Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Мислења

Нова еврообврзница од 200 милиони евра?

Ден Дончев

Зошто Владата да не се задолжува кога привилегиите при трошењето на парите и' припаѓаат неа, а отплатувањето на идните генерации

Сакала или не, Владата на Република на Македонија ќе мора да се задолжи за најмалку 200 милиони евра во наредните од шест до девет месеци. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, ова го знае, но моментално тактизира чекајќи го најповолниот момент за издавање нова емисија на македонски еврообврзници на меѓународните пазари на капитал. Кога Ставрески изјавува дека сега не е момент за нова емисија еврообврзници директно потврдува дека ново задолжување мора да има. Прашањето е само кога, во каква форма и по која цена. Впрочем, пред извесен период тој и' назначи меѓународни консултанти, кои ќе раководат со постапката за нова емисија еврообврзници. Тие консултанти му организираа една минитурнеја на Ставрески, запознавајќи го со потенцијалните меѓународни купувачи на македонските еврообврзници. Ставрески се врати шокиран кога дозна дека каматната стапка на еврообврзниците најверојатно ќе биде над десет проценти, па одлучи дека моментот не е поволен. Ставрески се' уште јавно изјавува дека не е момент за издавање еврообврзници, но за разлика од пред два месеца, времето тече, а на министерот за финансии му се стеснува просторот за дејствување.

Основната причина зошто Владата ќе биде принудена повторно да ја задолжува државата е за да може да се финансира дефицитот на тековната сметка, а делумно и да се покрие дел од буџетскиот дефицит. Трговскиот дефицит на нашата држава продолжува да се движи по веќе добро трасиран пат. Во првиот квартал од оваа година изнесува 450 милиони евра. Имајќи предвид дека во последниот квартал од која било година, генерално, се остварува најголемиот трговски дефицит, поради сезонско зголемување на увозот, тогаш станува јасно дека трговскиот дефицит за 2010 година ќе изнесува меѓу 1,4 и 1,6 милијарди евра. Трговскиот дефицит, за кој во неколку наврати претходно сум пишувал, веќе стана структурален проблем за нашата држава. Тоа значи дека е голема веројатноста дека во 2011 година ќе биде сличен како и оваа година. Трансферите, односно девизните дознаки, по се' изгледа, ќе бидат на рекордно ниво оваа година и најверојатно ќе изнесуваат меѓу 1,1 до 1,2 милијарди евра. Но, проблемот на Владата е дека, и покрај рекордните приливи од трансферите, ќе има девизна дупка од најмалку 400 милиони евра во период од шест до девет месеци.

Единствен можен извор за покривање на оваа девизна дупка е да имаме приливи од странски директни инвестиции (СДИ). Но, и ��вде реалноста е многу посурова од пустите желби на Владата. Бидејќи и покрај големиот број „фрлени лопати“, разни најави за доаѓање странски инвеститори, потпишување меморандуми за разбирање, рекламирање во светските медиуми и патувања во странство од премиерот до градоначалниците во потрага по странски инвеститори, сепак, нив ги нема. Имајќи предвид дека моментално нема најава за сериозни странски инвестиции во период од шест до девет месеци, тогаш шансите дека девизните приливи од СДИ во овој период ќе бидат над 200 милиони евра се минимални. Впрочем, ќе бидеме среќни дури и да се постигне таа цифра. Значи, девизната дупка од тековната сметка ќе изнесува најмалку 200 милиони евра, без евентуалниот недостиг кој Владата може да го има при финансирањето на буџетскиот дефицит за овој период. Ова неминовно значи дека ново задолжување од најмалку 200 милиони евра ќе има. Каматната стапка ќе биде висока, но точно ќе зависи од моментот и од глобалните економски случувања.

Моја лична процена е дека пред два месеца, кога Ставрески прв пат се обиде да издаде нова емисија еврообврзници, каматната стапка која ќе требаше да се плаќа ќе беше повисока од онаа по која неговиот претходник Трајко Славески ги издаде еврообврзниците од 175 милиони евра во јуни 2009 година. Се разбира, тогашната каматна стапка од 9,9 проценти е поразителна за нашата држава и ќе го чини буџетот 60 милиони евра камата за периодот јуни 2009 - декември 2012 година. Меѓутоа, да се издаде нова еврообврзница една година потоа, со повисока каматна стапка, е и личен пораз за Ставрески визави Славески, но и политички пораз за Груевски. Бидејќи ваквиот исход, во услови кога глобалната економија е во значително подобра состојба од онаа што беше во јуни 2009 година и кога глобалните пазари на капитал имаат поголем „апетит“ и подготвеност за преземање ризик споредено со јуни 2009 година, неминовно значи дека перцепцијата на меѓународните пазари на капитал за финансиската стабилност, како и економската состојба во Република Македонија е значително влошена. Ова е единствена причина зошто Ставрески проценува дека се' уште не е вистински момент за издавање еврообврзници.

Интересна и куриозитетна е изјавата на Ставрески дека средствата добиени од претходните еврообврзници се' уште не биле целосно истрошени поради домаќинското трошење на Владата! Токму недомаќинското трошење и раскошните и мегаломанските буџетски расходи во 2007 и во 2008 година се меѓу основните причини зошто се дуплираше трговскиот дефицит на Република Македонија од 900 милиони евра во 2006 година, на 1,8 милијарди евра во 2008 година. Наглото зголемување на надворешниот девизен долг на Република Македонија во овој период, меѓу што е и издавањето на еврообврзниците, во јуни 2009 година, беше директна последица на дуплирањето на трговскиот дефицит. Да се тврди дека еврообврзниците домаќински се трошеле е вистинска небулоза!

Најверојатно со цел да се замачкаат очите на јавноста при обидот да се објасни зошто Република Македонија и натаму избегнува да зајмува пари од ММФ по каматни стапки од 3 до 5 проценти, се пуштаат небулозни информации дека земјите што зајмувале средства од ММФ биле перцепирани како нестабилни, што негативно влијаело врз државите. Оваа можеби е точно донекаде, а би било целосно точно доколку Република Македонија успева да издаде еврообврзници на меѓународните пазари на капитал по каматни стапки слични или пониски од оние што ги добива од ММФ. Но, самиот факт што меѓународните пазари на капитал ни зајмуваат пари со каматна стапка од 10 проценти, во услови кога основната каматна стапка на Европската централна банка е само еден отсто, е најголем доказ дека Република Македонија е веќе перцепирана како нестабилна на економски план. Но, на оваа Влада, очигледно, и' е поважно да ја избегне контролата и одговорноста која доаѓа со ММФ, за да ја добие комотноста и слободата при начинот на кој ги троши народните пари.

Затоа се задолжи и ќе продолжи да се задолжува преку издавање еврообврзници со каматна стапка која е дупло поголема од онаа што може да се добие од ММФ. А зошто да не, кога привилегиите при трошењето на зајмените средства и' припаѓаат на Владата, а одговорноста за отплатување на идните генерации на Република Македонија!

(Авторот е економски аналитичар)


#
Статијата е прочитана 1115 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 21.07.2010 00:33:25
Za zal za ova se znaese poodamna deka Vladata nemoze da opstoi ako ne go zadolzi narodov povtorno.Za zal istiot toj narod e samo posmatrac celo ova vreme.Za zal udarite od ovie dolgovi ke mora da gi trpi pak narodot,a kako ke gi izdrzuva tie udari ke vidime doprva,bidejki vistinskiot ekonomski krah ovde se uste ne zapocnal.Na ovaaVlada veke ni psihoanalizi ni Frojd nemoze kraj da i fati.Ovie se totalno otideni.Otkako se rasprodadoa sto stvorija predhodnite pokolenija(i potrosija)sega ostana uste da gi zadolzat idnite pokolenija.Vo sekoj slucaj interesen Frojdovski slucaj se.Da bese ziv sigurno ke napisese kniga i za ovaa Nnepoznata"dijagnoza.
Од: samoil
Датум: 21.07.2010 00:51:31
Potpolno ste vo pravo, no ne sakam da komentiram bidejki ke me napravat vednash deka sum SDSM, No za zal glasav za VMRO poslednite izbori
Од: gimi
Датум: 21.07.2010 01:01:13
*Зошто Владата да не се задолжува кога привилегиите при трошењето на парите и' припаѓаат неа, а отплатувањето на идните генерации.* Оваа девиза можеби важеше за владата на Љубчо во која бевте и Вие господине Дончев.А сегашната влада во првите 2 години кога немаше економска криза и кога имаше најголем економски раст во историјата на Македонија и предвреме го враќаше надворешниот долг кој го направија претходните влади.
Од: A resenija gospodine Doncev?
Датум: 21.07.2010 07:16:48
Trgovskiot deficit go imate komentirano vo povekje navrati gospodine Doncev i dijagnozite Vi se tocni. No, ke imame li prilika da procitame nekogas i nekoi Vasi konkretni predlozi za namaluvanje na istiot? Koja terapija bi bila najefikasna vo slucajot na Republika Makedonija? Osven promenata na ovaa vlada, koja nema nikakvi motivi da napravi dobri rezultati vo ekonomijata, bidejki tie, pred se, baraat mnogu znaenje, naporna rabota i cesnost, moze li da kazete kako da se zgolemi izvozot a namali uvozot ? Kako da se stimuliraat domasnite proizvoditeli povtorno da go proizveduvaat toa sto nekogas go proizveduvale, a sega se uvezuva ? Kako da go proizveduvaat ona sto se uvezuva a za cie sto proizvodstvo postojat i kadrovski i tehnicki uslovi vo Republika Makedonija ? Svoevremeno, poimot supstitucija na uvozot bese cesto koristen termin i rezultatite bea evidentni, a sega od nego begaat kako gjavol od temjan.
Од: Albert
Датум: 21.07.2010 08:36:41
Konstataciite na avtorot se tocni no istiot ne dava alternativa kako da se izleze od ova situacija. Site konstatacii vo smisla na strukturni distorzii na trgovskiot deficiit , SDI i tekovniot buxet se poznati raboti. Pozajmuvanjeto od IMF e dobra rabota no 70 miliona evra ne go reshavat problemot. Sigurno deka treba da se skratat buxteskite rashodi-neproduktivni no i to delumno ke go ublazi problemot. Glavnoto prashanje beshe i e , kako do rastecki porast nga ekonomijata od 5-7% , bez ovoj odgovor samo se povtoruvame, Pozdrav DINI
Од: Горан Арсов
Датум: 21.07.2010 10:23:36
Многу ми се допаѓа анализава. Владата троши народни пари за споменици, автобуси, нови згради, му наложува (!) на Собранието да не бара отчет за како ги троши парите за Скопје 2014, на сметка на идните генерации. Еден куп домашни фирми и работници не се исплатени заради неспособноста да одредат колку им е долга чергата во Владата, па потрошиле повеќе отколку што добиле пари од даноците. И сега - владата работела домаќински. :)
Од: ivona
Датум: 21.07.2010 11:09:33
E pa narode bankrot na drzavata Makedonija nema da imame sansa da go resime imeto ,a za EU i NATO ne stanuva zbor so ovaa unistuvacka vlada koja ja sakaat samo tie sto gi vrabotija vo administracijata i ne znaat kolkava steta za drzavata e partiskata politika na vmro.
Од: master
Датум: 21.07.2010 11:25:06
taka e,tocna e analizata na Den.No glasavme za pLerodbata i ocekuvavme podobra ekonomija.Sega Grujo neka se spravi zatoa sto toj tvrdese deka ima resenie(samo sto ne zacutalo vo Mk kako vo prolet).Ah grujo grujo,siguren sum deka toj ke bide edinstveniot premier od VMRO kade nema da bide ni clen.
Од: ја
Датум: 21.07.2010 12:15:26
За жал овие анализи се точни.Повеќето коментатори прашуваат кое е решението.А решението ни е на сите пред очи само што некои не сакаат да го видат.Во услови на криза,невработеност,сиромаштија портокаловата блада наместо да инвестира народни пари во инфраструктурни проекти кои покасно ќе носат профит таа ни гради сали,копа и го бара Букефал,ни гради споменици,ни прави администрација поголема од онаа на САД а тие си седат дома и тн.Што е ова ако не недомаќинско трошење на народни пари од овие дечишта.„Скопје 2014“ со споменици,административни згради,мофчиња и што ли уште,ако правилно се инвестираа парите можеше да има трајни вработувања за илјадници луѓе.Затоа време им е да си одат.
Од: Горан
Датум: 21.07.2010 13:40:09
Мислам дека заклучокот е погрешен. ММФ офцијално е институција за стабилизирање која им помага на земји кои се наоѓаат во кризни состојби (хипер инфлација, прогласување банкрот, неможност за отплаќање кредити итн.), а не пазар на капитал. Така што е нелогично да се земе кредит од неа и покрај пониските стапки, пред се заради престрогите останати услови кои ќе посегнат по уништување на останати сектори од македонската економија (не дека ни е посебно развиена). А во врска со официјалниот трговски дефицит, авторот на текстот треба да ја има предвид и улогата што сивата економија ја има во Македонија која игра околу 20% од БДП на Македонија, ако не и повеќе, којашто ја затвора таа дупка неофицијално. Исто така има и доста непријавени трансфери од дијаспората која парите ги носи дома во кеш итн....

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Павилјонот број 6“ на МНР
Кузман Јосифовски-Питу архитектот на македонската држава (3)
Охридските бродови закотвени цело лето?
Бившата жена застана во негова одбрана
Канабис, три за сто
Трнлив пат до бебе од епрувета
Дали ќе се стигне во пет минути до 12 во Брисел
Потврдени две години затвор за возачот на Тоше
Директорските фотелји поудобни од советничките
Цветанов сфати дека бил во заблуда
Карикатура
Таjна Америка
Стил
Грција штеди - ништо веќе не е како порано