Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
20.04.2012, 17:19

ВМРО-ДПМНЕ најави кадровска чистка

Околу 150 функционери ќе бидат опфатени со акцијата на владејачката партија - „нов бран промени“

Околу 150 функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат сменети и на нивно место ќе се постават нови, во рамки на акцијата „нов бран промени“, што ќе ја реализира владејачката партија во шестата година од преземањето на Владата. Паралелно, ќе продолжат и кадровските промени на локално ниво, во општинските комитети на партијата, а ќе се „освежува“ и „Манифестот“ на ВМРО-ДПМНЕ, особено во делот што се однесува на економскиот развој на државата и социјалните прашања.

Според Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, најавените промени се во духот на „постојаниот и континуиран процес на реформи“, што го преземала ВМРО-ДПМНЕ, промовирајќи нов стандард во функционирање на партиите.

„Тоа е и она што не' разликува од другите партии“, изјави вчера Димовски за МИА. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која внесува новитети во функционирањето и дека ваква иницијатива не произлегла од ниту една партија што досега била на власт. Иницијативата за кадровско освежување произлегла од Извршниот комитет и од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Никола Груевски. Пет месеци се анализирала работата на сите директори, началници на јавни претпријатија, фондови, управи - на државно ниво и во сите општини во Македонија. Според Димовски, биле земени предвид сите параметри, како постигнатите резултати, отвореноста и одговорноста спрема граѓаните, динамиката на работа...

„Во тек е процедура за избор на претседатели на општински комитети на партијата во две третини од градовите низ Македонија“, изјави Димовски за МИА, најавувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе промовира низа нови проекти и мерки што ќе значат и програмско освежување на партијата. (П.Р.)


Статијата е прочитана 1698 пати.

Испрати коментар



Милошоски бара смртна казна за убијците од Смилковско езеро
Топи во Тетово
Протест
Груевски
Молк во Брисел за нашите очекувања во Чикаго
Интервју - Советот за безбедност ќе ги дадеше одговорите за Смилковци
Тројца убијци за 10 минути го извршиле злосторството кај Смилковци



jovan, 21.04.2012 00:03:52
Izgleda so detonatorot i rascistuvanjeto so kriminalot mora da prekinat, pa sega ke se prefrlat na cistenje direktori. Aj da vidiem sto cudo ke bide i ova.
Бравар и ѕидар, 21.04.2012 02:19:06
Србите велат „Вук длаку мења али ќуд не мења“. Така и нашуве lupusi, пардон волци, можат уште 100 кожи да сменат како би придобиле уште многу овци, меѓутоа прочитани се. И што сега? Ќе си играме криенка? Кој треба да понесе одговорност за 6 те изгубени години и економскиот колапс? Катадневно сме сведоци на се пообемните задолжувања и фијаска на владините проекти. Што треба да се случи повеќе на политички и економски план за да македонскиот народ конечно разбере со кого си има работа? Едностано треба да им се заблагодариме и да им кажеме, НЕ, доста ни беше од вашите „добри“ намери и патриотските „игри“ од кои произлегоа само жртви и дебело нафатирани мултимилионери од нивниот перформанс на сметка на народот.
Stonace, 21.04.2012 06:49:58
Ubavo bi bilo toa,koga bi bilo so dobra namera i zdrav razum,ama ke bide samo nov marketingski trik.Treba sultanite ne samo da se smenat,tuku da im se odzemat i site pari ukradeni od drzavata i specaleni od narodot. Taka narodot ke znae deka mislite da ja smenite politikata dosegasna ,vosprotivno se poveke mu e jasno na na narodot se kogo ima rabota.
nato -jato, 21.04.2012 07:04:58
Ne treba bran , treba cunami za da ja odnese cela vlada i da kurtulime...
jimmy1, 21.04.2012 07:17:05
Dosta im e na ovie, se zbogatija na teret na nasiot grb pa sega na red drugiot del od bandata da se zbogati. Zosto nee fer da clenuvaat vo edna ista partija a nisto da ne drpnat.
Leviot, 21.04.2012 07:40:51
Redno bese , site sto bea na funkcii i se nalapaa pari da se smenat so drugi poslusnici i se toa vo ime na narodot i za narodot.
ФЕЛИКС, 21.04.2012 08:50:52
Прво не е чистка туку кадровски освежувања која секоја нормална политичка партија ги прави за да не западне во политичка кома,каде ни дефибрилаторите не помагаат. Токму ова второто го имаме на сцена каде што опозициски лидер шири илузии да имаат успешни изборни порази и што е најважно нема намера да демисионира од позицијата лидер после пет последователни изборни порази.Тоа потег непојмлив било каде во светот на политиката.Е сега нормална очекувана реакција на оние кој се поклоници на ваквото-никакво зачаурено опозиционерство да политичкиот опонент се гледа подсмешливо кога прави кадровски реформи.Па и затоа е различитоста на крајот на краиштата,една на власт другите во опозициска кома од која нема будење уште долго време.
Istocna Makedonija, 21.04.2012 09:02:10
Samo 150?!Pa,takvi za ,,cistenjeima vo sekoj sreden grad vo Makedonija!
toni, 21.04.2012 09:20:06
more da gi nema od makedonija...ili site da se uapsat vednas...ova vlada predvodena od dpmne ja unisti drzavata.
Gjorgji, 21.04.2012 09:21:15
Go pozdravuvam ovoj poteg na VMRO DPMNE i im posakuvam navistina da rascistat so neproduktivnite i stetni kadri koi im se na direktorski i nacalnicki pozicii, bidejki dodeka ovie vo Vlada se ubivaat od rabota, ovie pak dole se ubivaat od nerabotenje, profitiranje i poltronisuvanje. Taka da nivnive kadri rabotat vo steta na onie koi gi postavile i im ja secat grankata na koja sto sedat. -Sto poskoro go sprovedete planiranoto, toa pobrzo ke ja vratite doverbata kaj narodot, koja navistina ja gubite.
Laksanti, 21.04.2012 10:06:21
Aman vece prestanete so tie procistuvanja oti site vo Makedonija fativne prolivi od tie vasi procistuvanja! I koj ce ja pravi listata za prosituvanje?. Se znae firerceto so najbliskite negovi pajtasi.
mile, 21.04.2012 10:22:28
Фамилијата први!!!
vemereto, 21.04.2012 12:14:48
nemoguce. e pusto vemere na grujo e sou. 150 umorni funkcioneri - ulicari i nepismeni ce bidat zameneti so 150 novi funkcioneri koi ce bidat nepismeni i ulicari. ne e loso i po nekoj bodygard da bide minsiter. na primer urko - minister za vselenski istrazuvanja.
od ostrijot, 21.04.2012 12:50:51
da sega keima osvezuvanje site sto malko lazele i kradele kebidat osvezeni za podobro dasija vrsat rabotata.
Gogisha, 21.04.2012 18:28:35
@ФеликсТи пак ја спомнуваш опозиција?! А бре човеку, не е опозиција на власт, твоите се. Не е опозиција виновна за експресни и лоши закони, задолжувања, амнестии, мајски договори, катастрфално здравство, образование и др. - многу има за набројување.
mile, 21.04.2012 20:15:53
Да расчистеле со непродуктивните и штетни кадри??????????????????????? Јас па не гледам, ама БАШ ЕДЕН ПРОДУКТИВЕН од нив.........тоа дури и Феликс го знае...........

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Недела
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |