Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Бостон во финалето на Истокот, Џејмс најави заминување

Селтикси ја добија серијата со Кливленд со 4:2, разочарување кај суперѕвездата на кавалирси

Екипата на Бостон се пласира во финалето во источната конференција во годинашниот НБА плеј-оф по победата над Кливленд, во шестиот натпревар, со 94:85. Селтикси, кои се 17 кратни освојувачи на шампионскиот прстен, ја добија серијата со кавалирси со 4:2 и во финалето на Истокот ќе се пресметаат со тимот на Орландо против кој ќе се обидат да обезбедат 21 финале во клупската историја.

И покрај прогнозите, Бостон, успеа да го елиминира најдобриот состав во регуларниот дел на сезоната во американската професионална кошаркарска лига. Суперѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс, беше толку разочаран што најави и заминување од екипата.

„Овој пораз ме боли. За мене ова е шок кој ќе ме принуди да размислувам. Моја единствена цел во животот е освојување на НБА лигата, а немам баш многу време. На 1 јули ми истекува договорот со Кливленд. Дотогаш ќе имам доволно простор за одлука“, рече Џејмс кој серијата против селтикси ја затвори со трипл-дабл (27 коша, 19 скока и 10 асистенции) и притоа загуби девет топки.

На Кливленд му требаше чудесен ефект од Џејмс за да остане во игра за финале од причина што Бостон одигра фантастичен меч во кој ја имаше контролата од самиот почеток. Гарнет со 22 поена и 12 скока, Рондо со 21 кош и 12 додавања и Пол Пирс со 13 поени во второто полувреме имаа одговор на сите обиди на кавалирси, и во нападот, но и во одбраната против Џејмс.

„Ова беа брутални натпревари. Докажавме дека поседуваме квалитет и докажавме дека можеме успешно да го чуваме Леброн. Покажавме дека имаме силен адут. Го немаме Леброн меѓутоа имаме 10 извонредни кошаркари“, изјави по мечот Док Риверс, тренер на селтикси.

Првиот меч од финалната серија на Истокот ќе се одигра во недела вечер во Орландо. „Магичните“ се наоѓаат во фантастична форма, откако до конференциското финале стигнаа без пораз во судирите со Шарлот и Атланта.

Тони Паркер одби да игра за

ФранциЈа на СП 2010



Еден од најдобрите светски кошаркари, Французинот Тони Паркер, ја одби поканата на француската репрезентација за настап на Светското првенство во Турција во август месец оваа година.

Во образложението за таквата негова одлука стои дека сака да се посвети на подготовките за новата НБА сезона во тимот на Сан Антонио. Згора на тоа тврди дека неговата физичка состојба не е добра за да може да поднесе напори и преку летото.

„Летово сакам да се одморам и да бидам подготвен за новата сезона. Терминот за Светското првенство во август и во септември никако не ми одговара и затоа со жалење морам да ја одбијам поканата да играм за Франција“, порача Паркер, кој речиси сигурно останува меѓу спарси иако летово му завршува договорот.

Светското првенство во Турција ќе се одржи од 28 август до 12 септември. Франција се наоѓа во групата Д заедно со селекциите на Шпанија, Литванија, Нов Зеланд, Канада и Либан.



Хрватска Ќе се кандидира

за домаЌин на ЕП 2013



Хрватскиот кошаркарски сојуз (ХКС) донесе одлука да ја кандидира Хрватска за домаќин на Европското првенство во 2013 година.

„По оваа одлука ќе започнеме процедура за поднесување на апликација“, изјави Жељко Дракшиќ, генерален секретар на ХКС.

Кандидатури за организација на ЕП 2013 досега поднесоа Грција, Италија, Турција, Словенија и Германија, а во трката веројатно ќе се вклучи и Франција.


#
Статијата е прочитана 509 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Светот под нозете на тинејџерот Пеле
Битка за Прва лига во Кичево и во Прилеп
Задолжителна котизација од наредната сезона
Интер сака двојна круна, Сампдорија ЛШ
Клементе не спие, смислувајќи тактика за Барса
Вебер песимист пред Монако
Балканот викендов ќе се трка на Водно
Лазаров се привикнува на Катар
Петтата етапа на Џиро за Пино