Карипските земји бараат САД да го укине ембаргото спрема Куба
ХАВАНА - Карипските земји во понеделникот упатија апел до новоизбраниот американски претседател Барак Обама да му стави крај на трговското ембарго што Вашингтон го воведе пред повеќе од четири децении кон Куба, во најновиот сигнал кон новата администрација. Обама, кој на 20 јануари ја презема функцијата, вети дека ќе ги олесни ограничувањата за патување за Американците со кубанско потекло кон островот и ќе испраќа повеќе пари таму, но наведе дека сака да го задржи ембаргото за да изврши притисок за промени во оваа комунистичка земја.
Петнаесетчлениот карипски блок Кариком на крајот од самитот во Сантјаго де Куба, во соопштението наведе дека властите „бараат окончување на економското, комерцијалното и финансиското ембарго против Република Куба“. (Ројтерс)
|