Воен авион се урна во предградието на Сан Диего
Воен авион при обука во понеделникот се урна во предградие на Сан Диего, уништувајќи две куќи при што загинаа три лица и едно се води за исчезнато, иако пилотот успешно се катапултираше, изјавија официјални лица. Воениот авион од типот Ф/А-18Д имал механички проблеми кога приоѓал на аеродромот на поморско-десантните сили Мирамар откако полетал од носач на авиони во близина на брегот на Пацификот како дел од обуката. Градоначалникот на Сан Диего, Џери Сандерс изјави: „Знаеме дека наводно станува збор за баба, мајка и две деца“ во една од куќите претворени во урнатини од падот на авионот. (Ројтерс) |