Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

ЕУ со финансиски рампи против кинеските производи

Европската комисија планира да воведе петгодишни казнени увозни давачки од 69,7 проценти на увозот од 275 милиони евра керамика за кујни, купатила и плочници, а за тоа веќе доби поддршка од мнозинството дипломати задолжени за трговија. Целта на мерката е да се отстранат, како што вели ЕУ, нелегалните цени на кинескиот извоз, кои ги погодуваат профитите на производителите од Унијата.

Во исто време, кинеските производители на велосипеди се соочуваат со продолжување до 2016-та година на постоечките анти-дампинг давачки од 48,5 проценти, откако и за ова Комисијата доби одобрување од мнозинството земји членки.

Продолжувањето на оваа мерка, која мора да стапи на сила во средината на октомври, ќе крене прашина во Кина, бидејќи првично беше планирано таа да трае само три години, до 2014-та.

Европските производители на велосипеди, кои се стационирани главно во Германија и во Италија, создадоа случај дека нивниот бизнис е под доволно голема закана од кинеската нефер конкуренција и побараа да се гарантира продолжување на мерката до пет години, максимално дозволениот период според правилата за трговија на ЕУ.

Германски и италијански фирми побараа анти-дампинг мерки за кинеските велосипеди. И покрај анти-дампинг мерките, Кина во 2009-та извезуваше околу 700. 000 велосипеди и од тој бизнис во ЕУ сврте околу 430 милиони евра. Овие мерки прв пат беа воведени во 1993-та година и ги фрустрираа Кинезите, бидејќи тие сакаа да добијат поголем дел од европскиот пазар, каде продажбата на велосипеди и нивни делови носи околу пет милијарди евра секоја година.

Анти-дампинг мерките се зголемуваа во изминатите 18 години. Барањето тие мерки да продолжат го испрати Европската асоцијација на производители на велосипеди, која претставува индустрија во која работат околу 20 000 луѓе.

Во моментов се испитува дали ќе се воведат дополнителни давачки за плексигласот, што се користи во автомобилската индустрија. На страна од ова, Европската комисија покрена истрага во Унијата за обвинувањата дека постои нелегално формирање на цената на одредени типови фиберглас што се користи за производство на високо-технолошка стока, како што се, на пример, лесните автомобили. Ако обвинувањата се покажат како точни, тогаш до крајот на март идната година ќе се воведат привремени царини, па дури и привремена петгодишна даночна мерка, што би се применувала од септември следната година.

Тоа би било вторпат ЕУ да преземе мерки за заштита и на производителите од овој сектор, чии фабрики се во Унијата. Во март годинава, Унијата воведе дополнителни давачки за увоз на стаклена волна произведена во Кина, но стапката на тие давачки е ниска, откако за одлуката имаше жестоки критики од увозниците, вклучувајќи го и данскиот „Вестас“, најголемиот светки производител на турбини. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 549 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Украдената струја го чини ЕВН милиони евра годишно
Минимален одѕив на невработените за сини картони
Растат цените на угостителските услуги
Субвенциите ги поделија струмичките земјоделци
Директорските плати 150.000 евра годишно
Во јуни доделени одобренија за 12 градби во Охрид
Предаден далноводот Подгорица -Тирана

"""