Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
10.04.2012, 18:19

Едиторијал

Гасификацијата остана на хартија

Маја Томиќ

Додека цела Европа и добар дел од светот одамна не се занимаваат со прашањето на гасификацијата, кај нас тоа беше и остана број еден на листата неостварени приоритети на сите досегашни влади. Се потроши многу хартија и се направија низа проекти, едни фатија прав, други дојдоа на ред и се' така речиси две децении. При тоа сите се согласни во едно, сакаме да се гасифицираме.

Гасот го има во неограничени количества, поевтин енергенс е од другите и тоа е голема предност и за компаниите и за домаќинствата. Но, желбите се едно, а реалноста друго. Ништо не можеме да направиме без пари, а тие никако да се обезбедат. Ниту од дома, ниту од странство. Се работи за многу пари ако се гасифицира целата земја. Пресметките на експертите се дека ќе бидат потребни околу половина милијарда евра. Доколку, пак, имаме за почеток помали апетити и се тргне со гасификација на дел од земјава, да речеме Скопје, ќе требаат помалку средства. Колку точно ни се потребни и во двата случаи, не се знае. Владата вели дека се' уште прави технички подготовки и пресметки, а во јавноста нема конкретни бројки.

Таа засега само упорно се крепи на ветувањата за парите од рускиот клириншки долг, 60 милиони евра. Тие се' уште не легнале на државна сметка, иако тоа е договорено на државничко ниво. Но, и да влезат во буџетската каса, премалку се. Какви математики ќе прави Владата и дали ќе се реализира изјавата на вицепремиерот Зоран Ставрески, дека годинава стартуваме со гасификацијата, останува да видиме. Не знаејќи од каде, кога и дали ќе се најдат уште многу пари, тој неодамна ја кажа дури и точната локација на првата фаза на гасоводот. Тоа ќе биде правецот Клечовце - Штип -Неготино во должина од 96 километри. Слична траса на оваа Ставрески посочи и во почетокот на 2007 година, кога дополни дека примарна задача на Владата е инвестирањето во гасоводен прстен околу Скопје, но и изградба на магистрален гасовод кон економската зона во Тетово. Според тогашните експертски пресметки за доизградба на скопската гасоводна мрежа се потребни околу 15 милиони евра.

Но, до денес работите со гасификацијата останаа таму каде што беа. Барем да ги добиевме парите од рускиот долг и малку да мрднеа работите. Или да ни се исплатеа 240 милиони евра од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка што ни беа најавени уште во 2009 година. И остана на тоа. Македонија ни оддалеку нема пари самата да инвестира во гасификацијата и мора да ги бара надвор. Тоа некако не и' оди на Владата. Иако со Русите навистина се труди и тие, од друга страна, никогаш не рекле не, кога станува збор за враќање на долгот. Повеќе пати во последните години се лобираше врз Москва на нашите државнички посети на кои се разговараше на темата враќање на долгот преку гасификацијата. При што клучната улога ја имаше руски „Гаспром“. Претставници од компанијата беа кај нас лани есента и дадоа поддршка на идејата, иако меѓу редови, ни порачаа дека ќе треба да почекаме. Бидејќи нашата единствена опција не е да имаме сопствен гасовод, туку да се приклучиме на меѓународниот гасовод „Јужен Поток“, кој руски „Гаспром“ треба допрва да почне да го гради во 2015 година.

Сепак, оптимизмот на Владата не престанува. Владина делегација деновиве е во бизнис-посета на повеќе градови во Русија, а прашањето за нашата гасификација повторно ќе биде отворено, како многу пати досега. Беше и останува непознато, кога тоа ќе биде затворено.


Статијата е прочитана 606 пати.

Испрати коментар



За триците и осилката
Македонија, Путин и НАТО
Фреско-лустрација



milan, 11.04.2012 08:06:05
Zosto namesto Skopje 2014 ne napravivte GASIFIKACIJA 2014,pa ovoj narod raka da vi bakne.Izgleda kaj gasifikacijata ne se bile vozmozni matni zdelki. Avtorke pozdrav, ova e upateno do vladata.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 15°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |