Анџелина Џоли
Забрана за Бред Пит да се гледа со Анистон
Бред Пит е одлучен да остане пријател со бившата сопруга Џенифер Анистон. Имено, минатата недела тој упорно ја наговарал да се најдат во Лондон, каде што актерката престојува со новото момче. Кога Анџелина го дознала тоа, не била многу воодушевена.
„Енџи не може да верува дека Бред мислел оти може да се сретнат во Лондон, градот кој е под опсада на папараци“, рекол извор близок на актерскиот пар, па напоменал ��ека на Анџелина и' пречи лековерноста и наивноста на Бред.
Иако Анџелина (36) им рекла на пријателите дека му верува на Бред (47) и знае дека меѓу него и Џен (42) нема ништо, исто така, признала дека и' е доста од препирките околу бившата жена на партнерот. Таа му забранила да ја гледа, а Бред и' возвратил дека неговиот однос со Џенифер е само негова работа. Анџелина смета дека Џен ќе подигне медиумска прашина и дека ќе му наштети на семејството Џоли – Пит, а особено на нивните деца.
|