Договор за соработка меѓу националните библиотеки на Македонија и на Косово
Директорите на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и на НУБ на Косово, Миле Бошески и Сали Башота, вчера потпишаа договор за соработка. Со договорот меѓу двете национални библиотеки се опфатени заедничките интереси од областа на библиотечните и информациските науки со цел да се зацврстат професионалните односи, а соработката да биде во функција на унапредување на културните врски меѓу Македонија и Косово.
Се предвидува двете страни да ги интензивираат активностите во однос на размена на книги, списанија и друг вид библиотечен материјал, размена на искуства во одредени сегменти од дејноста, организирање обуки и семинари за библиотекарите, размена на стручни лица, интензивирање на меѓубиблиотечното позајмување... (Н.П.) |