Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Кошмар ја зафати Грција пред Божик

Со традиција од бунтот против хунтата од 1973 година, студентите се единствениот коректор во монолитното општество

Димитар Чулев

Премиерот Костас Караманлис ги повика политичките лидери во Грција на единство во изнаоѓање најадекватни мерки за справување со најжестоките студентски безредија што почнаа минатата недела во студентскиот кварт Егзархија, Атина. Едно момче на 15 години загина и тоа им дава поинаква димензија на студентското движење и на традиционалниот отпор на власта кон безредијата кои од годините на хунтата во 1970-тите редовно се случуваат секогаш кога младата популација ќе процени дека власта, на овој или оној начин, бега од ветеното.

На Караманлис не му е лесно. Неколку стотици демонстранти се судрија со полицијата пред грчкиот парламент, а лидерот на социјалистичката опозиција, Јоргос Папандреу, побара избори за окончување на четиридневните безредија. Полициските сили, кои формираа кордон пред парламентот, стоеја на своите позиции кога насобраните, многу од нив фрлајќи камења, се обидоа да се пробијат за да маршираат кон законодавниот дом. Демонстрантите, главно студенти, неколку пати се прегрупираа за да ги пробијат полициските редови, носејќи шамичиња поради солзавецот. „Единственото нешто што може да го понуди оваа влада е да поднесе оставка и да ја побара пресудата кај народот“, рече Папандреу на партиски состанок во парламентот. „Бараме власт“.

Премиерот Костас Караманлис вчера се состана со политичките лидери, меѓу кои и Папандреу, за да побара од нив да се обединат против безредијата и предупреди дека демонстрантите кои се закануваат дека ќе ја соборат неговата влада не може да очекуваат попустливост. „Никој нема право да го користи овој трагичен инцидент како изговор за насилнички чинови“, рече тој.

Ова е лошо време за Караманлис, на кого му се случуваат безредија во моментот кога во 300-члениот парламент има тенко мнозинство од само 151 седиште, а владата по неколку случаи на заминување и враќање на пратеници држи тенко мнозинство. Но, тоа е друга приказна.

Францускиот шеф на дипломатијата Бернар Кушнер вчера изрази загриженост од демонстрациите и насилството, што од саботата ја зафатија Грција, пренесе агенцијата Франс прес. -Сакам да ја изразам нашата загриженост, загриженоста на сите од развојот на настаните во Грција, рече Кушнер пред комисијата за надворешни работи на францускиот парламент.

-Со големо внимание ги следиме овие настани, додаде тој.

Грција четврти ден е зафатена од улично насилство, по смртта на 15-годишно момче, кое во саботата беше застрелано од полицијата

Министерството за надворешни работи вчера им препорача на граѓаните на Република Македонија во наредните денови да избегнуваат престој во поголемите грчки градови со оглед на насилните протести и демонстрации што се одржаа минатите денови во повеќе грчки градови, пред се во Атина, Солун и Трикала, како и можноста за нивно продолжување.

Како што е објавено на веб страницата на МНР, доколку патувањето и престојот се неминовни, се апелира граѓаните да се однесуваат крајно внимателно и да ги избегнуваат градските центри каде се одржуваат демонстрации или каде има знаци за немири или насилства.

Еден полицаец е обвинет за убиство на тинејџерот Григоропулос. Полицијата јави дека полицаецот истрелал три предупредувачки куршуми откако нивниот автомобил бил нападнат од 30 млади луѓе во саботата, но очевидци јавија дека тој пукал директно во него. Грчките медиуми го критикуваа начинот на кој се справува владата, која има незначително мнозинство, од едно место, во парламентот. „Пламени беснееја додека владата гледаше“, пишува дневниот весник „Катимерини“.

Она што се случи во саботата во Атина е фасцинантен пример за балкански прилики за тоа како реагира јавноста на погрешните чекори на власта. Ако се изземе смртта на 15-годишниот Александрос Григоропулос, студентите во атинскиот студентски град, попознат како Егзархија, демонстрираа против заморот на материјалот од владеењето на Караманлис. Во општеството, кое е монолитно по национална, јазична и верска линија, само студентите и синдикатите во Грција со децении наназад, а и сега покажуваат дека се коректор на владеењето на едната или на другата династија во евидентно двопартискиот систем. Безредијата од Атина се проширија во Солун, Трикала, Патрас, Крф, но и во Лондон, Берлин, Париз, каде што студентите од дијаспората ги нападнаа грчките дипломатско-конзуларни претставништва со намера да ја притиснат власта да направи нешто за пеглање на социјалните разлики. Атинскиот весник „Елефтерос типос“ ги одбележа протестите со ударен наслов „Во милост на анархијата“.

Познавачи на грчкото студентско движење за „Утрински весник“ тврдат дека не може да се направи никаква паралела меѓу студентските безредија во 1973, оние во 1991 година, кои западниот печат ги обележа како најсилни, или сегашните. Тоа се изолирани случаи, вели грчки новинар за „Утрински весник“. Но, факт е дека Балканот нема такво силно студентско движење како што е грчкото, а Грција, без оглед на негативните ефекти и реакции на власта на студентските протести, се' уште демонстрира висок степен на демократија. На 14 ноември 1973 година, студентите од Политехничкиот универзитет се кренаа против режимот на тогашната хунта, односно на полковниците предводени од Пападопулос, кој од 1967 до 1974 година владееше со Грција со механизми како оние на јужноамериканските диктатори. Бунтот на студентите почна на 14 ноември и заврши на 17 истиот месец, кога тенкови на воената хунта насилно влегоа и го спречија гласот на студентите.

Од тој период, велат извори на „Утрински весник“, кампусот на Политехничкиот универзитет во Атина и областа Егзархија, каде што се случи убиството на 15-годишниот Александрос Глигоропулос, има специјален автономен статус. Дознаваме, полицијата во тој дел од грчката престолнина има статус на статист: студентите имаат право да ја навредуваат, да ја напаѓаат, да ја провоцираат, меѓутоа припадниците на полицијата не смеат да одговорат на ниеден начин. Можеби изгледа неверојатно, но студентите за грчки прилики и во услови кога се соочуваат со евентуална идна приватизација на факултетите, но и со несигурност што ќе прават по завршувањето на студиите, претставуваат сила од која власта стравува.

Грчки дипломат, кој сакаше да остане анонимен, за „Утрински весник“ изјави дека безредијата можеби ќе завршеа и истиот ден доколку еден од полицајците не изгубил нерви и не стрелал во младиот Григоропулос.

Декемвриските настани излегуваат надвор од вообичаената шема во и околу 17 ноември, кој е прогласен за национален училиштен распуст во Грција во чест на загинатите 24 лица во 1973 година. Светски агенции не навлегуваат во суштината на настаните, туку бегло информираат држејќи се до фактот дека убиството на Александрос Григоропулос било катализатор за насилството, но дека причините се невработеноста, зголемувањето на животните трошоци, заостанатите пензиски реформи и проширувањето на јазот помеѓу богатите и сиромашните. Студентите како челна сила ја критикуваат власта на Константин Караманлис за 28-те милијарди евра пакет-поддршка за грчките власти кои се обидуваат да излезат од кредитната криза.

Вчера, додека се подготвуваше овој текст, во Грција не беше извесно како ќе помине погребот на убиениот Александрос Григоропулос, но затоа во информативните блокови се зборуваше за ширење на протестите.

Анархистите, ултралевите комунисти и нивните радикални напади на власта се дел од политичкото милје на Атина. Дали овој пат власта ќе може да ги амортизира нападите, кои можеби излегуваат надвор од традиционалната шема, е прашање на политичката умешност на Костас Караманлис. Овој кошмар пред Божик е најголемото искушение за премиерот.


