Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
3410

Загреб не се плаши од Лазаров

Тренерот Кљаиќ убеден дека неговиот ексиграч нема да го реши денешниот меч со Сиудад Реал

Според изјавите од таборот на Кроација осигурање Загреб, хрватскиот ракометен шампион не се потресува многу што попладнево во својата „Арена“ по само два месеца повторно ќе го има Кирил Лазаров, но сега во дресот на Сиудад Реал. Најдобриот стрелец во Лигата на шампионите во два наврата предизвика голем интерес во хрватските медиуми пред денешниот дуел од 17 ч. на поранешните европски прваци во рамките на четвртото коло од групата Д.

„За него кај нас се пишува во суперлативи, додека за нашите играчи на таа позиција, главно, се зборува како да се ’сметала‘, но се' ќе се види на самиот меч. Кога е во прашање Лазаров, паушално се гледа по натпреварот кој колку гола постигнал, но ракометот е покомплексен од тоа. Кога се' би се мерело со головите, Динар би бил најслабиот во нивната екипа, а мене ми се чини дека е најважниот играч, заедно со голманите. Колку голови и да даде Кире, па нека се и десет, тоа нема да го реши мечот“, уверен е тренерот на загрепчаните, Ненад Кљаиќ, кој ја поддржа одлуката на клубот да се ослободи од Лазаров, бидејќи „не може да игра заедно со Балиќ“.

И голманот Горазд Шкоф не очекува проблеми со рекордерот по бројот на постигнати голови на еден мундијал.

„Кире е одличен, но знаеме како шутира и верувам дека многу удари ќе му одбраниме, иако, се разбира, не можеме да му одбраниме се'“, вели Словенецот на голот на Загреб и додава: „Пред и по натпреварот сме пријатели, за време на мечот не сме“.

Хрватите најавуваат дека капитенот на македонската репрезентација ќе го бодрат 20 навивачи од Македонија.



прва победа за Ангеловски во лш



По трите порази во низа, романскиот ракометен првак Констанца, за која настапува повремениот македонски репрезентативец Бранислав Ангеловски, ја забележа првата победа во Лигата на шампионите, славејќи дома против Босна со 26:25 во четвртото коло од групата Д. Ангеловски постигна еден гол и имаше едно исклучување од две минути, а во составот на гостите го немаше Ристо Арнаудовски, новото име во националниот тим што Љубомир Савевски го селектира за претстојниот „Трофеј Карпати“ во Романија.



Георгиев од Металург суспендиран



Цели 40 дена по квалификацискиот турнир за Лигата на шампионите во Порто, Европската ракометна федерација се сети да го казни претставникот на Металург, Зоран Георгиев, со тримесечна суспензија од меѓународните натпреварувања и со парична глоба од 750 евра. Арбитражниот трибунал на ЕХФ утврдил дека Георгиев се однесувал несоодветно во мечот со Порто што довело до краток прекин. Средбата од второто коло заврши нерешено 24:24 и тоа беше единствен бод што го освоија „металурзите“ на турнирот.

Ова е уште еден удар од ЕХФ за македонскиот првак, кому пред една седмица, практично, му ја одби жалбата за прекршување на правилата на првиот дуел со Мешков Брест од Купот на ЕХФ. Тогаш Трибуналот му изрече само парична казна на домаќинот од 5.000 евра за вишокот од двајца ракометари во официјалниот записник, а натпреварот од второто коло го регистрира со постигнатиот резултат 28:23 за Белорусите. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 769 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Фарко Шакири
Поглед
Соња Маџовска
ЕВРОПА - БАЛКАН
Иван Торов
Мислења
Слободан Најдовски
Франција не се плаши од Бин Ладен

Принцот Хари
Нова Камила во кралското семејство?

Младите полни со идеи за бизнис, ама без пари

Тони Кертис
Со децении криел од семејството за вонбрачната ќерка






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy