Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Заба��а Хороскоп Саботен магазин
Политика
07.09.2012, 17:39

ДУИ ќе чепка и во Уставот, ама не ја напушта коалицијата

Ставот на интегративците дека ќе бараат нов Устав ако се изгласа законот за бранители за професорот Љубомир Фрчкоски е повик за помирување со ВМРО-ДПМНЕ

Наум Котевски


„Ако помине законот за бранители, Албанците ќе бараат нов Устав“, најави вицепремиерот Муса Џафери во пресрет на Денот на независноста на мултиетничка Македонија во емисијата „Патот кон“ на Алсат. Додека неговите сопартијци од ДУИ ја тераат сизифовската битка во Собранието, држејќи долги говори со кои практично ја блокираат работата на Комисијата за труд и социјала, која прва го разгледува, засега, заглавениот контроверзен закон, Џафери тврди дека неговото евентуално донесување, практично, ќе значи етничко надгласување или мајоризација.

„На крајот ќе има целосна етничка поделба. Ако сега се донесе закон што не е во согласност со Рамковниот договор, тогаш ќе се остави простор за отворање нови теми за кои ќе биде уште потешко да се решат. Верувам дека искуството на политичките партии, не само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на другите, ќе придонесе да се спречи овој процес“, порача Џафери.

Ваквото размислување, како официјален партиски став на ДУИ, вчера ни го потврди портпаролот на партијата Бујар Османи.

„Ако се изгласа законот, Албанците немаат друго чаре освен да бараат нова уставна рамка. Со етничкото надгласувањето се крши Рамковниот договор, кој е дел од Уставот. Тоа значи дека се дејствува спротивно и на Уставот“, потенцира Османи.

Еден од експертите кои учествуваа во подготвувањето на Уставот, профе��орот Љубомир Фрчковски, смета дека тоа се само игри на ДУИ. „Уставот е менлива работа. Секоја политичка партија може да побара измени. Но, јасно е дека ДУИ сега чепка по Уставот, како барање за помирување со ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се изнаслушаме сега секакви работи. Ако навистина ДУИ сака да излезе од коалицијата, тоа веќе ќе го направеше“, смета Фрчкоски.

Тој, меѓу другото, потсетува дека за евентуални промени во Уставот е потребно двотретинско мнозинство во парламентот. „Албанските партии го немаат тоа. Тоа значи дека погледот демек го вртат и кон опозицијата во македонскиот блок. Оттука може да заклучите колку е тоа несериозно и колку се евтини овие трикови“, додава Фрчкоски.

И координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талал Џафери, кој во средата и четвртокот со часови читаше делови од Уставот, рече дека некој се обидува незаконски, со просто мнозинство, да го протурка законот.

„Законот вели дека кога се одлучува за правата на етничките заедници, потребно е двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници, но и мнозинство од пратениците од етничките заедници кои не се мнозинство во државата. Акт за надгласување на Албанците нема да има. Или ќе има кога ќе нема ниту еден Албанец во оваа Комисија“, потенцираше Џафери.

Во овој контекст и потпретседателката на Собранието, Сузана Салиу, жестоко ја нападна пратеничката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, која смета дека законот не е противуставен и дека не е спротивен на Рамковниот договор.

„Како може да велите дека законот не е спротивен на Охридскиот договор. Таму јасно се одредуваат две страни во конфликтот - македонска и албанска. Чувствата ви се еднострани. Зар не загинаа и Албанци, дури и петгодишни деца. Зар некој не жали за нив“, потенцира Салиу.

Во анализата на познатата организација за меѓународни стратегиски политички истражувања Стратфор од САД, за која се смета дека е добро поврзана со високите политички кругови во Вашингтон, заканата на ДУИ за излегување од Владата покажува дека членовите на двете партии од владејачка коалиција се вртат кон национализам за да ја одржат поддршката на јавноста, како што забавува македонската економија, се вели во анализата.

„Стратфор“ смета дека климата ќе се заострува со наближување на мартовските локални избори, но тоа не се очекува да резултира со зголемување на етничкото насилство. Сепак, се проценува дека политичкиот ќор-сокак во кој се наоѓа Македонија ќе го попречи напредокот во клучните надворешнополитички цели.

