Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

МЕРИДИЈАНИ

Нова игра на Блиски Исток

Шломо Бен-Ами

Арапските бунтови веќе имаат големо влијание врз стратегиската структура на Блискиот Исток

Дали Арапската пролет ќе донесе веродостојни демократии во арапскиот свет останува неизвесно. Но, додека правот се' уште не се исталожил по неколкумесечните превирања во Тунис, Каиро и на други места, арапските бунтови веќе имаат големо влијание врз стратегиската структура на Блискиот Исток.

До неодамна, регионот беше поделен на два табора: неповрзано и ос��абено умерено арапско здружување, и „Оската на отпорот“, формирана од Иран, Сирија, Хамас и Хезболах против американските и израелските замисли за регионот. Водена од стратегија за „нулта проблеми“ со своите соседи, потрагата на Турција по водечка улога во политиката на Блискиот Исток ја донесе поблиску до Сирија и Иран.

Арапската пролет ги покажа кревките основи на кои беше изградена целата Оска на отпорот, и ја турка до работ на пропаѓање. Првата група што се повлече беше Хамас. Стравувајќи од последиците од пропаѓање на нејзините патрони во Дамаск, Хамас тактички се повлече од Оската и дозволи Египет да ја води кон помирување со прозападната Палестинска власт според условите што ги одби под режимот на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак.

Турција е вистински заинтересирана за решение со две држави на израелско-палестинскиот спор и за регионален систем на мир и безбедност, додека Иран и Хезболах се наклонети да ги отфрлат двете со цел да го лишат Израел од мир со арапскиот свет што би довел до изолирање на Иран. И покрај огорчениот конфликт со Израел, Турција, за разлика од Иран, не е безусловен непријател на еврејската држава, и не би одбила спогодба со владата на Бенјамин Нетанјаху.

Иран и Турција немаат заедничка визија во однос на стратегиски чувствителниот регион на Заливот. Турција, чиј договор од 2008 година со Советот за соработка во Заливот ја направи стратегиски партнер на монархиите во регионот, беше недвосмислено самоуверена за време на кризата во Бахреин, предупредувајќи го Иран да го прекине субверзивното наметнување во работите на регионот. Стабилноста и територијалниот интегритет на земјите од Заливот е стратегиски приоритет за Турција; тоа, разбирливо, не важи за Иран.

На сличен начин, кога станува збор за Либан, Турција со сигурност не ја споделува загриженоста на Иран за можниот прекин на јажето за спасување на Хезболах доколку пропадне сирискиот режим. А Иран и Сирија, од нивна страна, никогаш не биле премногу среќни со аспирациите на премиерот Реџеп Таип Ердоган да постапува како посредник во Либан.

Заложбите на Турција за мирни демократски транзиции во арапскиот свет ја оттуѓија од нејзиниот сириски сојузник, Башар Ал-Асад - со чии репресивни практики и Иран и Хезболах целосно се согласуваат - и сега уште повеќе ги разделуваат Иран и Турција.

Нестабилноста и метежот во арапскиот свет и' служат на агендата на радикална не-статус кво сила, како што е Иран. Во услови кога Запад е фокусиран на опасните предизвици што ги наметнаа арапските бунтови, Иран смета дека е полесно да го сврти светското внимание од неговата нуклеарна програма, и да го надмудри режимот на меѓународни санкции, замислен да ги скрати неговите обиди да се стекне со нуклеарно оружје.

На надворешната политика на Турција, за разлика од политиката на Иран, и' е потребна стабилна средина за да напредува. Нестабилноста ја поткопува целокупната регионална визија; тоа, секако, ја предизвикува идеалистичката стратегија за „нулта проблеми“. Исто така, го доведува во ризик силното економско пробивање на Турција на арапските пазари. И, со курдскиот проблем активен како и секогаш, Турците, исто така, знаат премногу добро дека пресвртите во соседните земји можат да се прелеат во самата Турција.

Турција практично се помири со неизбежното пропаѓање на репресивниот режим на партијата Баат во Сирија. За Иран и неговите Хезболах клиенти, паѓањето на Асад нема да биде ништо помалку од пропаст - со далекусежни последици. Лишен од сојузот со Сирија и оттуѓен од Турција, Иран би станал изолирана револуционерна сила чиј фанатичен бренд на исламот е одбивен за повеќето арапски општества.

(Авторот е поранешен министер за надворешни работи на Израел. Пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“)


#
Статијата е прочитана 1338 пати.

Испрати коментар

Од: Buntovnik
Датум: 08.08.2011 10:59:50
Ova e edna blatantna propaganda na ZZionistite koj se zadolzeni za Brainwashing na makedonskiot narod. Utrinski se poveke i poveke stanuva platforma na ovaa machina na ZZionisticka propanda . Niedna vojska ili diktatura ne moze da unisti edna zemja, eden narod do onaa koja doaga od vnatre. Makedonija i Makedonskiot narod veke i ne postojat, nepoznati sustestva na nepoznata teritorija. Toa e preduslov za da se smeni imeto vo bilo sto a najverovatno EgejSSka Makedonija.
Од: ilija
Датум: 08.08.2011 12:13:17
Kakvi revolucii, sve e evrejsko maslo, jaki bile!

Најди! во Утрински
Насловна
Печатено
Фијат Цаноски ангажира американски адвокат
Чевлите на Маневски големи за Беџети
Дипломатијата не беше подготвена
Апсурд
„Илинденски денови 2011“ - нов сјај на старите вредности
Окупација на Плаошник
Лондон во пламен
Драстичен пад на температурата во среда
Алчноста не е дел од мене
Владо Илиевски две години во Ефес
Забрана за Бред Пит да се гледа со Анистон
Војна против опозицијата
Британска поддршка за реформи во јавната администрација
Али Ахмети и Македонија
Одбележана десетгодишнината од масакрот кај Карпалак
Карикартра
Стил
Арифи
Издавањето викендици, соби и скутери да се пријави во УЈП
Намалениот кредитен рејтинг на САД ја „урна“ цената на нафтата
Онлајн вести

"""