Средба со Томислав Османли во „Или-или“
Во книжарницата „Или-или“ добитникот на годинешната награда „Роман на годината“ на „Утрински весник“, Томислав Османли, ќе има средба со читателите. Средбата ќе се одржи во периодот од 12 до 14 часот и според организаторите, ова претставува прекрасна можност за оние на кои им се допадна романот „Дваесет и првиот“ во издание на „Блесок“, да добијат посвета на својот примерок и истовремено да се дружат и да поразговараат со лауреатот за сето она што тој го има доловено во својот награден роман. (Н.П.) |