10.04.2012, 18:17 Полемика
За триците и осилката
Паско Кузман
Во „талибанската мисија“ на Плаошник, освен „археологот-Талибанец“ учествуваше уште една голема личност: Исус Христос
(Повод: Ерол Ризаов „Ако се измешаме со трици...“ „Утрински весник“, 7 април 2012)
Ероле, едноставно, јас и ти разговараме за „трици“ и „осилки“. Јас, очигледно, се трудам да ги „измешам триците“, а ти да ја вратиш назад в уста „голтнатата осилка“ која ти навлегува се' подлабоко во грлото. Моето сфаќање за формирањето на македонскиот идентитет ти го раскажав во двете мои претходни обраќања до тебе, за тебе тоа се „измешани трици“, додека за мене „голтнатата осилка“ значи „те навлеков“ на тема за која не си компетентен (ти го мислиш тоа за мене), па затоа ти умно, за да добие некаква смисла нашата полемика и „поширока општествено корисна димензија“, повикуваш „да дадат свој придонес компетентни луѓе зад кои стојат дела и меѓународно признати вредности“ (извини, не беше тоа повик, туку надеж).
Па, добро, немам ништо против, туку, напротив, се надевам и јас дека навистина ќе се случи тоа, освен ако оние што ги повикуваш не мислат дека се тоа одамна познати тези (пардон: сфаќања), едните „за словенството и пансловенството“, а другите „за мешаните трици“, па ќе сметаат дека не вреди да се троши време на вакви теми. Мислам дека бев сосем јасен со моето сфаќање за твојот „идентитетски земјотрес“ во Македонија, за тоа што значи политичката стимулација и интервенција во потрага по пославно минато и што мислам за епидемијата со антикоманијата. Тоа го расчистивме, нели, со очигледен заклучок дека не можеме да се разбереме, оти ти упорно ги застапуваш интересите на политичката опозиција, а јас на политичката позиција. Нека остане така, па за „земјотресот“ нека се произнесе македонскиот народ, кој, според тебе, најмногу настрадал „а ние“ сме го довеле целосно во некаква „земјотресна заблуда“, па тој, кутриот, не може да се освести од силните „антикомански болки“.
Ероле, не два пати, туку и пет пати ќе „тропам на отворена врата“ за да ти кажам дека имаме дијаметрално спротивни сфаќања за суштинското значење на синтагмата „културно наследство“, поради кое и доаѓа до овие недоразбирања. Разликата во тие гледања е во тоа што јас мислам, покрај другото, дека доминантното културно наследство игра важна улога во формирањето на идентитетот на секоја популација и со своите вредности придонесува да се „доизградува и да се одржува“ таа „идентитетска куќа“, а ти упорно ми кажуваш дека тоа културно наследство е едноставна појава кај секоја земја и дека се тоа обични „своински односи“ без никаква суштинска еквиваленција меѓу сегашноста и минатото. И второ, ти ги бркаш лончињата и триумфално објаснуваш дека „јазикот што го зборуваме, ова писмо на кое пишуваме, овие цркви и оваа вера, чии живи споменици се тие во генот на луѓето“, а јас ќе ти повторам и стопати ако треба, дека тоа не го негира никој и дека тоа е елемент, еве ако сакаш толку, „силен елемент“ во составот на идентитетската маса на еден народ, во случајов на нашиот народ.
Ама кога велам дека си ги измешал лончњата, мислам на фактот дека ти не ги разликуваш поимите, од една страна, што е тоа материјално културно наследство, материјална култура, а од друга страна што е тоа духовно (или сега нематеријално) културно наследство, духовна култура. Човеку, минатиот пат јас ти напишав (ама немаше доволно место во весникот за тој дел од текстот), па сега еве, тоа ќе го додадам: Знам дека ти е јасна мојата „филозофија на гледање на македонските идентитетски работи“, ама, за моја жал, и знам дека не ти се допаѓа. Е, ако де... Само да ти повторам: за жал (повеќе моја, отколку твоја, бидејќи јас сум археологот, а не ти) на македонските простори словенската материјална и духовна култура во „словенско време“ до Светиклиментовиот проблесок (материјалната до Турско и потоа) е еднаква на низок едноцифрен процент, додека античката материјална и духовна култура во „античко време“ е исклучително блескава. Но, тоа се само археолошки констатации (за тебе, секако).
