На МОТ „Сон на летната ноќ“ со Оскарас Коршуновас
Денеска во рамките на МОТ во 12 часот во МКЦ ќе се одржи работилница за драматургија. Гостинот од Романија, драмскиот писател Матеј Висниек, кој е застапен во годинешната програма на МОТ со две свои дела, „Мансарда во Париз со поглед на смрт“ и „Жената како воено поле“, ќе ја води оваа работилница.
Додека вечер од 20 часот во салата на МОБ ќе може да се види делото на Шекспир „Сон на летната ноќ“ во постановката на еден од најинтересните автори што оваа година доаѓа на „Млад отворен те��тар“, Оскарас Коршуновас со театарот на градот Вилнус, Литванија. „Кога помислуваме на ‘Сон на летната ноќ’ обично си замислуваме костимирана бајка или во главата ни одекнува Менделсовиот ‘Свадбен марш’. Во оваа претстава се обидовме на сцена да го пренесеме фантазмагоричниот карактер на текстот“, вели самиот Коршуновас за својата претстава. А еден од критичарите ќе напише: „Режисерот успева да ја открие древната магија на театарот, а испровоцираната фантазија на публиката е насочена кон изненадувачки откритија. Парадоксално, но минимализмот на изразните средства создава впечаток на тотален театар, во кој ништо не е невозможно“. Коршуновас ја потпишува и кореографијата и сценографијата. (С.У.) |