Промовирана четвртата книга „Сакам да кажам“
Четвртата книга - збирка колумни „Сакам да кажам“ од Горан Михајловски, главниот и одговорен уредник на весникот „Вест“, беше промовирана во среда навечер, на отворено, пред клубот „Матица“ во Скопје. Книгата е во издание на „Матица“ и ги опфаќа колумните од 2006 до 2010 година.
Михајловски со неа одбележа 20 години континуирано излегувањ�� на својата, саботна колумна во весникот. Обраќајќи им се на присутните посочи дека истата му овозможува да го каже она што го мисли, а и повтори дека за пишување на колумната, инспирација му се дружењата со луѓето, нивните забелешки и коментари.
Меѓу бројните посетители во таа врнежлива ноќ во Скопје, беа и директорот на МПМ, д-р Срѓан Керим и Петер Имберг, претставникот на мнозински капитал на ВАЦ во „Вест“. (К.Р.) |