Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Интер сака двојна круна, Сампдорија ЛШ

Мурињо пред последниот меч со Сиена признава дека неговите играчи со мислите се веќе во финалето од ЛШ

Пред последното коло во Серија А останаа две дилеми, што ќе го освои Скудетото и кој ќе заседне на четвртата позиција што води во Лигата на шампиони.

Интер и Сампдорија сами ја кројат својата судбина, бидејќи имаат два бода предност во однос на своите ривали Рома и Палермо, кои со многу внимание ќе слушаат што се случува на нивните натпревари.

Интер мора да победи на гостувањето кај Сиена за да ја освои 18. титула, петта едноподруго. Во случај на реми и победа на Рома кај незаинтересираниот Киево, римјаните би избиле на чело на табелата поради подобриот меѓусебен скор, со што би ја освоиле првата титула по 2001 година.

„Би ги замолил навивачите, како и моите соиграчи да не губат надеж. Влегуваме во последното коло со верба во чудо. Ќе се бориме до последното секунда и ќе видиме што ќе се случи“, кажа капитенот на Рома, Франческо Тоти.

Тренерот на Интер Жозе Мурињо признава дека неговите играчи со мислите се веќе во финалето од ЛШ против Баерн.

„Имаме 15 дена лудило. Не е лесно да се сконцентрираш на мечот во Сиена кога имате финале на ЛШ пред вас. Сакам моите фудбалери да станат европски прваци“, кажа Мурињо.

Последно коло (сабота): Милан - Јувентус, недела: Сиена Интер, Киево Рома, Сампдорија - Наполи, Аталанта - Палермо, Бари - Фиорентина, Калјари - Болоња, Катанија - Џенова, Парма - Ливорно. Табела: Интер 79, Рома 77, Милан 67, Сампдорија 64, Палермо 62, Наполи 59.......



Отпишаните би можеле до финале во Јужна Африка



Во случај ФИФА да направи исклучок и да дозволи на Мундијалот да игра 33 тим составен од играчи кои не обезбедија место во своите репрезентации, таа екипа под името „отпишани“ би можела лесно до трофеј! Љубителите на фудбалот на Светското првенство во Јужна Африка нема да видат големи ѕвезди. Во спомнатиот тим голман би можел да биде Французинот Себастијан Фреј. Во одбраната би биле Аргентинецот Хавиер Занети и Бразилецот Марсело, а стоперскиот пар би го сочинувале Филип Мексес и Бразилецот Алекс.

Ако милановиот тандем Роналдињо-Пато го повлечеме зад напаѓачите на средината на теренот и им го додадеме Естебан Камбијасо, тоа би можело да биде интересна комбинација. Овие тројца вкупно вредат 91 милион евра, речиси колку цел тим на Мексико од 26 играчи!

Принцот од Рим Франческо Тоти би бил добар зад двата шпица. Холанѓанецот Ван Нистелрој би бил еден од напаѓачите, а со него во тандем би играл Карем Бензеам, кој не успеа да обезбеди место во тимот на Доменек. Силен тим, ќе се согласите...


#
Статијата е прочитана 684 пати.

Испрати коментар

Од: majmun
Датум: 15.05.2010 00:10:30
vo italija mislam resava gol razlikata

Најди! во Утрински
Спорт
Светот под нозете на тинејџерот Пеле
Битка за Прва лига во Кичево и во Прилеп
Задолжителна котизација од наредната сезона
Клементе не спие, смислувајќи тактика за Барса
Бостон во финалето на Истокот, Џејмс најави заминување
Вебер песимист пред Монако
Балканот викендов ќе се трка на Водно
Лазаров се привикнува на Катар
Петтата етапа на Џиро за Пино