Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Ал Каеда го киднапирала Французинот во Нигер

ЛОНДОН - Северноафриканското крило на Ал Каеда вчера презеде одговорност за киднапирањето на Французинот Мишел Германо, кој беше киднапиран во април, во северниот дел на Нигер, јави разузнавачката група СИТЕ со седиште во САД.

Групата СИТЕ, која ги следи исламистичките веб-страници, јави дека Ал Каеда во Исламски магреб (АКИМ) објавила аудиопорака од 78-годишниот Германо, негова фотографија и копија од личната карта. Милитантите бараа размена на затвореникот и истакнаа дека францускиот претседател Никола Саркози ќе биде одговорен за животот на затвореникот, јави СИТЕ во својот извештај.

Воени извори во Нигер јавија дека возачот од Алжир, кој бил заробен со Германо, бил ослободен и пронајден како скита низ пустината во Мали кон крајот на април. Владите имаат мало влијание во пустинскиот регион каде што оперираат бандити, шверцери, поранешни бунтовници и групи поврзани со Ал Каеда.

Мали, Нигер, Алжир и Мавританија формираа заеднички воен штаб во јужен Алжир, кој тројно ќе го зголеми бројот на војниците со кои располага, односно ќе достигне 75.000 за две години. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 291 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Тајландските војници се судрија со црвенокошулашите
Осетија сака да се обедини
Уште еден ден страв во Њујорк
Нафтената дамка ги убива делфините и желките?
Југот на Киргистан сака реванш
Пиратите ослободија хемиски танкер под британско знаме
Ердоган првпат ја посети Грција
Социјалните тензии се причина за убиствата во училиштата