10.04.2012, 17:02 Поглед
Фреско-лустрација
Слободанка Јовановска
Операција „реставратор“, „фреските се лустрираат“, „зошто не се случи чудо и да се наполни буџетот на Македонија“ - се некои од забавните и сурово реалистички реакции по веста дека во црквата „Св. Димитриј“ се случило чудо преку ноќ, односно фреските самите се прочистија. По еден ден фасцинираност, стигнаа првите експертски и научни објаснувања, а едно од нив е дека вакво подмладување на фрески е забележано стотина пати во цркви низ светот и има пославни епизоди од оваа во Македонија.
Дека е повеќе природна појава отколку чудо, дека е хемиска реакција, а не феномен и дека можеби заиграле и крпи, поради тврдења на некои граѓани во контактните емисии дека виделе човечки, а не божји раце на дело...
Како и да е, Македонија се најде на страниците на светскиот печат, вклучувајќи ги и влијателниот „Вашингтон пост“. Во светот во кој главната вест е нонстоп зголемувањето на цената на нафтата и економската криза, во кој реалноста е сурова за мнозинството од жителите, чудата очигледно се првокласна вест. Откако со децении светските медиуми известуваа за чудото „Лох Нес“, па на крајот се дозна дека приказната била измислена од туристички причини“, зачудува колку ваквите чуда и натаму наидуваат на масовен третман во медиумите. И дека е доволно еден да поверува и да извести за тоа, а сите некритички да го преземат. Цивилизациско чудо е всушност што по волку примери, објавувањето вакви вести добива замав во целиот свет, што се виде и на 1 април, кога измислените вести осамнаа како сериозни. Сензационализмот секогаш бил придружен елемент на новинарството, но кокетирањето со суеверија ја одзема смислата на информирањето. Ако им се верува на експертите, чудо веќе не е да се исчистат фреските, туку на пример, ако се разбудите едно утро и си ги видите ѕидовите дома исчистени, а вие во тоа не сте учествувале.
|
|
Статијата е прочитана 1582 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Toni, 11.04.2012 00:45:18 | slobodanka, ti veruvas vo Bog? ili soglasno so tvoeto (ne)znaenje si vleces zaklucoci ? |
| jovan, 11.04.2012 00:56:43 | Vo zemjata na cudata, sekakvi cuda se vozmozni. Prost narod, mnogu volna. Vo sekoj slucaj, ona sto imavme prilika da go vidime denovive okolu ova *cudo* i izjavite dadeni od gragani, a i od onaa direktorkata za*religija*, moze slobodno da se kaze deka svesta na ovoj narod e na nivo od 15ti vek. Uste po zalno, a i strasno, sto vo vakvi prikaski ucestvuvaa nacionalni televizii, direktori na drzavni institucii..... |
| USA, 11.04.2012 01:34:23 | A za Veligdenskiot Post da kazese nesto. Tuku, ni postis ni veruvas. A, i nie ne ti veruvame. |
| Реален, 11.04.2012 02:24:19 | Се согласувам со вашите ставови Јовановска, но морам да ви замерам на текстот: Ако ве��е наведувате дека експертите откриваат дека постоеле стотици вакви случаи, дајте напишете кој е изворот со име и презиме. Ако изворот не сакал да биде цитиран, зарем не му е срам нему самиот што се плаши јавно да зборува за тема од неговата (техничко-научна) професија? Ајде да е бизнисмен па да му е страв да зборува за политика, но ова е жално! |
| Bogoja Struga, 11.04.2012 02:47:45 | Gospogo samo dva zbora ZASTRAMETESE .Neznam navistina koj te placa.Dal barem vo edna tvoja kolmuna da procitame nesto pozitivno za Makedonija.Izgleda ce bidite najsrecna ako eden den iscezne Makedonija |
| milan, 11.04.2012 07:49:38 | Cudo e kako proizvoditelite na aparati za cistenje so parea ne se dosetile da go iskoristat ova. |
| Marioec od Azija, 11.04.2012 08:58:23 | Bogoja sto se cudis,doticnava so Erol se polni so frustracii pa si gi lecat so pisuvanje negativni raboti protiv drzavata,a i da ne te cudit nisto od niv,niedna kolumna ne e so fakti i studiozna rabota nego zasnovana na rekla kazala i filozofiranje so nebitna i prazna sodrzina.Pogledni gi nejzinite intervjua sto gi imat vodeno pa se ce ti e jasno.Inaku se tie eksperti za se i sesto samo ne za novinarstvo.znam deka ponovo ce ima cenzura no setete se sto vi poraca covekot vo posledniot odgovor minatiot pat za sloboda na mediumite. |
| Богослав Мислешево, 11.04.2012 09:33:20 | Богоја , ЗАСРАМИ се! Ти ли ќе зборуваш за македонштина , а не го знаеш македонскиот јазик! Се вели ЗАСРАМЕТЕ СЕ , а не ЗАСТРАМЕТЕСЕ!!!Неписмен човек! |
| Neka narodot se raduva, 11.04.2012 09:55:00 | G-dja Jovanovska., nemojte da mu ja rasipuvate nradostra na ovaj zabluden narod. Vprocem so ekperstski objasnuvanja za pojavata se javi i onaa nasa Marija Magdalena- Makedonska( onaa de zadolzena za verski prasanja.SA onaj ekspoerst sto se drzna( Balabanov) da so nekakvi naucni tezi objasni deka ova ne samo sto ne e cudo , no se slucuvalo od odredeni prirodni pojavi ,a delumno e od covecka ( skriena ) raka, ce bide anatemisan od nasiot Kaifa i mozebi strogo kaznet kako eretikVprocem ne slucajno i Ivanom mu objasni na vartolomej za cudata sto se slucuvaat vo bibliska Makedonija. |
| Gargamel, 11.04.2012 10:35:41 | Та USA,та Богоја,та останатите верници,дајте ни право и на нас неверниците,рајата да го дигнеме својот глас против замајувањето на умот на овој осиромашен народ,против враќањето восредниот век,против тортурата на умот со се што околу нас и на нас ни се случува.Јас сакам моите деца да живеат во здрава,богата,безбедна,стандардизирана по најновите технички и професионални норми Македонија.Сакам моите деца да се рамноправни во секој поглед со германските,шведските,швајцарските деца и нивнната можност за работа и заработка,за се она што значи подобар живот.Зошто да не?Доста ми е од манипулирање,средновековие,крадење на туѓи истории,барок,бркање по контејнери,бркање во мојот празен џеб на разни елемовци,топлификации,вртелешки,пајтони,бензински шокови,данок во крв на политички лепачи на плакати,квази министри,доктори и докторанти,Аџибадем,Ремедика,актуелната македонска реалност.Чудо е нели? |
| Прилепчанец, 11.04.2012 18:21:09 | Почитувана,
стојам зад Вашите гледишта и интерпретации, но не и зад зборот „волку“. (од секому познати причини...........)
Поздрав,
Прилепчанец.
Р.Ѕ.: добронамерна (конструктивна) забелешка. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Ведро
|
Петок
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C
|
Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C
|
|
|
|
|
„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“ |
|
|