Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Субвенциите ги поделија струмичките земјоделци

Задоволство и револт меѓу земјоделците од Струмичкиот регион донесе владината одлука за субвенции од два денара за секој предаден килограм домати и краставици на откупните пунктови. Првата забелешка се однесува на тоа што земјоделците не биле навреме информирани и поради тоа сите не ќе можат да го искористат субвенционирањето. Голем дел од нив производството веќе го предале на диви откупувачи и не поседуваат кантарна белешка, што е основен услов за искористување на субвенциите.

„Одлуката на Владата е добра, но субвенцијата од два денара ќе можат да ја искористат само дел од земјоделците. Таа ќе важи за оние што ги предадоа доматите и краставиците на откупните пунктови и имаат кантарна белешка. Но, има земјоделци што ги дадоа на кванташки пазар и на диви откупувачи. Најжално е тоа што во тој период немаше интерес за краставиците и дел од земјоделците ги фрлија на депониите. Според процените, околу педесет отсто од производителите на овие култури не поседуваат кантарни белешки“, изјави Васил Митушев од здружението „Кукла градинар“ од Куклиш.

Според земјоделците, со предложените два денара многу малку ќе се надоместат производствените трошоци.

„Производната цена на овие култури е околу дваесет денари за килограм, а откупната цена падна и на три денари. Со субвенцијата од два денара ќе стасаме до пет денари, со што не можеме да ги покриеме трошоците за производство. За нас не останува речиси ништо“, вели Ристо Велков од здружението „Агро сојуз“ од Василево. (Е.П.)


#
Статијата е прочитана 593 пати.

Испрати коментар

Од: Raspucin
Датум: 08.08.2011 06:17:13
Ubavo ke bese zemjodelcive da bea registrirani kako firma ke si funkcioniraa taka.A toa na divo ne mi e jasno,dali ke platat danok na taa transakcija sto e na divo.Izgleda oni sami si podelile subvencija.

Најди! во Утрински
Економија
Украдената струја го чини ЕВН милиони евра годишно
Минимален одѕив на невработените за сини картони
Растат цените на угостителските услуги
ЕУ со финансиски рампи против кинеските производи
Директорските плати 150.000 евра годишно
Во јуни доделени одобренија за 12 градби во Охрид
Предаден далноводот Подгорица -Тирана

"""