во Битола, на поле со компири, до пат... Дивиот коноп сам си расте, не му треба многу внимание како на негуваниот канабис, а потоа, сепак, од него ќе се заработува некој денар.

Замислете само како ќе бидат среќни фановите на „марата“ во земјава. Ќе си пазарат на раат, а и сите ќе бидат олабавени. Ќе си живееме во наш филм. Се' ќе ни биде „хај“.

А, може и туризмот да ни процвета. На пример, на Си-Ен-Ен, кога ќе се врти рекламата за убавините на нашата земја - ќе стои слоганот: „Македонија - вечна и олабавена“.

Турите што ќе се прават низ Македонија, покрај стотиците споменици низ Скопје, најзадолжително ќе минуваат преку оазите каде што „со ништо предизвикан“ никнува канабисот.

Арно ама, среде прошетката ќе дојде полицијата и во молневита акција ќе утврди кој е за „сините“, а кој за „црвените“.

„Ти стоиш до канабисот, значи, ти го одгледуваш“, ќе им рече на противничките навивачи.

„Само олабавено“, ќе се правдаат тие, несвесни што ги снашло.

Ние, пак, ќе стоиме отстрана и ќе се мајтапиме.

„Море, да даде Господ да му никне канабис на комшијата“, ќе им дофрламе оддалеку, горди на уште една успешна акција на нашата полиција.


