Изложба во Велес
Вечерва во 19,30 часот во Ликовниот салон во Велес ќе биде отворена изложбата „Звуци на сферите, врвна хармонија на космосот 2009-2010“, која е дел од Интернационалниот ликовен караван „Сета таа музика - звуци на бојата, боја на звукот“. Ќе бидат презентирани 41 дело, слики и графики од кои 14 автопортрети на уметници што учествувале на изложбите на Ликовниот караван, како и скулпторски дела од 3 автори и едно дело - мозаик.
Авторите се реномирани ликовни уметници, дел од нив млади автори од земјава и од бившите југословенски републики. (К.Б.)
|