Број 3299  сабота, 05 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Стил

Црна Гора

Летна дестинација за македонски стандард

Во овој период, кој се' уште се третира како претсезона, може да се добие пакет-аранжман во приватно сместување на црногорскиот Јадран, по цена од 42 евра за седум дена

Иако последниве години Црна Гора станува атрактивна дестинација и интересна пазарна зона за недвижности на светскиот џет-сет, во свеста и во спомените на Македонците таа и натаму останува синоним за „убави летни спомени од Јадранот“- некои веќе стекнати, но и што допрва треба да влезат во летниот споменар. Поедноставно кажано: во Црна Гора има место и за Анџелина Џоли, Бред Пит, Мадона, Роман Абрамович..., но Црногорците не се откажуваат од Македонците како туристички потенцијал. Пред десетина дена Националната туристичка организација на Црна Гора во Скопје ја претстави својата летна понуда, направена според мерката на македонските туристи.

Црногорското туристичко стопанство има подготвено понуда, соодветна на актуелната состојба, конкурентна и различна во однос на другите дестинации - поволна и атрактивна како за семејства, млади брачни парови, повозрасни луѓе, но и за млади што сакаат добра забава, љубители на природа и активен одмор. Во овој период, кој се' уште се третира како претсезона, може да се добие пакет аранжман во приватно сместување по цена од 42 евра за седум дена. Во текот на главната сезона (јули и август) цената е малку повисока - од 70 до 77 евра, но, сепак, е шриспособена и пристапна. Пакет-аранжманите во хотелско сместување за седум дена, надвор од сезоната може да чини од 72 до 154 евра, а во јули и во август од 155 до 280 евра, во понуда каде што се вклучени хотели со категорија од 2 до 4 ѕвездички. Подетални информации за условите за резервација може да се добијат преку кол-центарот +3821300, или преку електронска пошта на :[email protected]., а со резервација може да станете и сопственик на златен ваучер, кој овозможува низа поволности - поевтин превоз за 40 отсто, попусти во рестораните, музеите, плажите...

И во оваа 2010 година Црна Гора интензивно работи на подобрување на квалитетот на туристичката понуда. Оваа година треба да биде отворен за посетители, реконструираниот остров Свети Стефан, а започнува и реализацијата на неколку гринфилд-инвестиции: валоризација на полуостровот Љуштица, островот Свети Марко, изградба на туристички комплекс Добреч- Росе... Деветнаесет црногорски плажи се носители на „сино знаменце“, меѓународен сертификат за безбедност, чистота, уреденост и опременост. За љубителите на активен одмор, оваа сезона Црна Гора нуди мрежа на пешачки и велосипедски патеки од преку 6000 километри, ко�� минуваат низ 5 национални парка, величествени кањони, планини и заливи.

Младите што сакаат забава, можат да уживаат во програмите за забава и анимација на плажите, со познати регионални и светски ди- џеи... Црна Гора им ветува одлична забава на сите! (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 1146 пати.

Испрати коментар

Од: ZNAM KAKO E
Датум: 05.06.2010 06:54:08
Jas lani letuvav vo CG za kako velite poevtini arazmani , no smestuvanjeto e na 10 km od plaza pa dodeka dojdes do nea vece si ziva voda pa posakuvas uste nestignat da plaza da se vratis vo soba da se istusiras.Ama i tamu imase iznenaduvanje bidejci voda za tusiranje imase samo vo tri nautro.blagodaram za takov odmor.Tolku.
Од: od ne odmoren
Датум: 05.06.2010 12:02:36
I jas znam.Ako ova e ne naplatena reklama od CG e stramota,a potpisaniot JPneka napise nesto za Ohrid,Struga,Dojran i TN.
Од: Onoj koj znae
Датум: 05.06.2010 17:12:56
Minata godina nemase poevtini aranzmani, taka da prethodniot komentator izmisluva. Da ne bil smesten vo Podgorica, posto bil 10 km od plaza? Gluposti

Најди! во Утрински
Стил
Стар трик
Барселона чартер-виа Скопје
Развод по 40 години брак, шок за Америка
Филм за Наташа Кампуш - девојката со 12-годишно заробеништво
Печалбарски записи на Трпе во книгата „Копанка“
Барокна урбана принцеза со транзициски манири