Хороскоп
Овен
Нема да мирувате. Зовриеното либидо ќе ве турка во нови љубовни непогоди. Ќе договорите тајна средба, или ќе побарате некое мирно катче во кое што ќе завршите нешто што сакате да заштитите од туѓото љубопитство. Минатото е важно. Ќе ви годи подолг сон. Внимавајте на исхраната и на несериозните соработници. Може да западнете во сериозни проблеми.
Бик
Нема да жалите ниту време, ниту пари за да го остварите она што веќе подолго го планирате. Позитивен потик ќе примите од пријателите. Една личност со своите совети ќе ве извади од лавиринтот на недоумици и заплеткани односи. Пронајдете сродна душа. Очекувајте успех на работното место кој е резултат на макотрпната работа.
Близнаци
Ако само малку се потрудите, ќе најдете нови извори на забава и разонода. Една личност “опасно” ви се приближува. Ќе ви пречи нејзиното одлично познавање и читање на вашите слаби страни. Потребни ви се повеќе предизвици и возбудувања. Не глумете во јавноста. Бидете спонтани и ќе добиете интересни работни обврски.
Рак
Ќе уживате во плодовите на својата работа. Ако моментално не наоѓате задоволство во работата, или немате увид во резултатите од своите постигнувања, стрпете се уште неколку дена. На љубовниот живот му се заканува здодевност. Превземете нешто. Избркајте ја брачната монотонија. Здравствената состојба не е сјајна, очекувајте проблеми со бубрезите.
Лав
Немојте да се загрижувате и да паѓате во емотивна летаргија. Љубовните аспекти ви се сосема добри. С? ќе зависи од вашиот став, помирливост и прилагодливост. Ако му ја наметнувате својата волја на партнерот, судирите се неизбежни. Негувајте ја кожата на лицето. Работните обврски ќе ги завршите совесно и одговорно. Блиските сакаат да соработуваат со вас.
Девица
Ако денеска настаните не течат според вашите очекувања, не ја губете надежта. Ситуацијата во последен момент може да се сврти во ваша корист. Важно е да ја зауздате вашата нервоза и задржете ја контролата на своите реакции. Не се откажувајте пред крајот. Здравствента состојба ви е добра само доколку не се земе во предвид проблемот со белите дробови.
Терезија
Ако уште од утринските часови се чувствувате мрзливо и поспано, превземете нешто. Лесното раздвижување, повеќе движење и физичката работа ќе ви го подигнат нивото на енергија. Дозволете ? на една личност да ве предупреди на некои недостатоци. Контролирајте го своето расположение. Страсни сте а тоа му се допаѓа на партнерот со кого однодите се подобруваат.
Скорпија
Не дозволувајте да ве кутнат некои помали назнаки на телесен замор, болки во грлото или настинки. Ќе го решите тоа многу ефикасно со зајакната доза на витамин Ц и андол. Вечерното излегување ќе ве освежи духовно и телесно. Не ја запоставувајте забавата. Партнерот не ве поднесува вас и вашата желба за амбиција. Потрудете се да се промените.
Стрелец
Личноста што ви се допаѓа ќе ви даде зелено светло. Но нешто ќе ве кочи да тргнете во акција. Можна е посета, или некој друштвен настан во домот. Можен е подарок или парична добивка од родителите, или некои постари членови на семејството. Не ги збунувајте блиските. Ве очекуваат многу сериозни работни обврски , завршете ги навреме.
Јарец
Вистински момент е да се позанимавате со својата линија. Половина час раздвижување и вежбање во домот ќе бидат доволни. Би можеле да пратите порака на една личност, којашто смета дека неправедно ја запоставувате. Размислете зошто е тоа така. Завршете важни телефонски разговори. Работата ви е на прво место но и партнерот со кого ви цветаат рози.
Водолија
Ако соберете само малку повеќе храброст, ве очекува прекрасен момент со љубов и страст. Заборавете на она што останало зад вас и обидете се да почнете од почеток. Љубомората или завидливоста на ваша блиска личност ќе ја кочат слободата на движење. Бидете она што сте. Не дозволувајте да ве совлада заморот. Пешачете и опуштајте се во природа.
Риби
Вашите работни амбиции се с? поголеми, затоа што главно с? ви поаѓа од рака. Нема да погрешите ако се препуштите на љубовните прегратки на личноста којашто подолго време е страсно вљубена во вашите сонливи очи. Тргнете се од вообичаените навики. Бидете внимателни со здравјето , ви се закануваат сериозни проблеми.
|