Во написот се вели дека Никола Груевски се' уште е најпопуларен политичар, но дека неговата партија ја губи поддршката кај електоратот и затоа е донесена стратегијата за приближување кон националистичките елементи, иако тоа значи создавање тензии со албанскиот коалициски партнер. Паралелно со политичките недоразбирања, најголем проблем на Владата е економијата, која дополнително ќе се влошува во наредниот период. Затоа, ако нема договор со ДУИ за спорните прашања, Груевски, за да спречи поголем пад на довербата кај гласачите, би можел да оди на варијантата предвремени избори.




Статијата е прочитана 1937 пати.

Испрати коментар



Честитка од Хилари Клинтон
Судот, конечно, го призна Георгиевски
Концерт и академија за Денот на независноста
Бугарија ја засилува реториката кон Македонија
Интервју - Не се откажувам од Карпош



Alban Jakupi, 08.09.2012 01:47:00
Vise se gleda deka se e Za sitni Politicki Poeni na Vlladeackata Koalicija DPMNE-DUI Odnapred Dogovorena, Uspesno dosega se Nametna kaj Glasacite od dvete etnikumi Mk i Al ovie temi so blagorodna pomos na se poveketo Pro Vlladini Mediumi , ovie temi uspesno se nametna vo Politickiot zivot vo MK a nie ne treba da Dozvoluvame vaka lesno da se Izmanipulirame so ovie ne plodni i neresitelni politiki na Vlladata za sustinskite problemi so koi se soocuvat sekoj den sekoj Graganin na ova Zemja a toa e Se Pogolemata Nevrabotenost i Siromastija,Novit Enormno Pokaceni se cenite vo sekoj segment.Vise ke treba da pocneme realno da gi Procitame ovie Licemerni raboti,a vo toa pridones ke treba da davat site opstestveni bitni ciniteli a pred se Ekpsertite, Graganite vise sami pocna da ja Demaskiraat ova Licemrstvo, i mislam deka nema da pagjaat lesnovo vodite na Aktuelnata politicka propaganda zaa Sitni Politicki Poeni na DPMNE-DUI nametnuvajki vakvi temi sto za graganite na MK neznacat nisto.
Itar Pejo, 08.09.2012 09:41:36
Зар не загинаа и Албанци, дури и петгодишни деца!!! Mislam deka ova e prvpat vo nekoj od golemite makedonki mediumi da se spomne deka pomegu zrtvite vo konfliktot imalo i deca!
pile, 08.09.2012 10:03:46
Sekoja cest za analizite na uglednata ,,Stratfor no zaklucokot deka Nikola Gruevski e seuste najpopularen politicar vo zemjata neznam od kaj go donesuva raspolozjenieto vo narodot ne e bas takvo.Pomina toa vreme koga piese casa jogurt pri secenje lenta za otvaranje na mlekarata ,,Svidmilk, a podocna istata propadna ili koga zaedno so sopstvenikot na ,,A-1 televizija bese glavna te-ve zvezda, za da posle televizijata bide zatvorena a Velija vo zatvor, ili prireduvanje na precek so topla pregratka na Haskiot zatvorenik-nekogas DPMN-evski heroj a sega spored ugledni megjunarodni organizacii politicki zatvorenik Ljube Boskovski.I Sanader bese nekogas na slicen nacin ocenuvan kako najpopularen vo R.Hrvatska a Drzjavata pojde napred koga toj padna od vlast.Gruevski popularnosta ke ja zgolemi koga ke si podnese OSTAVKA i ke se stavi vo funkcija na Organite na progon,veke se nadmina sebe si,vo serviranje na manipulacii.Vlada na nacionalno edinstvo-odgovornost e neminovno potrebna vo R.M.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 17°C

Петок
Грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...
(ФОТО) НАСА објави снимки од терористичкиот напад во Њујорк
На годишнината од терористичките напади на 11.септември, НАСА објави фотографии снимени непосредно по нападот врз Светск...
Заврши истрагата за смртта на Алјенде
При истрагата е утврдено дека поранешниот чилеански претседател се самоубил на денот на државниот преврат на 11.сеп...
Кличко ја почна изборна кампања во Украина
Славниот боксер ја почна изборната кампања за општите избори што ќе се одржат на крајот од октомври во Украина...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |