Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Квиз

Светот под нозете на тинејџерот Пеле

На СП во 1958 во Шведска блесна 17-годишниот Бразилец

Во Шведска се појавија многу од ѕвезди на фудбалот. Тука беа Копа, Фонтен, Чартлон, Јашин, Гаринча, Вава, но сите тие беа засенети од бразилскиот тинејџер, Едсон Арантес До Насименто познат како Пеле. Седумнаесетгодишниот Пеле постигна 6 гола (два во финалето), кога Бразилците, конечно, беа крунисани во светски прваци.

По двете едноподруго разочарување во 1950 и 1954 година Бразилците беа подготвени да ја наплата „штетата“. Во тешката група беа први, а во четврт-финалето Бразил се намачи со новакот Велс, но разликата ја направи Пеле кој го даде единствениот гол и „кариоките” победија со 1-0. Тоа беше негов прв гол на СП, а ѕвездата беше родена. Ниту Французите во полуфионалето не успеаја да го запрат Пеле, кој постигна хет-трик во триумфот од 5-2. Бразил уште еднаш се најде во финалето на едно СП, и тоа против домаќинот Шведска. „Викинзите” ги елиминираа во полуфиналето тогаш актуелните светски прваци, Германците со 3-1. Во финалето првпат Бразилците губеа 1-0, но не долго. Пеле и Вава постигнаа по два гола, а Загало погоди еднаш, што беше доволно Бразил да ја освои првата шампионска титула. Кога Артур Друри му го даде пехарот на капитенот на Бразилците, Белини, целата нација излезе на улиците. Тоа беше време на самбата.

Резултати по групи: Група 1: Германија - Аргентина 3-1, С. Ирска - Чехословачка 1-0, Чехословачка - Германија 2-2, Чехословачка - Аргентина 6-1. Табела: 1. Германија, 2. Чехословачка, 3. С. Ирска, 4. Аргентина. Решавачки меч за трето второ место: С. Ирска - Чехословачка 2-1 ( по породолженија).

Група 2: Франција - Парагвај 7-3, СФР Југославија - Шкотска 1-1, Парагвај - Шкотска 1-1, СФР Југославија - Франција 3-2, СФР Југославија - Парагвај 3-3, Франција - Шкотска 2-1. Табела: 1. Франција, 2. СФР Југлославија, 3. Парагвај, 4. Шкотска.

Група 3: Шведска - Мексико 3-0, Унгарија - Велс 1-1, Мексико - Велс 1-1, Шведска - Унгарија 2-1, Шведкса - Велс 0-0, Унгарија - Мексико 4-0. Решавачки меч за второто место: Велс - Унгарија 2-1. Табела: 1. Шведска 2. Унгарија, 3. Велс, 4. Мексико.

Група 4: Англија - СССР 2-2, Бразил - Австрија 3-0, Бразил - Англија 0-0, СССР - Австрија 2-0, Бразил - СССР 2-0, Англија - Австрија 2-2. Решавачки меч за второто место: СССР - Англија 1-0. Табела: 1. Бразил, 2. СССР, 3. Англија, 4. Австрија.

Полуфинале: Бразил - Франција 5-2, Шведска - Германија 3-1

Меч за третото место: Франција - Германија 6-3

Четрвртфинале: Германија - СФР Југославија 1-0, Франција - Северна Ирска 4-0, Шведска - СССР 2-0, Бразил - Велс 1-0.

Финале



Бразил - Шведска 5-2 (2-1)

Стрелци: 0-1 Лидхолм во 5 минута, 1-1 Вава во 8, 2-1 Вава во 31, 3-1 Пеле во 55, 3-2 Симонсон во 79, 4-2 Загало во 77, 5-2 Пеле во 90 минута. Стадион: „Солни“. Гледачи: 49.737. Судија: Морис Жиг (Франција).

Бразил: Жилмар, Џалма Сантос, Нилтон Сантос, Орландо, Белини (капитен), Зито, Диди, Гаринча, Вава, Пеле, Загало.

Шведска: Свенсон, Бергмарк, Аксбом, Берјерсон, Густавсон, Парлиаг, Хамрин, Грен, Симонсон, Лидхолм (капитен), Скоглунд.


#
Статијата е прочитана 632 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Битка за Прва лига во Кичево и во Прилеп
Задолжителна котизација од наредната сезона
Интер сака двојна круна, Сампдорија ЛШ
Клементе не спие, смислувајќи тактика за Барса
Бостон во финалето на Истокот, Џејмс најави заминување
Вебер песимист пред Монако
Балканот викендов ќе се трка на Водно
Лазаров се привикнува на Катар
Петтата етапа на Џиро за Пино