Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

Јане Чаловски изложува во „Тејт“ во Лондон

Изложбата „Размислување за процес на пауза (ситуација)“ е дел од јубилејот - 100 години од подарување дела на јавни колекции во Британија

Македонскиот уметник Јане Чаловски, од денеска до 5 септември, се претставува во галеријата „Тејт Британ“ во Лондон со самостојна изложба под наслов „Размислување за процес на пауза (ситуација)“, инсталација на дела од колекцијата и архивата на светски познатата галерија.

Денеска, по покана на Чаловски, во галерискиот простор треба да се одржи и дискусија со групата „ОуУнПо“, која е сезонски проект, чии членови ретко се состануваат, за да го испита концептот на времето, просторот и улогата на субјективноста во дискурсот на современата уметност.

Претставувањето на Јане Чаловски во престижниот изложбен простор е во рамките на одбележувањето на стогодишниот јубилеј на подарување уметнички дела на јавни колекции во Велика Британија, организирано од тамошното Здружение на современата уметност. Здружението досега им подарило на колекциите повеќе од 8.000 уметнички дела и во изминатиот век дејствувало како катализаторска сила во екологијата на современата визуелна уметност во земјата, развивајќи публика, уметници, куратори, колекционери и колекции. Јубилејната програма ја реализира благодарение на блиското работно партнерство со своите 63 музеи-членки

По покана на Здружението, тројца уметници, меѓу кои и Јане Чаловски, при претставувањето ја користат колекцијата на „Тејт“ како почетна точка за избор на дела што ги фасцинираат и инспирираат. Јубилејното претставување е под наслов „Поставување платформа“, започна во „Тејт Британ“ со инсталацијата на Елизабет Прајс, „Совршени текови и светкави супстанции“, а по изложбата на Чаловски, третата селекција на дела наесен ќе биде направена од неодамнешниот добитник на наградата „Тарнер“, Ричард Рајт.

„Јане Чаловски ја сфати поканата од Здружението за современата уметност да работи со и од колекцијата и архивата на ’Тејт‘, како можност да започне период на истражување што го наведе, можеби неминовно, да испитува низа предрасуди и претпоставки кои се однесуваат на собирањето и конзервирањето на уметноста. Инсталацијата на Чаловски содржи уметнички дела што се потпираат на активно ангажирање на публиката да го исполни нејзиното концептуално ветување. Тие дела го претчувствуваат ефектот на гледачот, кој е поканет да искуси нови начини на дејствување и размислување, што како резултат иницира нови нарации околу делата.

Едно од избраните дела е ’Голема конференција платформа‘ (1998) на Лијам Гилик, дело кое повеќ�� од кое било друго се обидува да создаде простор како отворена рамка за слободна мисла и непишано сценарио. Другите дела се на уметниците: Френсис Алис, Вито Аконци, Џозеф Бејс, Ема Кеј, Кристофер Вул, Анри Матис, Џеф Вол и необјавениот ракопис на Свен Берлин.

Со додавање на делото ’Ротациска група‘ на францускиот уметник Самон Такахаши и со повеќекратното дело ’Улеј‘ на Чаловски, инсталацијата прераснува во нешто повеќе од нејзините поединечни делови - всушност, медитација за флексибилност на идеите, и флуидност на кураторските и уметнички процеси“, стои во објавениот текст на Здружението на современата уметност. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 244 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Волстрит“ е сменет – алчноста стана легална
Владо Јоциќ
Македонија - лидер во имплементацијата на културните разлики
Изложба „Живот во кутија“ во Прилеп
Музејските поставки ни се архаични
Семејни стебла“ за Денот на музеите
Средба со Томислав Османли во „Или-или“
Писателите избираат ново раководство