Статијата е прочитана 1823 пати.

Испрати коментар

Од: astraanut
Датум: 10.12.2008 03:59:39
e luge toa e evropa prospiritet nema za mladite deca neka pravat tie golemite glavi pa posle neka si transirat glavite izmegu niv pozdrav
Од: lenin
Датум: 10.12.2008 08:33:53
CIA na delo. Sega ke vidi toa prase Karamanlis komu ke mu stava veto vo NATO. Ke jade toa sto tapanmot na Bajram ne jade. Praseto Karamanlis odi vo istorijata!!!!
Од: Илија
Датум: 10.12.2008 08:34:53
Грција наместо да се занимава со своите внатрешни работи и да ги решава проблемите на своите граѓани, таа огромна енергија и пари вложува во борбата против легитимните барања на македонците за признавање на своите права. Исто така е и во животот- доколку човек се занимава со комшијата, а не со проблемите кај себе дома, секогаш ќе биде хуботник и никогаш нема да има мир и напредок. Грците се посебна сорта на луѓе со нарцисоидни особини, па никогаш нема да ја видат вината ви себе, но еве сега самите внатре од себе кажуваат дека таа особина е многу негативна.
Од: zabegan
Датум: 10.12.2008 09:18:14
ova e kazna od gornion za golemite demokrati.
Од: od mene
Датум: 10.12.2008 09:20:35
bravo z a demokratijata vo grcija, bravo za najsilnoto studentsko dvizenje na balkanot , bravo za sindikatite nivni bravooo
Од: MKD
Датум: 10.12.2008 10:33:02
A be mislea deka ti ke se zaebavaat so amerikancite... :-)
Од: dedo dimo
Датум: 10.12.2008 10:59:52
AH ,mislam mu dojde denot na Karamanlis "diktatorot'odnosno "nacistot"shto veli nema MAKEDONCI ,e sega mi izgleda nego ke go snema .GOSPOD ke go kazni. GOSPOD odozgora gledat i poleka PLAKAT.
Од: tomo
Датум: 10.12.2008 11:34:16
Abe lugje kako ne vi teknuva. Toa e CIA. Cicko Bush mu vrakja na Karamanlis bidejki ovoj mu rece NE za Makedonija vo Bukuresht. Ke vidite sea za nekoja nedela ke padne Karamanlis. Bush resi da mu se osveti dur ne dosol obama na negovo mesto.
Од: Dr.Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 10.12.2008 12:08:35
STUDENTITE i SINDIKALNITE ORGANIZACII NA RABOTNICITE sekade vo svetot i vo site vreminja se sekogas NAJBLISKU DO DEMOKRATIJATA , VISTINATA i PRAVDATA ! Mozebi nekoj ke proba vo Grcija da im stavi VETO na nivnite baranja za POGOLEMA PRAVEDNOST vo dlaboko podelenoto opstestvo !?!
Од: setac
Датум: 10.12.2008 14:21:21
Citam i se cudam Bernar Kusner bil zagrizen, do vcera kaj nego doma igrase mecka i jadni Francuzi samiot gospod gi spasi (privremeno) zosto uste vrie kotle i kaj niv.Kako najjgolemi prijateli na Grcija neka go dadat receptot. Makedonce kuka i place za bezvizno vleguvanje vo evropa(a celo vreme ucev deka sum vo evropa)neka go zemat nasiot recept bidejki e isproban.PS. oni ni go i skroija.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Воен авион се урна во предградието на Сан Диего
Осквернавени 500 муслимански воени гробови во Франција
Карипските земји бараат САД да го укине ембаргото спрема Куба
Во Туркменистан покојниот диктатор го исфрлаат од химната
ЕУЛЕКС мирно се распореди во Косово
Патот до вечното почивалиште на Алексиј Втори послан со рози