Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Патот до вечното почивалиште на Алексиј Втори послан со рози

Претседателот и премиерот на Русија со бакнување на патријархот се простија од него

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Русија вчера се прости од својот патријарх Алексиј Втори кој почина во петокот на 79-годишна возраст. Поглаварот на Руската православна црква е погребан во Јелоховската соборна црква каде што тој како патријарх со години ги водеше свечените литургии се' додека не беше обновен храмот „Христос спасителот“ на брегот на реката Москва, во близина на Кремљ. Од излегувањето од храмот „Христос спасителот“ до Јелоховската црква граѓаните на патот на својот патријарх фрлаа бели рози кои тој многу ги сакаше.

Опелото беше одржано во преполниот храм „Христос спасителот“. Литургијата почна во осум часот изутрината и простувањето траеше до 14 часот. Литургијата ја водеше митрополитот Кирил ,кој сега е вршител на должноста патријарх. Во еден момент му се слоши, но собра сили и ја продолжи важната задача што му беше доверена. Нему му помагаше претставникот на Српската православна црква, митрополитот Амфилохие (Радовиќ), што е уште еден доказ за голема блискост на овие две цркви. На простувањето од поглаварот на најголемата православна црква присуствуваа и претставници на Ватикан, како и на други цркви и конфесии.

Во храмот „Христос спасителот“ беа претседателот и премиерот на Русија, Дмитриј Медведев и Владимир Путин, со сопругите. Исто така, присуствуваа највисоки раководители на земјата. Од странски претставници присуствуваше претседателот на Србија, Борис Тадиќ, потоа претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, претседателот на Молдавија, Владимир Вороњин, на Ерменија, Серж Сагасјан, и на Јужна Осетија и на Абхазија, Едуард Кокојти и Сергеј Багапш. Интересно е тоа што од Украина од повисоките раководители на погребот дојде само лидерот на партијата Украински региони, Виктор Јанукович. Украинскиот претседател Виктор Јушченко беше во „ладни односи“ со патријархот Алексиј, а освен тоа сега му се нарушени „фреквенциите“ со раководството на Кремљ. Имено, сите тројца лидери во Украина, Јушченко, Јанукович и Јулија Тимошенко, се православни, тврдат дека се верници и формално патријарх им беше Алексиј Втори.

Во 11 часот почна опелото со кое раководеше константинополскиот патријарх Вартоломеј. Него го следеа дури двесте руски и други православни свештеници.

Пред почетокот на опелото, вршителот на должноста патријарх, митрополитот Кирил, ги повика верниците и свештенството да продолжат да се движат по патот по кој досега ги водеше Алексиј Втори. Митрополитот Кирил оцени дека патријархот Алексиј беше човек од светски размери и историска личност. „Пред 18 години, кога патријархот Алексиј ја преземаше функцијата нашата Црква беше слаба, слична на голем човек кој долго време лежел во постела. Во тоа време врз Русија се урна голем историски предизвик. Слабата Руска црква го прими тој предизвик за да не го изгуби својот народ и да му помогне да ја добие верата“, рече митрополитот Кирил. Тој истакна дека целиот живот на Алексиј Втори беше преполн со добри дела. Најголем успех на меѓународен план на патријархот Алексиј Втори, секако, е помирувањето со Руската православна црква во странство.

За добрината и вредноста на патријархот деновиве многумина зборуваа, меѓу кои и првиот човек на православна Грузија. „Беше храбар човек кој и' припаѓаше не само на Руската православна црква туку на целото православие“, рече католикос (патријарх) на Грузија, Илја Втори.

Алексиј Втори ќе биде запеметен по мировните иницијативи не само на постсоветската територија туку и на Балканот. Тој беше за меѓуконфесионална соработка. Во Русија се залагаше за подобрување на ситуацијата во општеството, решавање на проблемите кои негативно влијаат на демографската ситуација во Русија, не само за ниската стапка на наталитет туку и борбата против наркоманијата и алкохолизмот.

Јелоховската црква во која вчера беше погребан патријархот е изградена кон крајот на 18 век на местото на древното село Јелохово. Интересно е тоа што во таа црква во 1799 година е крстен Александар Сергеевич Пушкин.

Од триесеттите години на минатиот век Јелоховската црква стана соборна и во неа беше устоличувањето на патријархот Алексиј Втори во 1990 година. Во таа црква е погребан патријархот Сергеј, кој почина во 1944 година.


Статијата е прочитана 687 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Воен авион се урна во предградието на Сан Диего
Осквернавени 500 муслимански воени гробови во Франција
Кошмар ја зафати Грција пред Божик
Карипските земји бараат САД да го укине ембаргото спрема Куба
Во Туркменистан покојниот диктатор го исфрлаат од химната
ЕУЛЕКС мирно се распореди во Косово