#
Статијата е прочитана 2777 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 21.07.2010 00:33:53
Покрај сите бизниси ,кои ги има нашиот пропаганден пастир,се уплашил од Дуле да не му го превземе бизнисот со коноп(дрога).Па нели тој е батка Ѓоргија,што виде убаво се сака да е негово.
Од: boki
Датум: 21.07.2010 01:00:48
Mislam deka e sramota ovoj mediumski pritisok za osloboduvanje na mlekarot.... mozebi treba da se zaprasete kako vo vasiot dvor ne porasnat 200 "divi" konopi..... mozebi i go gonat poradi zboruvanjeto protiv vladata no sepak koj sto si sadi na nivata toa treba da si znee
Од: "vodolija"
Датум: 21.07.2010 01:23:15
Goran ,nisto nerazbrav od tvojot dopis,kako na MAJTAP da si napisal.Novinar si, zapamti gospodine,cetvrti den komentiram na ova tema. Ova tema Goran ne e za podsmev, ovaa tema, e mafijaska proektirana zadaca, koja ako ne se izvede prema proektot, sleduva gubenje na golema kolicina pari ,a sto e i naj bitno se gubat covecki glavi, veruvam deka nemas golemo iskustvo na ovaa tema, pa si pravis burleski vo pisuvanjeto !? Zapamti TI, kako i site citateli i komentatori, ako se utvrdi deka kanabisot e div, togas ,glavata na Jankulovska, na Gruevski, odnosno na nivnite naj bliski VEKE SE VO OPASNOST!? Nemora toa da se sluci za 24/7 casa vo sedmicata , no kogas- togas ke se sluci!!!Neka se zapampi ova!!! Go pisuvam ova od ISKUSTVO,sum rabotel za drzavata, poveke od edna decenija na ova tema, i sum imal golemi uspesi vo otkrivanjeto na proizvogjacite, no gi znam i posledicite, Jankulovska i Gruevski se TABULA RAZA za ovaa tema. Oni nemozat da bidat vecito na vlast, TOA E ISTINATA !?
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 21.07.2010 03:40:13
Оваа акција на министерката за партиски работи, само потврдува дека имаме партиска држава со партизирани институции и акција според писмото до комитетите - ДА СЕ РАСЧИСТИ СО НЕПРИЈАТЕЛИТЕ...Даали ќе ни се случи војна помеѓу белата и црвената роза...Да не заборавиме...срогодичната војна... А за судот../та за него се има изјаснето селиот народ...недативно и тоа најмногу од сите опстанати институции.Почнува реваншизмот?
Од: Of Lele
Датум: 21.07.2010 05:28:29
Dva deni citam vo vecer deka Konopljeto-Lanot e najden vo Niva so Krompir-Kompiri-Krtoli-Potatoes-Zemljaci, a vecerva citam,vo Vecer; Se toa e najdeno vo Dvorot-vo Avlijata na Farmerot..Kako pocnaa ovie ,,Novinari" od Vecer mozebi utre ce ni kazat Konopljeto go nasle vo Jorganot na Farmerot!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 21.07.2010 08:12:07
Сè повеќе верувам дека се работи за масовно пушење на побрљавкава!Како поинаку да се протолкува „лидерската“популарност,која се граничи со чобан...пардон пастирство,во услови кога сме најсреќно овоземно небесно царство?!Поантички,дури и од Антиката!Први по невработеност, „први“во „економијата“, „лидери“ во регионот,со највисоки (надгробни) споменици,со најмонументални грандиозни глупости...Кај нас рецесијата ниту припари,ниту пројде!За неа воопшто немаше заинтересирани на нашиве простори!Имаме и најголем број „економски“зони (на самракот),но и најубав Луна Парк во Светот!Сè на сè,разбира се: Ние сме (бело)светско Чудо невидено!Холандези навалете на Ганџа!Ма,неее... не на Бит-пазар,туку во полиција...целата ја собраа!Сега,веќе прети опасност наркобизнисот да пропадне!Целиот се распаѓа,во рецесија е!Банкротираа!Кутрите наркодилери,немаат веќе што да продаваат!Ма,овде дилери веќе Јок-Само врвна политика!
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 21.07.2010 08:49:42
Ova e tragikomichno i bizarno. Vo borbata za vlast SDSM vekje ne bira shto e normalno a shto e nenormalno. Si osvoija novo glasachko telo - Zavisnicte od Bardovci. Vo nitu eden sud vo Amerika prikaskata za samo-rastechki Kanabis ne pominala, i nema ni da poimne.
Од: milko
Датум: 21.07.2010 10:22:33
se e super i tekstot i komentarite i site pisuvate za diviot samorastecki konop a nikoj za divite samorastecki prskalki ako i tie sami rastat ke ima dobar profit.
Од: SPIRIDON do Boki i makedonec od SAD
Датум: 21.07.2010 10:39:56
Da be Boki,kaj beše da reagiraš koa kriminalno,sitnosopstvenički,sistematski gi uništuvaa mlekarite,za koa rabota nikoj ne odgovara,pa nitaj šo go donese Moše,da gi dotepa mlekarite.Batka od SAD,makedonče so američki pasoš,sedi si kaj si,šo pa ti znaeš za sostojbite u Bitola i bitolskoto pole,za Bardovci i SDSM.Ej čoveče,zatvarat narod koj misle so svoa glava,šo ima petlja da si go traže svoeto,šo mu go ukral Nikolčo,familijata i tia okole ni.U Amerika za kradenje,za brkanje u đepo,pa neka e i od vladata se ode u zatvor,ako ne e mafijata,kako kaj nas razbira se.Zatoa daleko si i prostorno i moralno i etički od Mkedonija,od tukašnite problemi,od moeto sekojdnevie,za koe ne sakam da odlučuvaš i kažuvaš so dolari u đepo,razbiraš me neli?
