Во јуни доделени одобренија за 12 градби во Охрид
Во јуни во Охрид одобрени градби во вредност од 116 милиони денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Охрид во јуни биле издадени 12 одобренија за градба, сите на физички лица, а планираната вредноста на објектите се проценува на 116 милиони денари, пренесува интернет весникот „Охридњус“.
Во Општина Струга, во истиот период се издадени 11 одобренија за градба, 10 на физички и едно на правно лице, а вредноста на објектите што треба да се изградат се процену��а на 103 милиони денари. Во јуни 2011 година во земјава се издадени 228 одобренија за градба, што е за 9,9 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.280 164 илјади денари, што е за 52,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупно 228 објекти, кај 189 како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 39 објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 стана, со вкупна корисна површина од 48 394 м2. (Ек.Р.) |