|
|
|
|
|
|
Напаѓачот во Стокхолм најави исламска држава
СТОКХОЛМ - На снимката се слуша машки глас што ја опишува исламската држава како „реалност“ во Европа и во Шведска. Се смета дека гласот е на Таимур Абдулбахаб ал-Абдали, дипломец на британски универзитет, кој до неодамна живеел во Лутон. Тој зборува брзо, но смирено и тивко, неколку пати го прочистува гласот на пораката што трае помалку од една минута.
На снимката се вели: „Сега е создадена исламската држава. Сега ние постоиме тука во Европа, и во Шведска. Ние сме реалност. Не сакам да зборувам повеќе за тоа. Нашите акции ќе зборуваат за себе“. Тој додава: „Ние не сме лага, или имагинација. Ние сме реалност“.
Тој, исто така, се осврнува на прикажувањето на пророкот Мухамед со тело на куче во една карикатура од 2007 година од страна на шведски уметник, што налути многу муслимани. Тој вели: „Прекинете со вашите карикатури на нашиот пророк. Нема веќе да се толерира угнетување на исламот или муслиманите, на кој било начин или со кои било средства“.
Во саботата Абдулбахаб се обидел да запали автомобил-бомба полн со канистри со гас на прометна шопинг-улица во шведскиот главен град. Автомобилот се запалил, напаѓачот побегнал од местото, а по 15 минути самиот се разнел, при што повредил двајца случајни минувачи. Во неделата тој требаше да наполни 29 години, има сопруга и три деца што се' уште живеат во Лутон. Неговите соседи велат дека го забележале пред најмалку две и пол недели. Поранешниот студент по физичка терапија го посетувал универзитетот „Бедфордшир“ во Лутон. Тој бил роден во Ирак и се преселил со своето семејство во Шведска на 11-годишна возраст.
Досега оваа скандинавска земја никогаш не доживеала самоубиствен напад и во неа не се случил терористички напад од 70-тите години. (Телеграф) |
#
|
Статијата е прочитана 805 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: !!! |
Датум: 14.12.2010 17:35:39 |
|
Ma ajde gluposti!Islamot e mirna religija! |
|
|
|
|
|
|
Од: islam = totalno predavanje na 1 edinstven bog,allah=gospod na arapski |
Датум: 15.12.2010 07:02:19 |
|
Islamot znaci mir,veruvanje vo 1 edinstven gospod koj site ne sozdal.Se sto e na nebesata i na zemjata e gospodovo. Svetiot kuran 40:67 "On ve sozdade od zemja,potoa od kapka seme,potoa od zasirena krv,potoa ve vadi kako bebe,potoa ke sjaknete,i na kraj ke ostarete..." Tesko na site onie koi sto imaat nesto protiv hramovite na Gospodarot na svetovite,dal e toa dzamija il crvka il sinagoga ili pak manastir... |
|
|
|
|
|
|
|
|