Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Осетија сака да се обедини

МОСКВА - Северна Осетија, која сега се наоѓа во состав на Русија, и Јужна Осетија, која прогласи независност по војната, мора да станат една држава. Северна Осетија е поразвиена и граѓаните од Јужна Осетија одат таму поради работа. Народот ќе почне да се враќа во Јужна Осетија кога таму ќе се подобри животниот стандард. Дали ќе се обединиме за време на моето живеење или подоцна, не е важно, но обединувањето е историски неизбежно, тврди Тајмураз Мамсуров, претседател на Северна Осетија. Мансуров потсетува дека граѓаните на Јужна Осетија, главно, имаат руско државјанство и пасоши, па се психолошки подготвени за обединување.

И новата „политичка елита“ во Јужна Осетија нема ништо против обединувањето, бидејќи ние, Осетијците, сме еден народ, нагласува Мамсуров.

Актуелен и значителен проблем на целиот Северен Кавказ, а со тоа и на Осетијците, е големиот број невработени. Властите во Москва го испратија на Кавказ искусниот бизнисмен и потпретседател на руската влада, Александар Хлопоњин, кој работеше и како губернатор во Сибир, со цел да помогне со своето искуство да заживее стопанството и да се отворат нови работни места.

Покрај заживувањето на индустријата, федералните власти во Москва имаат намера да инвестираат во развојот на туризмот - од Сочи на Црно Море до Касписко Море.

Проблемот на Северна Осетија е што повеќе од 60 отсто жители живеат во градовите. Поради тоа може да заживее индустријата, пред се', металургијата, производството на цинк во „Електроцинк“, но и понатаму ќе се произведува алкохол. Во Северна Осетија некогаш се произведуваа дури 33 отсто пенливи вина од севкупното руско производство. (Б.В.)


#
Статијата е прочитана 652 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Тајландските војници се судрија со црвенокошулашите
Уште еден ден страв во Њујорк
Нафтената дамка ги убива делфините и желките?
Југот на Киргистан сака реванш
Пиратите ослободија хемиски танкер под британско знаме
Ердоган првпат ја посети Грција
Ал Каеда го киднапирала Французинот во Нигер
Социјалните тензии се причина за убиствата во училиштата