Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
10.04.2012, 18:15

Мислења

Македонија, Путин и НАТО

Нано Ружин

Русија е заинтересирана за стабилноста на Македонија. Сепак на средба со лидерот на грчката Нова демократија Самарас, Путин ги разочара македонските антички Македонци

Македонија и Путин имаат многу заеднички нешта. Кога во 1990 г. Македонија отпочна да се подготвува за независноста во Санкт Петербург започна метеорската политичка кариера на идниот најмоќен човек на Русија, Владимир Путин. Во 2000 година Путин беше избран за претседател на Русија, токму кога во Македонија беа регистрирани првите кампови за обука на борците на ОВК.

За време на кризата во Македонија, на заедничката конференција со францускиот претседател Жак Ширак, на 2.8.2001 година од Москва порачаа дека „со екстремистите на ОВК не смее да се воспостави дијалог“. Подоцна на 24.8.2001 година на средбата во Киев претседателот Путин се посомнева во успехот на псевдомировната операција“ на НАТО во собирање оружје. „Потребно е блокирање на каналите за дотурот на оружје. Згора на тоа, се работи за терористи, а не бунтовници кои претендираат да покажат дека, наводно, се загрижени за хуманитарните, религиозните и лингвистичките проблеми. Тие настојуваат да ги сменат границите на Европа. Тешко е да се поверува дека ќе го вратат оружјето“. Во својот одговор претседателот Трајковски истакнал дека „сега бил погодниот момент“ Русија и Македонија глобално да го решат проблемот на Балканот. На оваа средба во Киев, Македонија од Украина, со благослов на Путин, купи четири авиони „Сухои-25“, 6 хеликоптери „Ми-24“ и четири хеликоптери „Ми-8“.

Во овој период почна и скокот на популарноста на „рускиот цар“ меѓу македонските православни политичари и интелектуалци. Дел од нив дури препорачуваат да ја „читаме Русија и да ја пишуваме Македонија“, прогласувајќи ја транзицијата на Русија за вистински модел за Македонија. Некои елементи од методите на Путин, како што се контрола на медиумите, врамување на цивилниот сектор, уцена и апсење на тајкуните, политички судски процеси и заплашување на интелектуалците, дозирана демократија и сл. ги запознавме во изминативе шест години на владеење на најправославната партија на Македонија - ДПМНЕ. Дека Путин е мошне популарен во Македонија потврди и неодамнешното испитување на агенцијата „Рејтинг“ според која тој, заедно со Ангела Меркел и Барак Обама, е најпопуларниот светски политичар во државата.

Од геополитички аспект на Москва, Македонија не е атрактивна со оглед дека нема излез на море. Во епохата на проширување на Алијансата, Русија не покажа некоја голема стратешка афектираност за нашето евентуално членство као што тоа беше случај со балтичките земји. Следејќи ја логиката на пансловенизмот и православието, Русија е заинтересирана за стабилноста на Македонија. Сепак на средба со лидерот на грчката Нова демократија Самарас, Путин ги разочара македонските антички Македонци. Зборувајќи за кризата на грчкиот долг, Путин се повикал на примерот на најславниот антички император Александар Македонски. Тој во свое време за да ги реши економските проблеми објави војна и ја освои Персија. Денес Грција не е во состојба да се бори.

Сличниот путиновски сомнеж може да послужи и во оценките на Самитот на НАТО во Чикаго. Македонија и Црна Гора нема да добијат покана за членство. Босна и Грузија нема да добијат Акционен план за членство, а Путин нема да патува во Чикаго ниту ќе учествува во работата на Самитот. Ако за проширувањето однапред можеше да се предвиди неповолниот епилог, Алијансата одамна го беше најавила работниот состанок НАТО-Русија со учество на Путин, Обама и сите останати шефови. Меѓутоа, минатата недела се огласи скептичниот генерален секретар на Алијансата Андрес Фог Расмусен: „Минимални се изгледите дека во Чикаго ќе се одржи состанокот на врвот меѓу Русија и НАТО. Зборував со претседателот Путин и заеднички констатиравме дека е ова мошне тежок момент за одржување на средбата со оглед дека политичкиот календар на Путин е мошне густ“. Меѓутоа, зад овој официјален дипломатски изговор се крие една друга реалност. Изгледа дека се' се врти околу ракетниот штит околу кој никако не можат да се нагодат Русија и Америка. Законот во НАТО сугерира: секогаш кога ќе се јават проблеми на релација Русија и НАТО, насочи го ретровизорот кон односите меѓу Москва и Вашингтон. Овие односи се усложнија по изборната победа на Путин, која од страна на Вашингтон беше оценета како нелегитимна. Интригите одеа до таму што наводно и Барак Обама официјално не му честитал на победата на старо/новиот руски цар. Конечно портпаролот на Белата куќа официјално честитал на победата на Путин, под изговор дека доцнењето се должело на презафатеноста на администрацијата. На крајот на март Обама му телефонирал на Путин и во долгиот разговор му честитал на победата и официјално беше признат за легитимен победник од страна на САД. На овој начин позитивната еволуција која почна со ратификацијата на Руско-американскиот договор СТАРТ-3 за смалување на стратешкото нуклеарно оружје од декември 2010 година беше заокружена. Сепак руската дипломатија си остави една резерва. Според амандманот усвоен во Думата при ратификацијата на овој договор, Русија си го задржала правото да се повлече од договорот СТАРТ-3 доколку се реализира проектот за антиракетниот штит кој би ја смалил ефикасноста на руските нуклеарни сили. Руската дипломатија исто така одбива да е монета за поткусурување меѓу Вашингтон и Пекинг. Во оваа логика институционалното приближување меѓу НАТО и Русија според Кремљ означува: прво, сведување на Русија на една организација и на една географска зона, чија улога е во заоѓање. Второ, тоа би значело и промена во односите со Кина со оглед дека НАТО-руската приказна од страна на Пекинг би се протолкувала како ексклузивно диригирана против Кина.

Односите со САД остануваат примарен императив за Кремљ. Повторниот избор на Путин му дава предности во однос на Обама, со оглед дека преговорите околу антиракетниот штит траат уште од времето на претседателот Буш. Од тој период Путин заклучил дека ниту еден џентлменски договор со Буш не бил почитуван од САД. Овој пат Путин е решителен да ја истера својата игра врз основа на научените лекции од претходните преговарања со САД околу СТАРТ и СТО. Во преговорите Путин покажал крајна строгост и непопустливост. Отсуството на Путин во Чикаго би бил првиот чекор на незадоволството на Москва кон НАТО. Останатите чекори ги дефинира во ноември 2011 година претседателот Дмитриј Медведев, а тоа се: инсталирање радари во Калиниград, засилена заштита на стратешките нуклеарни центри, користење боеви глави кои би го пробиле АБМ, инсталирање нови системи на ударни ракети земја-воздух насочени кон државите членки на Алијансата, а на дипломатски план продолжување на дијалогот со НАТО, отстапување од политиката на разоружување со можно повлекување од СТАРТ-3. Русија настојува да ја оживее организацијата со соседните држави, поранешни членки на СССР, во која покрај неа членуваат и Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Узбекистан и Таџикистан. Оваа воено-политичка организација претставува еден вид регионален НАТО во руско издание. Можеби еден ден ќе прерасне во вистински геостратешки пандан на Алијансата. Еве уште една алтернатива за оние што не се за зачленувањето во Алијансата.

(Авторот е универзитетски професор и член на ЛДП)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1274 пати.

Испрати коментар



Гасификацијата остана на хартија
За триците и осилката
Фреско-лустрација



happy, 11.04.2012 03:39:56
Shto drugo bi mozele da ochekuvame od portparolot na nato vo Makedonija Nano Ruzin.Pesnata e bez harmonija, no zatoa e vo hor so amerikanskite jastrebi.
девичанецот, 11.04.2012 08:39:18
Почитуван Нано, И Косово нема излез на море, ама НАТО си направи таму држава исклучиво за своите криминалистички цели. Напиши барем еден позитивен збор за Путин, или очигледно така ти е наредено од твоите газди во НАТО. Ама сепак, нашиот народ изгледа многу повеќе од тебе знае за Путин, како и за идеите на БРИКС, за Евроазискиот концепт на обединување, како и за Руските предлози за Европската безбедност, во време кога договорот од Хелсинки за неменливост на границите во Европа наликува само на фарса, а улогата на ОБСЕ е сведена на еднострана поддршка на интересите на НАТО и Западот, без почитување на сувереното право на секој народ слободно преку демократски избори да си ја крои и гради својата иднина.
goran, 11.04.2012 14:10:37
nano, a zosto da ne? pa ako rusija na prizna pod ustavnoto ime, spored mene, podobro pod rusija otkolku vo nato. vo nato ne ucenuvaat a isto i vo eu. podobro gordi so rusija otkolku ponizeni i obezliceni vo eu i nato. ili mozebi vie samo sakate da si gi opravdate parite zemeni od zapad pa zatoa odrabotuvate za niv,a?
MENDO, 11.04.2012 19:48:07
kakov e ovoj vas stav? stalno so ista sodrzina.i za kolumnisti od opozicija a tie vi ja bobrat citanosta.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 15°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |