Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт
Металург и Напредок засега непоразени

Стоотстотен ефект на Металург на домашен терен во воведните два меча во новата сезона во македонското фудбалско првенство. По триумфот над Тетекс со 2:0 на стартот, составот на Жикица Тасевски впиша уште три бода на клупското конто, по вторпат без примен гол. Металурзи во саботата го совладаа Хоризонт Турново со 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше стоперот Горан Драговиќ во 78 минута.

Реализацијата останува проблем на Железарница. Напаѓачите во зелено (стартерите Ејупи и Илијоски и резервистот Начевски) и овојпат имаа проблеми да ја погодат целта. Во некои ситуации беа брзоплети, во некои бавни, во некои, пак, правеа потег повеќе. Создадоа неколкуте шанси и полушанси во кои не успеаја да поентираат Захариевски и Ејупи во првиот дел и Миле Крстев во два наврата и по еднаш Илијоски, Тенекиџиев во вториот дел. Како се прави тоа им покажа дефанзивецот Драговиќ по центаршут на Стевановиќ на 12 минути до крајот на средбата.

И Напредок, засега, е тимот со максимален ефект по два одиграни меча. Кичевци викендот како гости славеа кај Брегалница 2008 со 1:0. Моментот на одлука се случи рано, веќе во седмата минута, во која во главна улога беше Глишиќ. Резулатот, по неговата реализација, остана непроменет до последниот судиски свиреж во Штип иако и едните и другите имаа прилики да го изменат. Можност да се придружат на досега непобедливите Металург и Напредок утре ќе имаат скопските ривали Вардар и Работнички во дерби дуелот на второто коло закажан за 20 часот на националната арена „Филип Втори“.

Прва сезонска радост за фудбалерите на Силекс кои во Кратово ја совладаа Ренова со 2:1. Заревски во 39 минута и Нацев во 63 погодија за домашните, Гаши во 48 минута за гостите од Тетово.



Металург - Хоризонт Турново 1:0



Полувреме: 0:0. Стадион во Железарница. Гледачи: 150. Главен судија: Зоран Темелков. Помошници: Марјан Петров, Горан Димитров (сите тројца од Кавадарци). Жолти картони: Драговиќ (Металург), Василев (Хоризонт Турново). Стрелец: Драговиќ во 78 минута.

Металург: Павловиќ, Петковски, Драговиќ, Кралевски, Ѓорѓиевски, Захариевски (Тенекиџиев 58 мин.), Стевановиќ, Љамчевски (Костенцовски 58 мин.), М. Крстев, Илијоски, Ејупи (Начевски 72 мин.). Тренер: Жикица Тасевски.

Хоризонт Турново: Димовски, Митрев (П. Стојанов 49 мин.), Петров, Ташев, Милушев, Василев, Мавров, Ковачев (Ковачев 74 мин.), Сулев, Ѓоргиев, Лазаровски (Најденов 57 мин.). Тренер: Драган Христовски. (С.Д.)



Прва лига, 2. коло



Резултати: Металург - Хоризонт Турново 1:0 (Драговиќ 78 мин.), Брегалница 2008 - Напредок 0:1 (Глишиќ 7 мин.), Силекс - Ренова 2:1 (Заревски 39 мин., Нацев 63 мин. - Гаши 48 мин.).

Вчера играа: Шкендија - 11 Октомври.

Утре играат: Тетекс - Охрид 2004 (17 ч.), Вардар - Работнички (20 ч.).






#
Статијата е прочитана 321 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Џон Тошак нов селектор на Македонија
Лоша прва слика од Љубљана
Стефановски шести во Магог
Кадетите 19. на ЕП (Б) во Струмица
Во Азербејџан по враќање на атмосферата во тимот
Нејмар од јануари во Реал Мадрид
Пандев не заигра во Суперкупот
Прв првенствен гол на Трајковски за Зулте Варегем

"""