Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Тајландските војници се судрија со црвенокошулашите

Поради можната поделба меѓу полициските сили ќе биде потешко да се спречи насилството

БАНГКОК - Тајландските војници вчера се судрија со антивладини демонстранти во центарот на Бангкок, во обид да го изолираат нивниот привремен камп откако обидот за атентат на генерал-предавник предизвика нов бран насилство. Војниците отворија оган на крстосницата што води до кампот, во еден елегантен хотел и шопинг-кварт, каде што демонстрантите се наоѓаат пет недели, јави очевидец на Ројтерс, додавајќи дека забележал неколку повредени лица, меѓу кои двајца новинари. Не е познато дали војниците користеле вистински куршуми, гумени куршуми или и двете, додаде тој.

Странски новинар со седиште во Бангкок, кој работи за телевизијата Франс 24 е повреден, јави телевизијата, а еден тајландски фотограф, исто така, беше погоден, јави очевидец за Ројтерс.

Аналитичарите јавуваат дека поради можната поделба меѓу полициските сили, лојални на соборениот премиер Таксин Шинаватра, и војската, ќе биде потешко да се спречи насилството. Стравувањата беа нагласени откако еден тајландски полицаец пукаше кон војниците за време на судирите, јави очевидец за Ројтерс.

Војниците треба целосно да ги затворат сите главни патишта што водат до кампот на „црвените кошули“, наметнувајќи прашања дали владата наскоро би можела да ги оконча протестите. Најмалку едно лице загина, а 11 беа повредени во насилството од четвртокот ноќта, но се очекува билансот да се зголеми. Многу болници одбија да дадат точен број на жртвите.

Демонстрантите формираа сопствен контролен пункт во текот на ноќта на познатиот ноќен пазар Суан Лум за да ги спречат војниците да ги затворат патиштата околу нивниот главен утврден камп во комерцијалниот центар на Бангкок. Тоа место стана едно од главните бојни полиња. Тие запалија автобус, моторцикл и гуми додека се повлекуваа, а војниците презедоа контрола врз крстосницата што води кон патот со хотели, резиденцијата на американскиот амбасадор и неколку амбасади, кои се затворени и евакуирани.

Најновото насилство следуваше по строгите безбедносни мерки воведени во четвртокот навечер за да се заземе комерцијалниот кварт на Бангкок по пропаѓањето на планот за помирување, предложен минатата недела од премиерот Абхисит Веџаџива. Не е познато кој пукаше во генералот предавник, одговорен за безбедноста на илјадници демонстранти, кои зазедоа територија од 3 квадратни километри во центарот на Бангкок од 3 април. Катија Савасдипол, суспендиран воен специјалист познат како „Сех Даенг - црвениот команда��т“, беше погоден во главата, очигледно, од снајперист додека разговараше со новинарите во четвртокот навечер. На генералот му беше извршен хируршки зафат на мозокот и тој се наоѓа во критична состојба. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 276 пати.

Испрати коментар

Од: citatel
Датум: 15.05.2010 18:33:48
Tajland bese raj na zemjata. Nesto malce zaostanuvaat zad Japonija, ama toa na Amerika ne i treba,niv mu treba nestabilnost i apasi na vlast. Sega e nared da go rasturat iTajland. Ama Gospod gleda i vraka!

Најди! во Утрински
Свет
Осетија сака да се обедини
Уште еден ден страв во Њујорк
Нафтената дамка ги убива делфините и желките?
Југот на Киргистан сака реванш
Пиратите ослободија хемиски танкер под британско знаме
Ердоган првпат ја посети Грција
Ал Каеда го киднапирала Французинот во Нигер
Социјалните тензии се причина за убиствата во училиштата