Чекај сега, не брзај: сакам повторно да ти потенцирам дека станува збор за материјална и духовна култура во „словенско време“ до Светиклиментовиот проблесок (материјалната до Турско и потоа), што значи, Ероле, никогаш не сум мислел, ниту „сум проповедал“ дека духовните придобивки од Светиклиментовата мисија се за маргинализирање, а тоа сум го докажал, јас и „моите истомисленици“ со тоа што го работиме, со вложување себе си во зачувување, оживување и реминисцентна примена на вредностите од таа мисија на „првиот словенски епископ“ со кого се гордееме не само ние, туку и целиот словенски род.
Јас зборувам за еден друг „суров“ факт: за недостатокот на словенска материјална култура (материјална, „тродимензионална“, не духовна) која не' загрижува повеќе нас, археолозите, отколку сите вас другите. Зарем не сакам јас, како археолог, да пронајдам богати артефакти од Самуилово време во Самуиловата тврдина која ја ископавме речиси до „гола карпа“ и се' најдовме, освен тоа „нашето“ (барем досега, камо среќа да ни се случи пријатно изненадување во малиот, преостанат дел од централниот простор на ова „моќно жариште на словенската материјална култура“). Не ги негирам сите словенски вредности и доблести (јазикот, писмото, црквата; извини: на кои други словенски цркви од средниот век ти мислиш?), туку велам дека, покрај нив, има и уште други вредности што извираат од нашата почва и влијаат во создавањето на идентитетот на македонскиот народ. Па ајде, со тие твои воздишки „аман бе Паско“, „како бе човече“, „браво бе Паско“ или со онаа интерпретација во врска со Илијадата и со твојот крик: „Аман, аман, веруваш ли во вакви будалштини“. Знаев дека тоа ќе го искористиш, и така би. Лав си, нема што. А за „салто морталето“ во врска со Киро Глигоров и Љупчо Георгиевски, пак јавно ќе те прашам: зарем навистина мислиш дека тие, покрај тоа што се добри и високодострелни политичари, се и добри и високодострелни научници?
Што се однесува до Светиклиментовата црква „Св. Пантелејмон“ на Имарет/Плаошник што и да кажам, ќе те разбесни. Димче Коцо беше не само твој, туку и мој омилен историчар на уметноста, но за волја на вистината, тој не ја откри Светиклиментовата црква меѓу ѕидовите на Султен Мехмед џамијата заедно со Светиклиментовиот гроб, туку тоа го направи Кирил Прличев, синот на Григор Прличев уште во 1942 година. Него во раскопките го наследи перспективниот историчар на уметноста, тогаш младиот Димитар Коцов, кој подоцна, во 1948 година ја објави прекрасната статија „Климентовиот манастир Св. Пантелејмон и раскопките при Имарет во Охрид“ (Зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, 1948, 145). Тоа, едно. Второ, пак, за твоја информација, остатоците од Светиклиментовата црква „Св. Пантелејмон“ беа со документ културно наследство на Р. Македонија, но никогаш со документ не беа културно наследство на Р. Македонија остатоците од Султан Мехмед џамијата. Тоа можеш да го провериш во сите архиви и во надлежните институции во Охрид и во Скопје. Остатоците на Султан Мехмед џамијата беа навистина чувани од надлежните институции, но заедно со дополнително поставената покривна конструкција само како заштита на остатоците од живописот и ѕидните партии од урнатата до темели Светиклиментова црква, а во која беше и гробот (и сега е) на најголемиот светител и просветител на словенскиот род св. Климент Охридски.
Тој гроб и црквата со фреските внатре меѓу темелите на џамијата сигурно беше некој „несреќен случај од XV век“, па џамијата не можеше да биде изградена покрај Светиклиментовата црква, туку мораше преку неа, па сега ни создаде проблем бидејќи на едно исто место не можевме да ја возобновиме и црквата и џамијата, туку моравме да ги тргнеме остатоците од џамијата која не беше во функција повеќе од двесте години, за да можеме да ја подигнеме црквата која требаше да биде функционална и да го ослободиме гробот на Светителот од ѕидовите на другата религија. Султан Мехмед џамијата и Светиклиментовата црква, заедно со паганскиот Дионисиев храм, заедно со големата ранохристијанска базилика и заедно со малата тролисна црква која ја обновил св. Климент, сите на еден ист простор (но во различни времиња) имаат една друга голема историско-филозофска мисија, како универзална вредност на три светски фундаментални сфаќања за животот, паганска, христијанска и муслиманска, сите на едно место, повторно „универзално свето место“, кое ти, очигледно, ќе го разбереш како „талибанско сфаќање и талибанска филозофија“. Да ти кажам, пријателе, една „непознаница“: во „талибанската мисија“ на Плаошник, освен „археологот-Талибанец“ учествуваше уште една голема личност: Исус Христос! Ти благодарам однапред, како ова ќе го протолкуваш. |
|
Статијата е прочитана 2732 пати.
|
Испрати коментар
|
|
dupli, 11.04.2012 00:36:20 | господине паско,остави ги овие работи да се дообјснувсш на луге што не сакаат да сватат дека светот се врти.работи си ја ти својата работа,а ние ке судиме на избори. |
| Od Toni, 11.04.2012 01:01:26 | E moj sarlatanu se poistovetuvas so Isus.Samo takvi kako tebe mozat da se sporedat so Isus.Te znaeme kako crvena para koj si i sto si.Umesna e sporedbata na Erol so talibancite go srusi kompleksot imaret (srusi e blag zbor)odnosnogo minirase, ne pokazuvajki nitu trunka griza na sovest ili respekt kon eden takov objekt koj sluzel ne samo za Muslimanite tuku i na pripadnicite na drugi religii. Koj si ti da odlucuvas dali dzamijata vo Prilep ke bide otvorena za izvrsuvanje na bogosluzba na pripadnicite na Islamskata religija, ili taa ke bide navodno nekakov muzej.Ne zaboravaj pripadnicite na islamskata religija vo nasata zemje te zigosaa kako muslimanski dusman. No ne zaboravaj deka ke dojde krajoti na ovaa vlast pa te prasuvam kade ke se kries togas. |
| Петре, 11.04.2012 01:12:24 | Господине Кузман Паско или Паско Кузман, вие прво треба да се изјасните од која сорта сте. Ние Македонците (македонските Словени) и нашиот убав славјански македонски јазик разликуваме додавки -ОВ, -СКИ и -ИН за презимињата, со што презимињата стануваат описни зборови т.е. придавки. Вие имате две имиња, веројатно по антички стил (?) и не знам кое ви е име кое презиме. Вие можеби сте некаков антички, потомок на Александар или на Букефал, ваш избор, но не ни го наметнувајте нам тоа ваше античко хеленско потекло. Историја на територија и историја на народ се две различни нешта. |
| Istoricar na umetnosta i arheolog, 11.04.2012 01:25:01 | Nema prostor za dijalog po tvrdenjeto na Pasko deka toj gi zastapuva interesite na politickata pozicija. I uste tvrdi deka tragite na slovenskata materijalna kultura i duhovnost, na pocvata na Makedonija, se niski, za razlika od antickata bleskava zaostavstina. Aman be Pasko, nemoj so takvi prizemni stavovi, ne sporeduvaj artifekati na varvari so ostavstina na razviena civilizacija. |
