Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Вести

Кадетите 19. на ЕП (Б) во Струмица



Со победата над Република Ирска од 65:63, по четвртини 20:12, 11:21, 16:10 и 18:20, машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 16 години го освои 19. место во конкуренција на 22 селекции на Европското првенство од дивизијата Б што се одржа од 28 јули до 7 август во Струмица. Симеон Митров беше најдобар поединец на теренот во спортската сала „Никола Карев“, забележувајќи 18 коша и осум скока.

Македонија го заврши првенството со две победи, покрај Ирска ја совлада и Австрија, како и со пет порази - од Англија, Луксембург, Романија, Грузија и од Кипар. (Р.Д.)

Ракомет

И голманот Станиќ во Металург

Стандардниот чувар на мрежата на ракометната репрезентација на Србија, Дарко Станиќ, потпиша едногодишен договор со македонскиот првак Металург. Станиќ има 32 години, висок е 190 см, тежок 90 кг и доаѓа од словенечки Цимос од Копер. Тој веднаш и' се приклучи на екипата во Стара Пазова, каде што „металурзите“ прв пат ги спроведуваат своите подготовки и каде што утре против унгарски ПИК Сегед ќе ја почнат серијата контролни натпревари.

Станиќ ја почна кариерата во Брсково од Мојковац, по што ги бранеше боите и на Ловќен, на Црвена звезда, на Грасхоперс, за по две години пауза да стане член на Цимос. (Р.Д.)

Кошарка

ГаЈдаЏиев една година во МЗТ

Младинскиот репрезентативец Никола Гајдаџиев е нов член на МЗТ Скопје. Синот на некогашниот претседател на Кошаркарската федерација, Леонид Гајдаџиев, потпиша едногодишен договор.

Со ова „штрковите“ практично ја завршија селекцијата за наредната сезона. Пред тоа тимот го засилија и Ристе Стефанов, Чековски, Огнен Стојановски, Мијајловиќ, и тројцата Американци од колеџ-лигата на САД.

Останува да се пополни уште едно место и согласно со новото правило на МКФ, ќе клубот потпише со еден младинец роден во 1992 година или помлад. (Н.К.)

Фудбал

Тетекс се засили со уште петмина

Се очекува Тетекс в понеделник да потпише договор со петмина нови фудбалери, кои веднаш би добиле право за настап за „штофарите“. Документите се веќе подготвени и ќе нема проблем околу нивната регистрација. Тоа се Аце Стојановски, повратникот од Унгарија, Владимир Секуловски, Менсур Идризи и Борче Ристовски, кои во минатата сезона настапуваа во Албанија, како и Никола Клечкаровски, кој не успеа да најде ангажман во странство. Порано за Тетекс потпишаа и Адријан Нухиу и Борче Петковски, поранешен играч на Пелистер, но и двајцата ќе имаат право за настап по два месеца. (М.М.)


#
Статијата е прочитана 224 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Џон Тошак нов селектор на Македонија
Лоша прва слика од Љубљана
Стефановски шести во Магог
Во Азербејџан по враќање на атмосферата во тимот
Нејмар од јануари во Реал Мадрид
Пандев не заигра во Суперкупот
Прв првенствен гол на Трајковски за Зулте Варегем
Металург и Напредок засега непоразени

"""