Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

Писателите избираат ново раководство

Редовното изборно собрание на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи утре со почеток во 10,30 часот. За претседател на Асоцијацијата, единствен кандидат е актуелниот претседател, Раде Силјан, а за претседател на Собранието на ДПМ, кандидиран е писателот Веле Смилевски.

На овој највисок собир ќе се избираат и членови на претседателството, статутарна комисија, комисија за финансиско работење и суд на честа. Но, годинава за прв пат ќе се избира Собраниски одбор, во кој ќе влезат по еден писател од секоја општина во земјата во која живеат и создаваат автори, членови на ДПМ. Од писателската асоцијација сметаат дека „со работата на овој одбор ќе се оствари идејата за дисперзија на активностите на ДПМ и во другите средини низ Македонија. Тоа, велат, ќе значи заживување на книжевните јадра надвор од Скопје (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 230 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Волстрит“ е сменет – алчноста стана легална
Владо Јоциќ
Македонија - лидер во имплементацијата на културните разлики
Јане Чаловски изложува во „Тејт“ во Лондон
Изложба „Живот во кутија“ во Прилеп
Музејските поставки ни се архаични
Семејни стебла“ за Денот на музеите
Средба со Томислав Османли во „Или-или“