| xcfghujiko, 11.04.2012 01:31:33 | E Pasko,Pasko, ne badijala e kazano vo Turcin vera da nemas. Toj smisleno se obiduva da ti gi izmesa loncinjata no kako sto ubavo si kazal na krajot Isus e tuka da go cuva i obnovuva duhot hristijanski. A toj i negovata kujna od Bihacka tolku krokodilski zagrizeni za slovenstvoto sto ispratija studenti arhitekti da go odbranat da ne bide izmesano so antickite trici. Ke se tropa uste za cudoto vo Sv. Dimitrija i ke se obidat da go zamackaat i poklopat so sekakva necistotija no prasanjeto e zosto vlagata ne predizvikala reakcija porano, vo zimskiot period koga bila i pokoncentrirana i zosto samo vo edna crkva? Da, prethodno spomnav deka RESTAVRACIJA i re/prezentacija na antikata i celoto kulturno nasledstvo ne e osudeno od haskiot sud. A necii zborovi imale dusa i mozele da gi slusnat i zidovite koi nekogas imale usi no da ne pretendiram na cudo iako za mene toa ne e prvo a se nadevam ne i posledno, fala Bogu. |
| Читател, 11.04.2012 01:35:44 | Веројатно Паско со својот часовник-времеплов го донел Исус во Охрид да му помогне околу изградбата на Плаошник. Мислам дека тука треба да запре секоја понатамошна полемика. |
| pasko nagovestuva direktni vizii od Isusa, 11.04.2012 01:45:34 | V odo go tio ovaj aheologTalibanec nagovestuva deka vo misijata na Plaosnik imal direktni vizii ne so bilo koj ami direktno so Isus Hristos?! Navistina kako i pametot i razumot , taka i vudakstinata i gluposta se Boizja darbina.Nekoi se darbosani so tie osobini do bezgranicnost. |
| Mustafa Passa-Skopski, 11.04.2012 03:06:03 | Pred nekolku godini Pretsedatelot na Vrhovniot Sud na Amerikanskata drzava Alabama bese razressen bidejki postavi Statua na Biblijata vo Sudot. So posledniot pasus Pasko jasno izjavuva deka e toj drzaven arheolog samo na sledbenicite na Isus. Toa go stava na prvo mesto na evropskite Talibanci- se sto kje pronajde a ne e odobreno od Isus kje razrusi. Bi trebalo posle ovoj tekst da si podnese ostavka- bidejki vo RM ima materijalna kultura i na Muslimanite i na Evreite a bogami i na Ateistite. Site go plakjame da raboti za drzavata a ne za eden covek.
Dodeka javnite funkcioneri ova ne go sfatat nema da ima civilno opstestvo. Za zal mnozinstvoto od gragjanstvoto ova ne go razbira-seuste! |
| arheolog, 11.04.2012 06:46:53 | Ne e problem sto Pasko, po obicaj, si trese zeleni, sega e demokratija, ima pravo na toa, no.....zosto Vie go objavuvate? Mislam deka so toa Vi pagja popularnosta na vesnikot..... |
| nacional-patriot, 11.04.2012 07:27:04 | Samo makedonskiot narod ima pravo na imeto Makedonija,bidejki toa ime e etnicko za Makedoncite.Sekogas niz istorijata toa ime bilo etnicko za Makedoncite niz vekovite.Nikoj drug narod ne go koristel toa ime.Atina saka da go prisvoi toa ime,iako pred 1988 godina za Atina toa ime bese tugjo i ne go smetase za nejzino.Sofija go upotrebuva imeto Bugarija/Blgarija koe e so tursko poteklo.Ne dolikuva za mnozinskiot narod vo takanarecenata Bugarija da go koristi toa tursko ime Blgarija.I edno pojasnuvanje.Bitolskiot dijalekt e proglasen za literaturen jazik, isto kako kopenhaskiot dijalekt koj e proglasen za literaturen jazik vo Danska. |
| pameten, 11.04.2012 07:39:52 | Ne e sramno deka nashite Sloveni nemale golema materijalna kultura,kako ne e sramno deka Makedonija propushtila barokovata era os 4 veka. Istorijata mora da se prifati kakva shto bila. Svetiklimentoviot problesok bil drzhavna politika na Bugarskiot car Boris I. Crkvi i univerziteti bile izgradeni vo celoto carstvo, najvazhnite bidejki ovoj vo glavniot grad Pliska i vo ovoj vo Ohrid, no imalo i drugi (eden od niv izgraden od Sv. Naum bil vo deneshna Romanija). Prifakjaneto na Hristijanskata vera i na Slovenskiot jazik kako grzhavni vo dotogash paganskoto carstvo stavilo pochetok na Slovenobugarskata kultura, koja shto podocna se proshirila vo Evropa. Makedonskite zemji (koi shto togash ne se narekuvele Makedonija) se edna od kolevkite na Slovenobugarskite jazik i kultura. Ova nasheto najgolemo kulturno nasledstvo. |
| B. Betinski, 11.04.2012 08:17:11 | Covekov ednostavno poim nema sto tropa. Opsto mesto vo naukata za jazikot e deka, covek, dvpati se ragja: ednas od svoite bioloski (materijalni) roditeli i vtorpat od svoite duhovni (jazikot). Covek se razlikuva od drugite zivi sustestva po svojata duhovnost (jazikot), a ne po materijalot (ednakov za rastenija i zivotni). Osven toa, licniot identitet e konkretna rabota, a pak nacionalniot apstraktna kategorija. Koga ne bi bilo taka, ne bi mozele nekoi 5 000 Makedonci da stanat Bugari zaradi pasosi bez nekoi osobeni teskotoi. Ete zosto se sto tropa toj kuti Pasko Kuzman nema ni glava ni opaska. Ocigledno, po tie prasanja e apsoluren igneronat, kako i vo arhelogijata, najverojatno. |
| Stipjanec, 11.04.2012 08:29:50 | Znaete li sto e osnovniot problem kaj nas, vo Makedonija? Sekoj poveke saka da ja znae tugata profesija, odosto svojata, za koja ucel na fakultet i so koja si ja ostvaruva svojata egzistencija. Erol e odlicen novinar, i neka bide novinar! Pasko e odlicen arheoilog, i neka bide toa sto e - arheolog. Veruvajte Svetot ni se smee so ova sto go pravime, stanavme skoro site SARLATANI od vidot na Milenko & Company,LTD. Kaj nas ima ODLICNI strucnjaci od sekoja bransha, zoshto gi stavame vo aut. Akademik Petar Ilievski e cenet sekade vo svetot, ama kaj nas nikoj ne go tefteri, bidejki ja znae NAUCNATA vistina za Makedonija, AMA, toa ne se vklopuva so dnevno-politickata t.n NAUKA! Kade se i ostanatite Akademici, Profesori, Arhitekti, Istoricari, da se POJAVAT, i da go prekinat ova degradiranje na NAUCNATA VISTINA, koe ke predizvika ogromni steti na site nas vo Makedonija! |
| пријател, 11.04.2012 08:36:18 | Паско не е научник и археолог.Паско е обичен шарлатан.Научник во текот на истражувањата не се раководи по „своја филозофија“која некому(на Ерол)му се „допаѓа“или не и не застапува ничии политички интереси,туку се служи со точно формулирани научни методи,и не го повикува народот на избори да ја оцени неговата научна работа,туку своите наоди ги изнесува пред светската научна јавност и од неа бара потврда за својата работа.Идентитетот на еден народ е определен од неговото потекло,па според тоа го сочинуваат јазикот,писмото,обичаите,културата,верата(може но не мора)и сл.По сите овие критеријуми ние сме македонски словени,без разлика што нашите предци оставиле(според Паско)„едноцифрен процент“на материјална и духовна култура за разлика од античките народи.Нормално дека постои влијание од други народи и култури,но како на нас може да влијаат неписмените,прости и заостанати ант.македонци,на нас кои сме дошле 1000 години после смртта на Александар? |
| milan, 11.04.2012 08:46:10 | Takvi kako Pasko koj go ponizuva mojot jazik, mojata slovenska kultura,pa i mojata religija, pa ako sakate i mnogute slovenski dejci- ne zasluzuvat moja pocit.Sto cekat pravite poznavaci na arheologijata i istorijata na umetnosta da dadat svoj sud.Poraka do g-dinot Erol: Polemikata e smislena vo nekoja DPMNE kujna za da ve odalecat od mnogute zeski temi koj go zasegat ovoj narod, da ne pisuvate za niv. |
| Наташа, 11.04.2012 09:27:04 | Опрости Ерол што ти се обраѓам преку статијава на Паско. Искрено те молам престани да му реплицираш на човечево. Тој тоа воопшто не го заслужува, напротив само му овозможуваш да ги извади своити непристојни мисли преку неговиот вулгарен речник. Ниту весников ниту пак ние,редовните консументи не го заслужуваме ваквиот (не)вкус на Паско. |
| Marioec od Azija, 11.04.2012 09:33:26 | Pasko daj prekini so polemiki so Erol.Samo mu davas moznosti da si filozofira i pametuva bez da kaze nesto bitno sto go zasega napateniov narod.Jas ne se cuvstvuvam ni anticki ni slovenski nego se cuvstvuvam samo kako Makedonec iprestanete so gluposti.Toni kako ne ti e stram da go vredjas covekot bez da go znaes i poznavas.Erol so negovite so trskite i stapcinata pred 100 godini ja napisaa istorijata i taa e samo vistinata,sto znaat denesnive Arheolozi i istoricari,koi rabotat so najsovremena i najsofticirana tehnlogija vo sporedba so niv.Inaku Pasko zainteresiraj se za Dr N Zimermman vo momentov raboti na otkrivanje na grobot na Petrus(Petar)vo Vatikan,ima sto da se cue i ce bidat nekoi raboti pojasni kaj nas.
|
| Исус Навин, 11.04.2012 10:02:10 | Потврдувам , под морална и материјална одговорност , дека на Плаошник работевме заедно со мојот пријател , палеолитскиот талибанец Паско! |
| Gargamel, 11.04.2012 10:09:50 | Ниското ниво на интелектуална,стручна и професионална дебата,од твоја страна,ми дозволува,за кое јас лично многу жалам,да ти се обратам со Паско.Ти мислиш,види молим те мислиш,чудо,’’дека доминантното културно наследство игра важна улога во формирањето на идентитетот на секоја популација’’,да Кузмане,ама не туѓото,само нашето,само моето.Ќитењето со туѓи перја не нагрдува.Смешно ќе е да не е болно до очај.Но определувањето на твојата припадност кон позицијата доволно зборува за тебе.Во стручниот свет нема позиција,опозиција.Или си или не си стручен,професионалец.Доста со ’’ноќе гради,дење откопувај’’,па и артефакти.Па и со скопското кале,дотерајте го,па и вклопете го со барокот на Скопје 2014,и новата историја на фасадата на МНР за која фи недостига уште бистата на цар Борис,ушка сите да се носите. |
| Љутви, 11.04.2012 10:10:11 | Колкупати Тито во слободата се содржи, о колкупати? Паско наречен смеа повторно нешто се мачи. Не излегол од комунистичката матрица па повторно оперира со термини како “духовно наследство“. Па и тука не можеме да отидеме отаде Турцитеи евентуално Византија. Штета што се замлатуваме со вакви шарлатани. Кога ќе пројде лудилово, луѓето ќе ги сметаат за шарлатани, а не како злосторници, и тоа е најстрашното... |
| Pak promasaj, 11.04.2012 10:36:08 | Povtorno promasena temata, no verojatno i nemoze da bide poinaku. Zabegavte vo arhologija a temata e kulturoloshki fenomen. Zboruvajte za toa sto se sluciva denes i sto site go gledame i ziveme. Zosto pred 6 god. nemase kostumi na anticki makedonci na drzavnite proslavi a denes ima i na sportskite natprevari!!! Toa e temata dragi moi. Kako se sluci taa brza tranzicija, sto ja potiknuva, koj e karot/stetata itn.
P.S:
Inaku, makedonksta kultura e turska drag moj Pasko, mozete da nosite anticki stitovi i slemovi kolku sakate no potoa ke idete na kebap, na sarma ke si gi soblecete kondurite pred da vlezete vo kuka, ke zboruvate so turcizmi i tn. |
| Македонец, 11.04.2012 10:48:38 | ДО ПЕТРЕ, Македонскиот Словен... од каде си толку сигурен дека потекнуваш од Словени?! Имаш генеалошко стебло?!?!?!? Во Македонија до ΧΙΙΙ век покрај словенските племиња се населени севкупно 13 различни народи и племиња, од кои дел се од турско потекло (печенези, Узи, Кумани, Турци итн.) и биле во доволно голем број да ја променат демографската состојба...бидејќи и тие биле покрстени и оделе во истите цркви, погоди каков процес се случил... така да јазикот и културата немаат врска со етничкото потекло какво што вие го разбирате, дека сите потекнуваме од словени... меѓутоа кој не си ја знае вистинската историја, ке ја вергла исполитизираната историја создадена во врмене на СФРЈ... |
| Шарлатани напред, 11.04.2012 10:58:00 | Види чудо (во Македонија секој ден по некое чудо), Паско ми ти бил роднина на Исус Христус па заедно граделе а тие паганите уривале. Каде беше Паско да ги спречиш. Туку ај дообјасни по која лиија сте роднини со Симеон Радев и цар Борис (на кого наскоро ќе подигате споменок среде Скопје). Со еден збор каде сте тргнале Кузмане? Шибајте вие и џенем фатете каде сте тргнале, остајте не нас да си го живееме овој мизерен живот, не ни го загрозувајте, не се изживувајте - белким и ние имаме право на свој живот. |
| edikojsi, 11.04.2012 11:44:39 | Se mi se cini deka i vie od utrinski ja fativte politikata na slavnata A1. Objavuvaj komentari samo ako se vo interes a vasata politika i od vreme na vreme pusti po nekoj kolku da se rece deka ete ste objektivni i taka. Samo taka veruvate deka ke mu pomognete na Erol vo negovata polemika za plukanje po Makedonstinata. |
| Nikola, 11.04.2012 12:56:28 | Европа и САД за историјата на Македониjа - http://bkks.org/forum/index.php/topic,2005.0.html |
| astrolog, 11.04.2012 14:55:16 | Makedoncice kako slovenski narod se prvite koi ziveele na svojata teritorija pred nasata era.drugite doseluvanja posle novata era 6 i 7 vek bile malku i neznacitelno, gi prifatile i zaednicki vo kontinuitet do denesen den |
| Ајван Доктор®, 11.04.2012 17:50:46 | Сега е веќе појасно зошто се проплакнуваат златните делови од фреските во „Св.Димитрија“!Јасно е и дека Исус ги измешал прстите на Плаошник!Ах,каква наука!Та,ако сме се залагале да го откриеме првобитниот облик на Светиклиментовата црква-Султан Мехмед џамијата,зошто тогаш не сме ја реставрирале како Дионизиев храм!Зарем Св.Климент со градењето врз тролисна ранохристијанска црква не извршил насилство слично на она со кое врз црквата е изградена џамија?!Зарем нашето богатство не е токму во постоењето на сите овие култури (паганска,христијанска,исламска)?Проблематично е размислувањето кое дава приоритет на денешнината,занемарувајќи го минатото!Колку и да се рушат претходни градби затоа што биле резултат на турско,грчко,бугарско,српско,римско и било какво„ропство“постоењето на овие цивилизации,многу пред современата антика,се реалност и не можат да се избришат со едноставно рушење,или со бришење документи!Уште само,бришењето да го прогласиме за „божја волја и желба“и сè ќе биде појасно! |
| Гинеколог, 11.04.2012 17:51:30 | Астролог , имаш некој доказ дека Македонците биле овде п.н.е.? За преселбата на Словените во 6-ти и т-и век има милион докази! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 17°C
Претежно облачно
|
Вторник
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 7°C
|
Среда
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
|