Од: ...
Датум: 21.07.2010 10:40:47
Па што и да е одгледуван канабисот. На овој народ му треба и нешто појако да ја поднесе некако оваа тортура ;)
Од: razcaran
Датум: 21.07.2010 10:58:11
razbiram grujco da ima nocna mora od branko ama ne mozam da sfatam da se palsi od dusko ili gledal film za leh valensa i solidarnost pa gi angazira nevladinite partiski organizacii finansirani s krem pari od eu fondovi ajde sega i pavel satev dimirtija cupovski da se krene rejting abe kazete za krazbite na 7 miljoncin jura na 12 partiski direktori vo rek bitola ne se fajcajte za dusko mu ja unistivte familijat
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586
Датум: 21.07.2010 11:17:47
Kompir sadela mlada neesta na niva ! A mori neesto kaj se videlo kompir na vakva niva da se sadi!?? So e more ,mi toj nikoj nema da go vadi ! Go sadime da ne se seti "Vlavot".
Од: sirma vojvoda
Датум: 21.07.2010 11:38:37
na cela Makedonija pa i na plukacite im e jasno deka Dule e nevin no tie mora da si go odrabotuvaat lebot so spionaza da kodosat da plukaat bidekji drugo neznaat nisto da rabotat so eden zbor receno PARAZITI no bozjata raka ke ve stigne bidejki zemate glavi na nevini ljuge
Од: Партија, три за сто
Датум: 21.07.2010 12:07:30
Место да се зафркавате со толку сериозна работа како што е дрогата, треаба да напишете нешто за тоа каква е таа партија што собира потписи за подршка на производители на дрога! За истата таа партија што ги подржуваше хомосексуалците и беше против спомениците на Гоце и Даме, против црквата, за промена на името и т.н .
Од: Makedonec
Датум: 21.07.2010 13:46:03
До: Партија три за сто Симни си ги портокаловите цвикери и ќе го видиш следното: 1. Во секоја цивилизирана земја се применува пресумпција на невиност-или ако не разбираш, со други зборови-невин си додека не ти го докажат спротивното. Во цела Пелагонија расте див коноп, само фамилија Илиевски ги апсат и тоа затоа што се дрзнаа јавно да зборуваат против Вождот. Каде се на ТВ Сител директорите од РЕК? 2. Сексуалната орјентација е индивидуална работа - барем во цивилизираните земји. Со портокаловата револуција се одалечуваме од нив. Што те интересира тебе лично кок со кого се "онади" - нит ти влага, нит ти излага... 3. Држава и религиа се младичу различни категории - строго одделени една од друга. Само талибанците и портокалите имаат друга визија....
Од: do partija tri za sto
Датум: 21.07.2010 13:55:02
Decko zivees ocigledno vo 19 vek. Site tie vrednosti/moraliziranja pripagjaat na minatoto. Uste fali da recese deka edna Holandija e dekadentna drzava propagirajki nekoia od za tebe tabu temite.Ta nikoj covece ne ti stavil noz pod grlo da stanes homoseksualec, da uzivas droga.Toa si e pravo na tvoj (i secij) sloboden izbor. Isto taka i izborot dali ke bides vernik ili ne. A demokratijata znaci i da go pocituvas izborot na drugiot. No, molam nemoj odnapred da osuduvas nekogo deka e vinoven, po site onie sliki sto se nadevam si gi videl na televizija za polinja polni konop i mnogu svedocenja od obicni, cesni lugje. Pa malku procitaj za procesot od odgleduvanje do proizvodstvo i do dilanje. I na kraj razmisli so svoja glava dali eden zemjodelec (kojsto izgleda onaka siromaski i jadno i izmaceno kako Dule i negovite) toa ke go napravi javno na nekoe otvoreno pole, kade sekoj moze da ima pristap, na niva zemena pod naem ?
Од: od straso
Датум: 21.07.2010 15:38:28
Do site sto ja podrzuvat vladata dali znaete sto e kanabis sativa ili div konop,sve ste nepismeni,jas kako strucnjak ke vi objasnam,kanabisot uspeva pokraj site kana li vo evropa posebno vo italija i nikoj ne odgpvara za toa,semeto e uvezeno vo makedonija preku otkup na semenski materijal od italila na esparezeta i toa ne znaete sto e toa pa naucite se ednas pa da pisuvate i da branite ja vladata.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Павилјонот број 6“ на МНР
Кузман Јосифовски-Питу архитектот на македонската држава (3)
Охридските бродови закотвени цело лето?
Бившата жена застана во негова одбрана
Трнлив пат до бебе од епрувета
Дали ќе се стигне во пет минути до 12 во Брисел
Нова еврообврзница од 200 милиони евра?
Потврдени две години затвор за возачот на Тоше
Директорските фотелји поудобни од советничките
Цветанов сфати дека бил во заблуда
Карикатура
Таjна Америка
Стил
Грција штеди - ништо веќе не е како порано