Прв првенствен гол на Трајковски за Зулте Варегем
Гол-првенец на Александар Трајковски за Зулте Варегем во белгискиот фудбалски шампионат. Го постигна во 36 минута во мечот во кој неговиот тим триумфира над Уд Хеверле на домашен терен со 2:1. Македонскиот репрезентативец по вторпат беше стартер во екипата од Варегем и беше заменет во 58 минута.
Трајковски е повикан во „А“ репрезентацијата на Македонија за пријателскиот натпревар против Азербејџан што ќе се одигра во среда во Баку. (С.Д.) |